Лидерите на четирите политички партии потписнички на рамковниот договор вечерва се на состанок со претседателот за да направат уште еден обид да се надминат недоразбирањата околу законот за локална самоуправа, што доведе до блокада на расправата околу овој закон во Собранието.
Законот за локална самоуправа, кој треба да се донесе по итна постапка, ја блокира работата на парламентот. Европскиот претставник Ален Лероа вчера оцени дека спротивставените ставови на најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, од една, и ДПА и ПДП, од друга страна, треба да се надминат на ...
„Времето ќе покаже колку законот за локална самоуправа е добар или лош. Некои локални надлежности во една држава може да даваат добри резултати, а во други не“, изјави во интервјуто за А1 проф. др. Гордана Силјановска, експерт по локална самоуправа во Советот на Европа.
ПАРТИИТЕ ОД АЛБАНСКИОТ БЛОК ПОЧНАА СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР Пратеничките групи на ПДП и ДПА, и официјално го информирале претседателот на Собранието Стојан Андов дека ја искористуваат можноста што сега им ја дава Уставот при донесувањето на закони со двотретинско м Предупредувањата ...
СДСМ нема да ги повлече амандманите предложени на законот за локална самоуправа, бидејќи не смее да се случи регионализација на Македонија - изјави вчера координаторот на оваа партија Никола Поповски. “Јасно е зошто се бунат албанските политички партии - тие со ваквата форма на законот имаа намера ...
ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ВО СОБРАНИСКИ ЌОР-СОКАК Двете партии на Албанците сметаат дека амандманите ја нарушуваат суштината на законот, но поднесувачите нив немаат намера да ги повлечат ПДП и ДПА вчера ја бојкотираа седницата на која требаше да се усвои законот за локална самоуправа и побараа ...
Пратениците на политичките партии на Албанците нема да влезат во собраниската сала, се додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не ги повлечат предлог амандманите кои се однесуваат на законот за локална самоуправа и се додека не се одржи средба на лидерската четворка од Охрид.
ЗАМКИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Со прецизирањето на надлежностите во Законот за локална самоуправа, Владата само си ги врзува рацете - вели Гордана Силјановска од Правниот факултет Заедничката администрација предвидена во предлог-законот за локална самоуправа де факто е вовед во ...
Собранието денеска ја продолжи седницата на која по итна постапка треба да се разгледа и усвои законот за локална самоуправа, кој е еден од најважните системски закони и обврска која произлегува од рамковниот договор. Изгласувањето треба да се изврши вечерва, а тоа е услов што го постави ...
Парламентот денеска не го одржа најавеното продолжение на расправата по законот за локална самоуправа, бидејќи владината комисија за политички систем не успеала да ги испегла сите разлики околу спорните ингеренции во делот на образованието и здравството, извести ресорниот министер Фаик Арслани.
РАСПРАВА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Нема реална основа за страв оти со овој закон ќе се овозможи регионализација на државата, тврди министерот за локална самоуправа, Фаик Арслани Заедничката администрација што можат да ја основаат соседните општини за извршување некои надлежности е вовед во ...
Македонскиот парламент ја прекина денеска седницата на која е предвидено по итна постапка да се донесе законот за локална самоуправа, еден од најважните системски закони чие усвојување е и обврска што произлегува од охридскиот рамковен договор. Продолжението на седницата е закажано за утре.
СОБРАНИСКА КОМИСИЈА ЗА ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ Министерот за локална самоуправа, Фаик Арслани, вели оти се уште имаат недорешени прашања, но тие не претставуваат сериозна пречка за донесување на законот Собранието на Република Македонија денеска треба да ја почне расправата за донесување нов закон за ...
Собранието за утре свика седница на која по итна постапка треба да биде донесен законот за локална самоуправа, соопшти парламентарниот сектор за информирање. Законот за локална самоуправа е еден од клучните законски акти неопходни за имплементација на охридскиот рамковен договор.
ЗА ЕДНА НЕДЕЛА - НОВ ЗАКОН ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА За целосно и успешно имплементирање на новиот закон ќе треба да се интервенира и во околу седумдесет други закони од различни области Следната недела се очекува Собранието на Република Македонија да го донесе новиот закон за локална самоуправа, ...