TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Рударите виновни за несреќата?

А1 - 16.08.2008

Рударите од „Добрево“ не ја почитувале процедурата. По минирањето не го вклучиле вентилацискиот систем, поради што се случила несреќата, заклучи рударскиот инспектор Љупчо Трајковски во својот извештај, што ќе го достави до истражниот судија во понеделник. Рударите 20 дена работеле на тој ископ.

Несреќата на рударите ја пријавивме навреме

Време - 16.08.2008

Компанијата „Индо-минерали и метали“, сопственик на рудникот за олово и за цинк „Добрево“, ја отфрла одговорноста за несреќата во која еден рудар загина, а еден е тешко повреден. Надлежните органи се уште не ги објавиле своите конечни наоди и извештаи за причините за несреќата.

„Индо минерали и метали“ ги отфрла шпекулациите

Дневник - 16.08.2008

„Индо минерали и метали“ ги отфрла шпекулациите Ги отфрламе невистините, шпекулациите и сериозните обвинувања во врска со несреќата во рудникот „Добрево“, во која еден рудар загина, а еден беше повреден, реагира сопственикот на рудниците за олово и цинк Злетово и Тораница, компанијата „Индо ...

Драге заборавен во болничка соба

Време - 15.08.2008

Многу сум вознемирена и потресена бидејќи никој од раководството на рудникот не дојде да го посети мојот сопруг и да праша како се чувствува, вели сопругата на рударот Драге Стријмановски, од кратовското село Туралево, кој беше тешко повреден во несреќата што се случи пред неколку дена во рудникот ...

Индоминерали Метали немале обврска да го информираат МВР за несреќата во Добрево

Канал5 - 15.08.2008

Обврска да пријавиме несреќа во рудник до МВР и до истражен судија имаме само во случај на моментална смрт. Гоче Богатинов им подлегна на повредите во болница – вака индиските газди на Индоминерали Метали одговараат на обвинувањата дека ненавремено ги информирале надлежните за несреќата во која ...

Рудари осигурени на 500.000 денари во случај на смрт

Дневник - 14.08.2008

Рудари осигурени на 500.000 денари во случај на смрт Рударите од рудникот „Злетово“, каде што во неделата се случи несреќа во која загина рудар, а негов колега беше тешко повреден, се осигурени на по 500.000 денари во случај на смрт.

Вистината во рударската јама

Дневник - 14.08.2008

Ние сме компанија на која сите вработени и' се од огромна важност! На овој одговор од менаџерите од „Индоминерали и метали“ се чекаше по цели три дена молк за трагичната несреќа во која загина рударот Гоче Богатинов, а неговиот колега беше тешко повреден.

Ми се стемни и паднав во бездна

Дневник - 14.08.2008

Ни самиот не знам како паднав во ускокот, по кој секој ден се качував. Одеднаш ми се стемни, рацете ми се одзедоа и се струполив.

Молчеле за несреќата, ја уништиле истрагата

Време - 13.08.2008

Со обдукцијата на телото на починатиот рудар Гоче Богатинов, кој загина во рудникот „Добрево“, не може да се утврди дали паднал во бессознание по вдишувањето отровни гасови, бидејќи поминало премногу време од несреќата до смртта.

Рударскиот инспектор се врати во Добрево да утврди дали функционирала вентилацијата

Канал5 - 13.08.2008

Рударскиот инспектор се врати во Добрево. Повторно го скенира рудникот откако неколкумина рудари изјавија дека вентилацијата не функционирала во моментите кога се случила несреќата во која еден рудар загина а друг беше повреден.

Се бара одговорност за несреќата во рудникот „Добрево“

А1 - 12.08.2008

Молчењето може да биде фатално за утврдување на вистинските причини за несреќата во рудникот „Добрево“, во која загина еден рудар, а уште еден тешко беше повреден.

Отровен гас задуши двајца рудари во „Добрево“

Време - 12.08.2008

Во несреќа во злетовскиот рудник за олово и цинк „Добрево“, која се случи завчера во раните утрински часови, животот го загуби педесет и едногодишниот рудар Гоче Богатинов од Пробиштип, а уште еден е полесно повреден. Несреќата се случила околу 3 часот наутро.

Гасот „пијанка“ усмрти еден, а повреди друг рудар во јамите на „Злетово“

Утрински - 12.08.2008

Друг рудар е тешко повреден во несреќата. Комбинатот за саботната несреќа не информираше навреме Иван Бојаџиски ШТИП - Еден рудар смртно настрада, а друг е тешко повреден во несреќа што во неделата во 3 часот се случи во јамите на рудникот за олово и цинк „Злетово“ кај Пробиштип.

Индиските газди на рудниците Злетово ќе заработат кривична пријава

Канал5 - 12.08.2008

Кривична пријава ќе заработи индискиот газда на рудниците Злетово, тврдат за Канал 5 извори од штипската полиција. Ненавремено ги информирал надлежните институции за несреќата која се случи во саботата а во која еден рудар загина а друг е тешко повреден.

Еден рудар загина, друг е тешко повреден

А1 - 11.08.2008

Еден рудар загина, друг е тешко повреден Несреќа во рудникот „Добрево“ кај Пробиштип, загина 51-годишниот Гоце Богатинов, надзорник на рудникот на „Индо минерали и метали“. Повреден е и Драги Стројманоски од Кратово. Несреќата се случила за време на третата смена, во сабота спроти недела.

Двајца поврeдени во рудникот „Добрево“

Кирилица - 11.08.2008

Двајца рудари се повредени вчера во несреќа во јамата на рудникот „Добрево”. За сега нема информација за причините за несреќата.

Почина еден од повредените рудари во „Добрево“

Канал5 - 11.08.2008

Штип, 11 август (МИА) - Во Штипската болница синоќа почина еден од двајцата рудари кои беа повредени вчера изутрина во несреќа во јамата на рудникот „Добрево“.

Почина еден од повредените рудари во „Добрево“

Кирилица - 11.08.2008

Еден од двајцата рудари повредени во вчерашната несреќа во рудникот „Добрево“ им подлегнал на повредите и починал.

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ПОВРЕДЕНИТЕ РУДАРИ ВО „ДОБРЕВО“

Сител - 11.08.2008

Ванчо Ѓорѓев, началник на одделението за реанимација во Општата болница во Штип, информира дека 51-годишниот рудар Гоче Богатинов од здобиените повреди починал синоќа во 21 часот.

Трагична несреќа во пробиштипскиот рудник за олово и цинк “Злетовица”

Канал5 - 11.08.2008

Трагедија во пробиштипскиот рудник за олово и цинк. Во обид да го спаси повредениот колега, надзорникот Гоче Богатинов го загуби животот. Несреќата се случила во саботата во јамата еден на 230 метри под земја.

Надлежните молчат за причините за несреќата во злетовскиот рудник

Канал5 - 11.08.2008

Иако несреќата во злетовскиот рудник сопственост на индиските газди Индоминерали Метали се случила пред два дена, надлежните засега не соопштуваат ништо за причините и околностите во кои еден рудар загина а друг е тешко повреден.

Рудникот “Добрево“ однесе една жртва

Нетпрес - 11.08.2008

Поради несреќа во јама, вчера околу 00.30 часот со повреди се здобил рударот Д.С. Кратово, а неговиот колега Г.Б. (49) од Пробиштип, кој отишол да го види, и тој се здобил со тешки повреди, информираа од Центарот за управуавње со кризи. Неофицијално се дознава дека лицето Г.Б.

Двајца рудари тешко повредени

Макфакс - 11.08.2008

Двајца рудари биле тешко повредени ноќеска во несреќа што се случила во рудникот „Добрево“, соопшти Центарот за управување со кризи. Едниот од рударите поради сериозноста на повредите е пренесен во Скопје, додека другиот е згрижен во Штип.

Почина еден од повредените рудари

Макфакс - 11.08.2008

Почина еден од двајцата тешко повредени рудари, во несреќата што вчера од непознати причини се случи во рудникот „Добрево“. Како што јави радиото „Канал 77“, животот го загуби надзорникот Гоче Богатинов (49) од селото Калниште, кај Пробиштип.

МВР доцна известен за рударската несреќа

Макфакс - 11.08.2008

Министерството за внатрешни работи не било благовремено известено за несреќата во рудникот „Добрево“, за што најави утврдување на евентуална одговорност.