По регистрацијата, македонската заедница на Косово во март ќе добие и официјално седиште. Заедницата со помош од МНР ќе отвори своја канцеларија во Драгаш, најголемото место во областа Гора на Косово. Целта на оваа организација на македонското малцинство на Косово ќе биде зачувување на идентитетот ...
Како Македонија да реагира во пресрет на финализирањето на статусот на Косово? Експертите поделени по однос на прашањето, дали владата треба да го прифати планот на Марти Ахтисари кој предвидува контролирана независност и поединечно признавање, или пак да причека на унилатерална независност на ...
Владата нема анализа и одговор на сценаријата што би можеле да се случат по најавеното еднострано прогласување независност на Косово уште во текот на овој месец, смета поранешната шефица на македонската дипломатија, опозиционерката Илинка Митрева.
Приштина Сообраќајот, преку преминoт Јариње, меѓу Косово и Србија, денеска се одвива нормално, а контролата на возилата и патниците ја врши КФОР. Локалните медиуми пренесуваат дека силите на КФОР поставиле надзорни точки и на два километри во внатрешната територија на Косово, на магистралниот пат ...
Њујорк Советот за безбедност на Обединетите нации во четврток ќе одржи вонредна седница посветена на состојбата на Косово, кое најави прогласување на независност на 17 февруари. Седницата се одржува на иницијатива на Русија и Србија кои побараа Советот за безбедност да го разгледа „опасниот развој ...
Приштина Улични блокади кои ги организираат „нови лица“, израз за српските безбедносни служби, се поставени денеска во северниот дел на Косово, каде живеат Срби. Блокадите, како што пренесуваат локалните медиуми, се поставени на раскрсниците во Митровица и на мостот преку реката Ибар, кој води до ...
Москва Одлуката за признавање на независноста на Косово ќе им се „врати по глава“ на западните држави, изјави рускиот претседател Владимир Путин. „Косово е застрашувачки преседан. Тоа го крши целиот систем на меѓународните односи, кои владееја не со децении, туку со векови и ќе предизвика серија ...
Приштина Косовскиот премиер Хашим Тачи, доцна синоќа за косовската телевизија РТК, изјави дека силите на НАТО и полицијата ја имаат под целосна контрола ситуацијата во целата територија на Косово. „По настаните во Србија, косовската полиција ги зголеми контролните мерки на граничните премини меѓу ...
Не е важно кога ќе се случи тоа, туку дека Косово е во финалната фаза на тој процес, рече Тачи ПРИШТИНА - Косовскиот премиер Хашим Тачи навести можно одложување на прогласувањето независност, обесхрабрувајќи ги шпекулациите дека тоа би можело да биде во блиска иднина.
Полицијата во Косово објави дека ќе биде зајакната со безбедносни сили на Обединетите нации во четири реони, каде што Србите се мнозинство. Во соопштението не се посочени детали за зајакнувањето. Од вчера во региони во северниот дел на Косово дејствуваат околу 40 полициски офицери на ОН.
Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни демантира дека се изјаснил против прогласување независност на Косово, објави хрватскиот весник „Јутарњи лист“. - Измислица на медиумите. Не знам ништо за тврдењата дека сум бил против прогласување на независност на Косово.
Белград Српскиот државен врв усогласи позиција во случај на еднострано прогласување независност на Косово, кое сите институции ќе бидат обврзани да го поништат со посебни одлуки. Како што доцна синоќа соопшти Владата на Србија, на состанокот меѓу шефот на државата Борис Тадиќ, спикерот Оливер Дулиќ ...
Тирана Албанија ќе и подари амбасада на Косово и наскоро ќе ги потпише сите потребни спогодби и договори за создавање одлична соработка со Косово. Ваква одлука синоќа донесе албанската Влада на својата седница, јавува дописникот на Макфакс.
Белград Српскиот премиер Воислав Коштуница го осуди насилството што уследи синоќа во Белград по масовниот митинг под мото „Косово е Србија“. „Насилството најдиректно нанесува штета во нашата борба за зачувување на државните интереси.
Белград Српската Влада одлучи предвреме, уште во четврток, да ги поништи сите противуправни акти за прогласување независност на Косово, изјави денеска српскиот премиер Воислав Коштуница. „Нема да дозволиме ниту еден час да постои таква лажна држава на територијата на Србија, туку таа мора да биде ...
Тирана Сценаријата за поделба на Косово се неприфатливи, изјави денеска шефот на албанската дипломатија Лулзим Баша. Тој, коментирајќи ги вчерашните настани во северниот дел на Митровица, потенцира дека територијалниот интегритет на Косово не смее да се повреди.
Мадрид Шпанската Влада денеска повтори дека се противи на “едностраното прогласување независност“ на Косово и повика на единство на ЕУ во врска со ова прашање. “Шпанската Влада не го цени едностраното прогласување на независност“, изјави во Мадрид шпанскиот министер за одбрана Хозе Антонио Алонсо ...
Тирана Мандатот на КФОР во Косово нема да се промени и покрај прогласувањето на независност. Ова денеска во Тирана го изјави командантот на јужното крило на НАТО во Наполи, адмиралот на Марк Фицџералд, по средбите со албанскиот државен врв.
Брисел Амбасадорите на членките на Европската унија (ЕУ) синоќа ги завршија подготовките за испраќање мисија на Косово, а министрите на ЕУ конечна одлука ќе донесат на 12.февруари. Ова синоќа го јавија светските агенции, повикувајќи се на европски дипломатски извори.
Брисел Советот на министри на Европската унија (ЕУ) започна расправа на пониско ниво за Оперативниот план на мисијата на ЕУ на Косово, јави радиото Глас на Америка. Целта е до крајот на оваа недела, по забрзана процедура, да заврши усогласување на ставовите на претставниците на државите-членки на ...
Бања Лука Невладиниот сектор во Република Српска (РС) ќе побара референдум за издвојување од Босна и Херцеговина, во случај на прогласување независност на Косово. „Ако Косово прогласи независност, веднаш ќе побараме независност и за РС.
Бања Лука Парламентот на Република Српска (РС) не го признава и не ја прифаќа независноста на Косово, се наведува во резолуцијата што синоќа ја усвои Собранието на РС. Според парламентарците, доколку поголем број на државите-членки на ООН, пред се ЕУ, го признаат Косово, тогаш Парламентот на РС има ...
Пред да биде прогласена независноста, треба да биде подготвен новиот Устав, изјави денеска косовскиот премиер Хашим Тачи. „Јавната расправа за Уставот започна и треба да ги обедини политичарите, институциите и граѓаните во процесот на прогласување на независноста“, изјави Тачи во интервју за ...
Романскиот претседател Трајан Басеску вети дека нема да го признае Косово, ако провинцијата објави независност, бидејќи тоа може да испрати погрешен сигнал до други малцинства и да фрли сенка на меѓународното право. „Моја држава нема да го признае објавувањето на независноста на Косово“ независно ...
Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека Косово ќе се ангажира за изградба на добрососедски односи со сите држави од регионот, вклучувајќи ја и Србија. - Имаме добри односи со Македонија, Црна Гора и со Албанија. Се надевам и ќе се залагам по прогласувањето независност на Косово да имаме нормални ...
Косово ќе прогласи независност во периодот од средината на февруари до почетокот на март, изјави потпретседателот на владејачката демократска партија на косово, Бајрам Реџепи. Во интервјуто за црногорскиот весник ``Дан`` реџепи ја отфрли можноста за нови преговори, велејќи дека единствениот пат за ...
Истакнати претставници на Републиканската партија ја повика аадминистрацијата на Џорџ Буш да се откаже од плановите за признавањ ена независноста на Косово и да продолжи да бара решение за конфликтот преку преговори, соопштува ИТАР ТАСС.
Приштина Декларацијата за независност на Косово ќе биде подготвена на посебен состанок на косовската Влада и на членови на опозицијата. Ова го пишува косовскиот весник „Коха Диторе“, повикувајќи се на неименувани извори, според кои средбата за декларацијата ќе ја свика претседателот Фатмир Сејдиу.
Букурешт Романскиот претседател Трајан Басеску вети дека нема да го признае Косово, ако провинцијата објави независност, бидејќи тоа може да испрати погрешен сигнал до други малцинства и да фрли сенка на меѓународното право „Мојата држава нема го признае објавувањето на независноста на Косово“ ...
Скопје Премиерот Никола Груевски денеска го повтори владиниот став дека Македонија ќе биде внимателна во одлуките по прогласувањето на косовската независност. Груевски одби да даде конкретен одговор за тоа дали Македонија ќе ја признае независноста на Косово, наведувајќи дека ќе се води сметка за ...
Минхен Ако Европската унија(ЕУ) го признае Косово ќе треба да го признае и Северен Кипар, предупреди денеска на Минхенската конференција рускиот вицепремиер Сергеј Иванов. Тој на конференцијата за безбедност потсети дека признавањето на независноста на Косово ќе создаде „ужасен проблем и ќе биде ...
Рим Италија денеска ја призна независноста на Косово, соопштија не прес конференција премиерот Романо Проди и шефот на дипломатијата Масимо Далема. Како што јавуваат италијанските медиуми, одлуката за признавање била донесена на владина седница.
Бањалука Партијата на независни социјалдемократи, која е на власт во Република Српска, денеска ги отфрли повиците на националистите за прогласување на независност на српската заедница во Бих по моделот на Косово. „Изјавите на Српската демократска партија и Српската радикална партија радикализирани ...
Берлин Германија денеска ја призна независноста на Косово, соопштија официјални извори во Берлин. Одлуката на владата на германската канцеларка Ангела Меркел ја потврди нејзиниот портпарол, по завршување на владината седница, јавија германските медиуми.
Лондон Нападите на граничните премини во северно Косово де факто значи почеток на поделбата на новата држава, пишуваат денеска британските весници. Како што пишува „Индепендент“, медениот месец на Косово како независна држава грубо заврши откако вчера беа дигнати во воздух двата гранични премини ...
Приштина Собрание на Србите од Косово ќе се формира на 15-ти февруари во северниот дел на Митровица, на иницијатива на српскиот премиер Воислав Коштуница и министерот за Косово Слободан Самарџиќ. Ова го пренесува приштинскиот весник „Зери“, кој пишува дека „на овој начин Коштуница и Самарџиќ би го ...
Приштина Косовскиот Нацрт устав го дефинира Косово како независна држава, демократска република „под меѓународен надзор“, со мултиетничко општество и гаранции за малцинствата. Ова се вели во предлог проектот обелоденет денеска од уставната комисија, која на интернет сајтот соопштува дека ја ...
Тирана Косово ќе се претставува и ќе одржува контакти со меѓународните организации преку дипломатските структури на Република Албанија. Ова го пишува тиранскиот весник “Шќип“ кој се повикува на близок извор на косовскиот премиер Хашим Тачи.
Белград Поделба на Косово на северен, српски, и јужен, албански дел, е реално решение, на кое преќутно ќе се согласат и двете страни. Ова е оценка на угледниот руски политиколог Константин Никифоров, директор на Институтот за словенски студии, при Академијата на науки на Русија.
Белград Српскиот премиер Воислав Коштуница на денешниот митинг против прогласувањето на независноста на Косово во Белград, порача дека Косово и припаѓа на Србија и на српскиот народ. „Нема сила, нема закана, нема доволно голема и страшна казна за да било кој Србин, било кога, да каже поинаку, ...
Белград Голем протест против едностраното прогласување на независност на Косово, под мотото „Косово е Србија“, ќе се одржи денеска попладне во Белград. Протестот го организираат Владата на Србија и три парламентарни партии – Демократската партија, Демократската партија на Србија и Српската ...
Приштина Посебна работна група на привремената косовска Влада изготви сценарио за прослава по повод прогласување на независност на Косово, пишува весникот „Коха диторе“. По седницата на Собранието, која ќе се одржи на 17 или на 18 февруари, на која треба да биде прогласена независноста, ќе биде ...
Љубљана Словенечката Влада денеска усвои предлог за признавање на Косово, кој дополнително треба да биде разгледан и усвоен во Парламентот. На истата седница Владата остро го осуди денешното каменување на словенечката амбасада во Белград и најави дека од српските власти ќе бара отштета за ...
Минхен Одлуката за оперативниот план за мисијата на Косово ќе биде наскоро. Ова синоќа, на крајот на тродневната конференција за меѓународната безбедност во Минхен, го изјави високиот европски претставник за безбедност и надворешна политика Хавиер Солана.
Берлин Сите членки на Европската унија (ЕУ), со исклучок на Кипар, ќе го признаат Косово како независна држава. Ова денеска го објави германскиот дневник “Билд“ повикувајќи се на високи дипломатски извори во Брисел. Весникот наведува дека сите членки на ЕУ, со исклучок на Кипар, ќе ја објават оваа ...
Брисел Извесно е дека ќе дојде до поделба на Косово, смета рускиот дипломат Александар Боцан Харченко, кој учествуваше во неуспешните преговори за статусот. „На Косово ќе се случи фактичка поделба на северен, српски, дел и на јужен, албански, како последица на нелегалното прогласување на ...
Бањалука Вонредна седница на Парламентот на Република Српска(РС) на која ќе биде заземен став за прогласувањето на независноста на Косово, ќе се одржи денеска во Бањалука. Противење за свикување на вонредна седница изразиле само пратениците Бошњаци во Собранието на РС.
Белград Србија од свои буџетски средства ќе продолжи да го отплаќа косовскиот долг кон странските кредитори, бидејќи Косово е дел од Србија и не признава еднострана независност. Ова за белградските медиуми го изјави српскиот министер за финансии, Мирко Цветковиќ, прецизирајќи дека за таа намена во ...
Косовска Митровица Делови од мисијата на Европската унија(ЕУ) веќе почнале да пристигнуваат на Косово, што претставува јасна намера на Унијата на Србија да и одземе дел од територијата. Ова денеска го изјави претседателот на српските населби и општини на Косово Марко Јакшиќ.
Виена/Осло Австрија, по Германија, е втората членка на Европската унија, која денеска ја призна независноста на Косово. Одлуката ја соопшти шефицата на дипломатијата Урсула Пласник, по седницата на австриската Влада. Независноста на Косово, денеска ја призна и Норвешка, а претходно и Германија, ...
Лондон Пред да биде прогласена независноста, треба да биде подготвен новиот Устав, изјави денеска косовскиот премиер Хашим Тачи. „Јавната расправа за Уставот започна и треба да ги обедини политичарите, институциите и граѓаните во процесот на прогласување на независноста“, изјави Тачи во интервју за ...
ПРИШТИНА, 31 јануари (Ројтерс) - Косово ќе прогласи независност од Србија со поддршка од Запад викендов, по српските претседателски избори на 3 февруари ако победи кандидатот на националистите, соопштија вчера политички извори.
Ако победи Томислав Николиќ, тоа ќе се случи на 9 или 10 февруари ПРИШТИНА - Косово ќе прогласи независност од Србија со поддршка од Запад, викендот по 3 февруари по завршувањето на претседателските избори, ако победи кандидатот на нациоанлистите, посочија политички извори.
Ако в недела победи кандидатот на радикалите, Приштина ќе прогласи независност на 10 февруари, а ако победи Тадиќ, прогласувањето ќе биде одложено за уште една недела, тврдат дипломати од Запад Косово ќе прогласи независност идната сабота или недела, ако на претседателските избори во Србија победи ...
Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека Косово ќе се ангажира на изградба добрососедски односи со сите држави од регионот, вклучувајќи ја и Србија. „Имаме добри односи со Македонија, Црна Гора и Албанија. Се надевам и ќе се залагам после прогласувањето независност на Косово да имаме нормални ...
АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Прогласувањето на независноста на Косово е прашање на недели, ако не и на денови, изјави Министерот за надворешни работи на Албанија, Љуљзим Баша. - Се плашам дека сите можности за преговори се исцрпени со престанувањето на работата на „тројката“ на ...
Едностраното прогласување независност на Косово и неговото признавање може да резултираат со поделба на покраината, односно со најнепосакуваното сценариото за Западот, оцени рускиот претставник во меѓународната тројка за Косово, Александар Боцан-Харченко.
Секоја хипотеза дека независноста на Косово може да доведе до дестабилизација на Македонија и Јужна Србија е неоснована, изјави денеска албанскиот премиер Сали Бериша. Тој категорично ја отфрли идејата дека идната независност на Косово може да го отвори патот кон создавање „Голема Албанија“.
Косово би можело во рок од 10 дена, сметано од овој викенд, да прогласи независност, во потег што ке биде координиран со САД и со главните земји на Европската Унија, тврди „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на изјава на еден европски дипломат во Брисел, чиј идентитет не го открива.
Раководството на Мисијата на Обединетите нации во Косово (УНМИК) им нареди на вработените да ги евакуираат семејствата, бидејќи многу брзо се очекува да биде донесено решение за промена на статусот на покраината, објави денеска "Коха диторе".
ПО НАЈАВАТА ЗА САНКЦИИ ОД БЕЛГРАД Косовските бизнисмени се подготвуваат за соодветен одговор кон Белград ако по прогласување на независноста на Косово, Србија се реши да воведе економски санкции кон Косово, јави белградското радио „Б92“.
Атина - Во организација на здруженијата на албанските емигранти во Грција, во неделата вечерта на плоштадот „Омонија“ во грчкиот главен град Атина беа одржани мирни протести во знак на поддршка на независност на Косово. Околу илјада албански емигранти, кои носеа национални знамиња на Албанија и ...
Негувањето на македонскиот културен идентитет на заедницата на Гораните на Косово е целта на Центарот за културна и социјална интеграција на Гораните, кој наскоро ќе биде отворен во Драгаш, Косово. Зад Центарот стои Македонската горанска заедница, која во ноември минатата година беше регистрирана ...
Здруженијата на албанските емигранти во Грција, прексиноќа на плоштадот „Омонија“ во Атина одржаа мирни протести во знак на поддршка на независноста на Косово, јави МИА. Околу илјада албански емигранти, кои носеа национални знамиња на Албанија и пееја албански песни, побараа прогласување ...
Европските дипломати очекуваат Косово да прогласи независност во февруари или на почетокот на март. Во координација со косовските лидери тие се обидуваат да „постават рамки“ на таа декларација, за да дадат можност поголемо мнозинство на европски земји да ја признаат што е можно поскоро.
СРПСКИОТ ПРЕМИЕР ВОИСЛАВ КОШТУНИЦА Премиерот на Србија, Воислав Коштуница, смета дека испраќањето мисија на Европската Унија во Косово ќе го оневозможи потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, бидејќи еден со друг се поништуваат, јавува белградското радио „Б92“.
Мисијата на Европската унија во Скопје од денес ќе работи во нова зграда. Новите простории на Мисијата на ЕУ се наоѓаат на улицата Мито Хаџивасилев - Јасмин, во центарот на градот. Канцеларијата на ЕУ во Македонија до крајот на годината ќе се зголеми од 30 на 70 вработени поради тоа што ќе се укине ...
Во американскиот допис САД бараат од Љубљана меѓу првите да го признае Косово Љубљана - Словенечкото Министерство за надворешни работи соопшти дека повело истрага во врска со документот за внатрешна употреба на американските власти, објавен во медиумите, според кој Вашингтон предлагал упатства како ...
Германија, како и повеќето од членките на Европската Унија, е подготвена да ја признае независноста на Косово, најави германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер, јави МИА. - Се разбира дека се подготвуваме бидејќи едностраното прогласување независност е мошне извесно.
Атина, 28 јануари (МИА) - Во организација на здруженијата на албанските емигранти во Грција, синоќа на плоштадот „Омонија“ во грчкиот главен град Атина беа одржани мирни протести во знак на поддршка на независноста на Косово.
Словенечкото МНР покренало истрага во врска со овој случај, а премиерот Јанез Јанша го омаловажил значењето на објавениот документ Словенечкото Министерство за надворешни работи соопшти дека покренало истрага во врска со документот за внатрешна употреба на американските власти, објавен во ...
Додека албанските медиуми веќе шпекулираат со датум за еднострано прогласување независност на Косово српскиот премиер, Воислав Коштуница завчера изјавил оти постои само еден начин Косово да стане независно - Србија да го подари Во пресрет на најавите за еднострано прогласување независност на ...