ВЛАДАТА ВЕЛИ НЕМА ПОТРЕБА ОД ПОСКАПУВАЊЕ Од септември годинава ќе се издаваат дозволи за бесцарински увоз на пченица, а ќе се зголемат и државните резерви на јачмен и пченка Ќе бидат задоволени потребите од пченица, пченка и од добиточна зрнести производи.
Мелничарите предупредија дека до Нова година ќе нема доволно пченица за домашниот пазар АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВ По најавите на мелничарите дека нема доволно пченица за задоволување на домашните потреби, Владата смирува најавувајќи увоз на 150.000 тони пченица.
Откупот на пченицата во Ростиварскиот регион е слаб и досега се откупени едвај 10 проценти од реколтата. Земјоделците чекаат повисока откупна цена за житото, кое дотогаш ќе остане во амбарите. Мелничарите во Гостиварско не паметат толку слаб интерес за предавање на пченицата.
Владата дозволи бесцарински увоз за да се ублажува недостигот од околу 80 илјади тони пченица Македонските мелничари и пекари ќе може да увезуваат пченица без да плаќаат царина од почетокот на септември. Оваа мерка ја презеде Владата за да се ублажи недостигот од лебно жито.
За потребите на Бирото за стоковни резерви, Владата ќе увезе 30.000 тони пченица Владата ќе увезе 30.000 тони пченица за потребите на Бирото за стоковни резерви, а на почетокот на септември ќе одобри квоти за бесцарински увоз и од земјите што не се членки на Светската трговска организација.
За две недели Владата ќе дозволи слободен бесцарински увоз на пченица од сите земји. Вака одлучиле ресорните министри на синоќешната седница. Квотите за увоз ќе бидат распишани по 8 септември. Кој прв ќе се пријави, тој прв и ќе добие дозвола за увоз.
ПЕКАРИТЕ И ПОРАЧАА НА ВЛАДАТА Групацијата на мелничко-пекарската индустрија вчера побара од Владата итно да распише квоти до Светската трговска организација (СТО), за увоз на пченица за да се покрие недостигот од суровина поради сушната година.
Русија е единствена земја која има доволни количества пченица за извоз АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВ Мелничарите алармираат дека нема доволно пченица за задоволување на потребите на пазарот. Претставниците од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Здружението на земјоделство и прехранбена индустрија ...
Годинава се откупени 87.000 тони пченица, уште околу 80.000 тони се чуваат во амбарите, а за целосно покривање на потребите недостигаат уште 120.000 тони Македонија по Нова година ќе остане без леб ако Владата не помогне со увоз на пченица, се заканија вчера мелничарите и пекарите на состанокот во ...
Нема потреба од интервентен увоз на пченица,тврдат владините министри откако вчера мелничарите побараа итно да се увезе пченица од Русија за да се ублажи кризата. На вчерашната седница владата се согласила само со едно од четирите барања на мелничарите - пропишала квоти за без царински увоз на ...
Покрај овие барања на излезни решенија, од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, сметаат дека треба да им се намалат и увозните царински трошоци што го оптоваруваат нивното работење Мелничарите бараат Владата итно да распише квоти за увоз на пченица од ...
Мелничарите во паника, во регионот нема пченица, а домашните резерви се минимални. Според последните информации, по Србија, и Аргентина ќе забрани извоз на пченица. Ситуацијата е алармантна, велат мелничарите, бараат Владата итно да распише квоти за увоз на пченица од сите земји и доколку се најде ...
Пекарите и мелничарите од Велес бараат Владата да пласира на пазарот пченица од стоковите резерви или да гарантира и да посредува при откуп на американска пченица. - Ниеден мелничар во Македонија не може да даде гаранции за увоз на еден брод со 60.000 тони пченица - вели Румен Смилевски, ...
Сушата и намалените приноси ја продолжуваат спиралата поскапувања на основните прехранбени производи. Сушата и намалените приноси ја продолжуваат спиралата поскапувања на основните прехранбени производи. По доматите, краставиците, пиперките, јајцата, зејтинот и лебот, поскапува и месото.
ПРИЛЕП - Прилепските земјоделци кои на почетокот од жетвата го предадоа лебното зрно на мелничките капацитети по цена од 8 денари за килограм, бидејки немаа амбари ниту можност на друго место бесплатно да го сместат родот, бараат од Владата да им се доплати разликата од сегашната продажна цена на ...