TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Денес се решава судбината на

Вест - 08.02.2003

ПО ОДЛУКАТА ЗА ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА ЕДИНИЦАТА ЗА БРЗИ ИНТЕРВЕНЦИИ Комисијата вчера почнала да ги разгледува документите на 800 припадници на единицата кои бараат да се вработат во Министерството за внатрешни работи. Денес комисијата, формирана од претставници на МВР и на единицата за брзи интервенции ...

"Лавовите" ги доставија документите за вработување и не се откажуваат од амнестија

Дневник - 08.02.2003

ДО МЕШОВИТАТА КОМИСИЈА ВО ПОЛИЦИЈАТА Пет члена на Независниот синдикат на единицата за брзи интервенции "Лавови" и исто толку претставници на МВР вчераутро почнаа да ги разгледуваат документите доставени за 800 припадници на единицата, кои треба да бидат распоредени на работа во МВР и во АРМ.

„Лавовите“ поднесоа документи за вработување

А1 - 07.02.2003

Документите на околу 800 припадници на расформираните полициски „Лавови“ денеска пред истекот на рокот беа доставени до МВР, во согласност со договорот за прераспределување на „Лавовите“ во МВР или АРМ, ако ги исполнуваат условите.

Бранители

Дневник - 07.02.2003

Колумна - Љубчо Георгиевски Во целата организирана хајка против "лавовите" пострашно од нивното расформирање е токму моралното понижување на кое се изложени не само тие, туку и другите бранители на нашата земја Насловот на оваа колумна првично го нареков "Лавови", но меѓу огромните напади врз оваа ...

Денеска изминува рокот за пријавување на „лавовите" во МВР

Утрински - 07.02.2003

Според соопштението упатено до припадниците на Единицата за брзи интервенции Денеска, до крајот на работното време, во 15,30 часот завршува рокот за доставување на документацијата на припадниците на Единицата за брзи интервенции во МВР, што на "лавовите" им беше даден во минатата недела преку ...

Борците од НОВ ги советуваат „Лавовите“ да ја послушаат Владата

А1 - 06.02.2003

Сојузот на борците на Македонија од НОВ денеска упати апел до припадниците на единицата за брза интервенција „Лавови“ да ја прифатат одлуката на Владата за трансформирање на единицата и да го вратат оружјето во магацините. Во соопштенето Сојузот на борците од „Лавовите“ бара цивилизирано да се ...

"Лавовите" тврдат дека убиецот на Бошко Буха не бил меѓу нив

Дневник - 06.02.2003

ПО ИЗЈАВИТЕ НА ШЕШЕЉ Претставници на полициската единица за брзи интервенции "Лавови" ги демантираат тврдењата на контроверзниот српски политичар Воислав Шешељ, дека во редовите на оваа единица се криел извесен Жељко Максимовиќ-Мата, обвинет за убиство шефот на белградската полиција, Бошко Буха.

Криминалците-лавови маскирани во мачиња може пак да здиват?

Капитал - 06.02.2003

Оружјето победи пред законотКриминалците-лавови маскирани во мачиња може пак да здиват?Требаше ли Владата да попушти и криманалците-лавови да ги маскира во мачиња со регулиран работен однос? Дали со ова уште еднаш не покажавме дека во земјава пред оружјето молчат законите и со него најлесно се ...

Убиецот на Буха се криел меѓу „Лавовите“

А1 - 04.02.2003

Убиецот на високиот српски полициски функционер Бошко Буха се криел меѓу македноските „Лавови“, тврди денешен белградски „Блиц“ повикувајќи се на тврдења на радикалот Воислав Шешељ. Според Шешељ, познатитот криминалец Жељко Максимовиќ - Мата, по убиството на шефот на белградската полиција Бошко ...

МВР се обидува експресно да не распушти, а не да не трансформира

Дневник - 04.02.2003

"ЛАВОВИТЕ" ОБВИНУВААТ Процесот на трансформација е владина одлука и веќе е почнат, но "лавовите" не соработуваат, тврдат во МВР Министерството за внатрешни работи се обидува да го изигра договорот за трансформирање на единицата за брзи интервенции "Лавови" и целосно да ја распушти единицата, тврдат ...

Нема да се донесува нов закон за амнестија

Утрински - 04.02.2003

МВР Министерството за внатрешни работи вчера, во интерес на договореното, уште еднаш упати апел и писмени покани до сите припадници на Специјалната единицата "Лавови" да ја достават потребната документација за нивна трансформација.

Преговорите за трансформација на „Лавовите“ одат тешко

А1 - 03.02.2003

Во петок ќе се знае дали и во практиката ќе профункционира заедничката комисија што ќе го следи процесот на трансформација на расформираните полициски „Лавови“, било договорено на денешната средба меѓу претставниците на МВР и членовите на Синдикатот на „Лавовите“.

"Лавовите" во МВР само во согласност со законот

Утрински - 03.02.2003

Владата и Единицата за брзи интервенции на различни колосеци околу едно неспорно прашање Сашко Димевски Министерството за внатрешни работи и Владата не планираат да сторат ништо повеќе од тоа што беше договорено на средбата на државниот врв со независниот синдикат на "лавовите".