Нешто смрди околу сведокот на професорот Љубомир Фрчкоски, кој наводно тврдел дека високи инстанци од ДБК се вмешани во атентатот врз првиот македонски претседател Киро Глигоров. Поранешниот вработен во седмата управа на МВР (една канцеларија со најсовремени работи за прислушување) се излажал и себеси и Јавното обвинителство и професорот од Правен, а богами и целата јавност.
Во изминативе години се обработени три можни траги. Како ќе се дејствува понатаму не е јасно. Гордана Дувњак. Само еден ден откако Обвинителството соопшти дека се покажале лажни тврдењата на новиот сведок за атентатот врз тогашниот претседател на државата, Киро Глигоров, отровните партиски стрели се насочија кон оној што прв го обелодени постоењето на очевидец.
Очекувањата дека појавувањето на новиот сведок ќе фрли нова светлина на атентатот врз тогашниот шеф на државата, Киро Глигоров, се покажаа јалови. Излезе дека исказот на поранешниот вработен во ДБК, кој тврдеше дека тој е автор на спорната фотографија снимена ден пред атентатот, како и посочувањето конкретни имиња на некои негови колеги кои наводно биле инволвирани во овој случај, се – ќорци.
Неопходно е МВР и јавниот обвинител да спроведат целосна истрага за да се утврдат мотивите и одговорноста на Фрчкоски, во врска со неговите пишувања дека зад атентатот врз Глигоров стои СДБ, криејќи се зад изјава на „сведок“ со сомнителен кредибилитет, смета Павле Трајанов, претседателот на Демократскиот сојуз.
Уште една верзија за спорната фотографија од атентатот на Глигоров. Сега професорот Хајнц Херпих, пензиониран декан на Ликовната академија во Нирнберг, Германија, потврдува дека тој ја направил спорната фотографија на „амито“, но и дека лично му ги дал фотографиите и негативите на тогашниот македонски министер за внатрешни работи.
Ханс Херпих е професор на Академијата за уметности во Нирнберг. Слика, но и фотографира. Токму неговата фотографија е онаа за која во колумната на Фрчковски сведокот тврдеше дека тој ја сликал. Професорот Херпих за А2 потврди дека тој е автор на оваа фотографија и дека ја предал лично на тогашниот министер за внатрешни работи. „Имавме изложба во Скопје со моите студенти.
Игор Чавески Јавното обвинителство нема да покрене истрага за атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров. Според Обвинителството, тврдењата на сведокот за можна замешаност на структури на ДБК во атентатот се неточни и невистинити. Јавниот обвинител Љупчо Шврговски вчера објави дека не постојат докази за Обвинителството да покрене истрага и случајот за атентатот врз Глигоров останува во ...
"Тврдењата на сведокот за вмешани служби од државната безбедност во атентатот врз експретседателот Киро Глигоров, кои го посочи професорот Љубомир Фрчкоски, се покажаа како неточни и невистинити", соопшти вчера државниот обвинител Љупчо Шврговски. Во целиот случај има само трошење на институциите, кои ги впрегнаа своите ресурси за да трагаат по голема невистина, рече Шврговски.
Следен чекор на Обвинителството ќе биде утврдување на мотивот на сведокот. Гордана Дувњак. Изнесените тврдења на новиот сведок за обидот за атентат врз тогашниот претседател на државата, Киро Глигоров, се покажале како неточни и невистини. Сведокот не е автор на оригиналната фотографија снимена ден пред атентатот, на која се гледа возилото „ами 6“ што послужи како автомобил-бомба, туку ...
Според обвинителот, МВР има докази што недвосмислено укажуваат дека сведокот не ја направил фотографијата објавувана во медиумите. Невистинити и неточни се исказите на сведокот, кој тврдеше дека ја направил фотографијата на автомобилот-бомба употребен во атентатот врз претседателот Киро Глигоров во октомври 1995 година, соопшти вчера Јавниот обвинител Љупчо Шврговски.
Сведокот на Љубомир Фрчкоски не ја кажува вистината. Истрагата за атентатот на Глигоров се враќа во статус кво. Ова е ставот на Љупчо Шврговски, државниот јавен обвинител, кој вчера на прес - конференција соопшти и зошто утврдил дека сведокот лаже. - Сведокот ми ги соопшти своите индиции и сознанија и ми презентираше докази.
Обвинителството утврди дека сведокот за атентатот врз Глигоров лажел. Докажано, аргументирано и стопати проверено. Мотивите за целава ујдурма непознати, а индиции има дека има уште некој вмешан за да ја анимира јавноста со претходно пресметан ризик, како што кажа обвинителот Шврговски.
Јавниот обвинител Љупчо Шврговски треба да поведе целосна истрага за да се утврдат мотивите и одговорноста на Љубомир Фрчковски, во врска со неговите пишувања дека зад атентатот врз Глигоров стои СДБ, криејќи се зад изјава на “сведок” со сомнителен кредибилитет.
Германскиот професор Хајнц Херпих, кого Државниот обвинител го престави како научник - турист кој ја сликал фотографијата ден пред атентатот, е текстилен уметник, сега пензионер од Нирнберг. Во ексклузивна изјава за Канал 5 вели дека пред 13 години фотографирал културно-историски споменици низ Скопје. Во 64-те слики кои ги направил две биле од Старата железничка станица .
За идентитетот на германскиот турист кој ја направил фотографијата на која се гледа амито вчера првпат слушнал и актуелниот заменик-министер за надворешни работи Зоран Петров, поранешен разузнавач, автор на книгата атентат. Петров, кој во детали го истражувал обидот за убиство врз претседателот Глигоров, се интересирал и за фотографијата – вели дека се обидувал, но не успеал никогаш да го најде ...
Откако вчера јавниот обвинител Шврговски изјави дека новооткриениот сведок лажел кога тврдел дека ДБК стои зад атентатот, јавноста е насочена кон откривање на нова дилема? Кои се мотивите на таканаречениот сведок, но и на неговиот промотор ексминистерот Фрчкоски, да го актуелизираат проблемот во погрешна насока.
Фрчкоски нанесе огромни штети врз меѓународниот углед на Македонија, тврдејќи дека ДБК го извршила атентатот врз Глигоров и созде вознемиреност кај семејствата на сите оние кои беа повикувани на разговор во МВР под сомнение дека се учесници врз атентатот над Глигоров, смета Трајанов. Одговорност од професорот Љубомир Фрчкоски за објавените информации за атентатот на претседателот Киро Глигоров, ...
Сведокот за кој пишуваше екс-министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски не ја зборувал вистината, покажаа резултатите од спроведената истрага во МВР и Јавното обвинителство. Републичкиот јавен обвинител Љупчо Шврговски вчера посочи дека изнесените искази на сведокот кој тврдеше дека ја направил фотографијата од "автомобилот бомба - ами 6" со кој беше извршен атантат врз претседателот Киро ...
Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, денес истакна дека е неопходно МВР и Јавниот обвинител да спроведат целосна истрага за да се утврдат мотивите и одговорноста на Фрчковски, во врска со неговите пишувања дека зад атентатот врз Глигоров стои СДБ, криејќи се зад изјава на “сведок” со сомнителен кредибилитет.
Сведокот лажел за вмешаноста на ДБК во атентатот на претседателот Глигоров. Ниту тој како тогашен полицаец на седмата управа го сликал автомобилот бомба пред Бристол, ниту службеник на ДБК го купил амито од Алексинац, ниту фотографиите сликани ден пред атентатот биле развиени во лабораториите на крим техника во МВР.
Тврдењата на сведокот за атентатот врз поранешниот претседател Киро Глирогов, кои за прв пат беа презентирани во колумна на професорот Љубомир Фрчковски, според државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски, се неточни и невистинити. Сведокот, чиј идентитет сеуште не се открива, тврдел дека тој ја направил фотографијата од автомобилот – бомба по наредба на негов претпоставен во државната ...
Нема ниту еден приведен за атентатот врз Глигоров. Денеска Љупчо Шврговски, државниот обвинител, треба да соопшти дали изјавите на сведокот на професорот Љубомир Фрчкоски се издржани. Сведокот пред обвинителот навел неколку имиња на оперативци на УБК, кои наводно учествувале во атентатот врз претседателот Глигоров.
Изнесените искази на сведокот кој тврдеше дека ја направил фотографијата од „автомобилот бомба - ами 6“ со кој беше извршен атантат врз претседателот Киро Глигоров во 1995 години, се покажаа како невистинити. Ова на денешната прес-конференција го изјави државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски.
Крунскиот сведок на Љубомир Фрчковски кој тврдеше дека ја фотографирал спорната фотографија пред хотелот Бристол ден пред атентатот на Киро Глигоров. Јавниот обвинител Љупчо Шврговски денеска објави дека фотографијата е сликана од германски професор и научник Хајнц Хербриг кој бил во посета на МАНУ за време на атентатот.
Новите сведочења на бившиот разузнувач дека поранешни структури на ДБК се вмешани во атентатот на Глигоров се голема невистина – соопшти обвинителот Шврговски, отако триесетина дена со полицијата ги проверуваше новите информации. Разговарано е со деветмина граѓани споменувани во исказот на сведокот, проверена е и досието за атентатот на претседателот и отфрлени се информациите дека тој по ...
Новиот сведок за атентатот на претседателот Глигоров лажел. Нема вистина во неговите тврдења дека ДБК стоела зад атентатот. По повеќе од еден месец од неговото појавување, јавниот обвинител Шврговски целосно ја негираше неговата приказна. Фотографијата од автомобилот Ами 6 не ја сликал таканаречениот сведок туку професор Хајнс Херпих од Германија кој направил 60-тина туристички фотографии.
Изнесените искази на сведокот кој тврдеше дека ја направил фотографијата од „автомобилот бомба - ами 6“ со кој беше извршен атантат врз претседателот Киро Глигоров во 1995 години, се покажаа како невистинити, рече на денешната прес-конференција државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски.
Сведокот за атентатот на Киро Глигоров изнел неточни информации и нема основа за отворање истрага. Државниот обвинител Љупчо Шврговски утврдил дека податоците на сведокот не се вистинити и дека не се доказ за инволвираност на ДБК во атентатот.
Сведокот пред сведочењето беше предупреден за последиците од евентуално лажно сведочење. Ние понатаму ќе постапиме согласно законот. Сега, откако се покажа дека тврдењата на сведокот се лажни, ќе се работи на утврдување на неговите мотиви за лажно сведочење и секако на последиците од тоа" - вели Шврговски.
Нема напредок во истрагата за атентатот врз македонскиот претседател Киро Глигоров од 1995, Обвинителството денеска ги отфрли последните обвинувања за вмешаност на Државната безбедност. Јавниот Обвинител Љупчо Шврговски соопшти дека спорната фотографија на автомобилот бомба употребен во атентатот ја направил германски професор, кој бил во посета на Македонија, а не сведокот, поранешен вработен во ...
Јавниот обвинител кој од 2004. година го водеше предметот за атентатот на претседателот Глигоров, веќе не е на таа функција. Обвинителот Ѕвонко Ристески на 10. ноември до Обвинителство поднел барање за оставка, иако само пред два месеца барал да му се продолжи мандатот. За само два дена од поднесувањето на барањето, бил разрешен од функцијата. Ова ни го потврди самиот Ристески.
Јавниот обвинител Љупчо Шврговски утре ќе ги соопшти деталите од истрагата за атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров. Од истрагата на Обвинителството ќе се знае дали постои основа за повторно отворање на досието за атентатот врз Глигоров.
Ѕвонко Ристески, обвинителот во чие раце од 2004 година беше предметот за атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров, пред неколку дена се повлече од функцијата обвинител. Извори од обвинителството тврдат дека на Ристески му било наложено да се повлече од функцијата, но сè уште се нејасни причините за ваквата наредба.
По истрагата на МВР, Шврговски ги анализирал новите сознанија. Сега се чека да посочи дали има вистина во тврдењата на поранешниот припадник на Седмата управа дека ДБК стоела зад атентатот на претседателот. По долги години молк, новиот сведок му се обратил на поранешниот министер за внатрешни работи Фрчкоски. Тој пред повеќе од 1 месец сознанијата му ги пренесе на јавниот обвинител.
Постои ли сведокот на професорот Љубомир Фрчкоски и дали тој ја зборува вистината. Овие податоци денес треба да ги објави републичкиот јавен обвинител Љупчо Шврговски. Тој треба да обелодени - беше ли корисен новооткриениот сведок за атентатот на претседателот Киро Глигоров за истрагата која тапка во место цели 13 години. По истрагата на МВР, Шврговски ги анализирал новите сознанија.