Македонската позиција околу последниот предлог на медијаторот Нимиц за името е усогласена и зад неа стојат сите политички фактори. Ова го изјави шефот на дипломатијата Антонио Милошоски по четиричасовниот состанок на лидерската четворка, на која присуствуваше и претседателот Црвенковски.
Специјалниот пратеник на Обединетите Нации во спорот за името, Метју Нимиц, преку грчкиот весник „Катимерини“ ги повика македонските власти да не ја префрлаат топката кај своите граѓани. За Нимиц, организирање референдум е лесен начин за да се донесе тешко решение.
Се обидувам да бидам објективен и да држам еднаква дистанца - вели специјалниот посредник на Обединетите Нации во спорот за името меѓу Македонија и Атина во интервју за грчкиот весник “Катимерини. Во време кога се интензивираат дилемите во двете земји дали треба да се спроведе референдум за ...
Претседателот, премиерот и лидерите на СДСМ, ДПА и ДУИ усогласија заедничка позиција за предлогот на медијаторот Нимиц. Во вториот обид, откако претходната средба заврши без договор, политичкиот врв денеска се договори за македонската платформа со која преговарачот Димитров ќе замине за Њујорк за ...
Државниот и политичкиот врв денеска на нова средба во Клубот на пратениците треба да го дефинира ставот за последниот предлог на посредникот Метју Нимиц за решавање на спорот со Грција околу употребата на името на Република Македонија.
Најмалку пет од деветте клучни точки кои ги предлага Нимиц во својот последен пакет за надминување на разликите околу името се неприфатливи за македонските државни власти. За нив најверојатно нема да се троши време на утрешната средба на лидерите на најголемите партии со претседателот и премиерот.
За нас е убедливо најкобен членот 8 и ако тој остане ваков каков што е, ако е тоа грчката позиција и ако добијат цврста меѓународна поддршка за него, по мое мислење, целиот договор мора да падне. Ништо не вреди во договорот ако остане членот 8, бидејќи со него директно ни се брише идентитетот,вели ...
Ако македонскиот јазик не ќе може да се нарече македонски, ако граѓаните не ќе може да се наречат Македонци,веќе и не е важно дали ќе се нарекуваме Независна, Демократска, Нова или Горна Македонија Државниот врв е во многу деликатна ситуација.
И без решение за името до април, но со суштинско влегување во преговори за последниот пакет на Нимиц, постои шанса да се избегне грчко вето за НАТО – сметаат аналитичари во двете земји. Ден пред состанокот на македонскиот политички врв од кој се очекува официјалната позиција за предлогот на ...
ГРЧКИ УЛТИМАТУМ ЗА ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ Ако не се најде решение за проблемот за името, тоа ќе значи дека Скопје нема да добие покана за НАТО на самитот во Букурешт, изјави вчера грчкиот премиер Костас Караманлис, одговарајќи на пратеничко прашање.
Ако со барањето за промена на името сакаа да не понижат, сега со предлозите на Нимиц сакаат да не уништат,вели пратеничката Лилјана Поповска Откажување од македонскиот јазик, македонската култура, македонските песни... ќе биде кобната последица од предлогот што го подготви посредникот во ...
Македонското државно раководство се' уште го пишува одговорот на Нимиц Соња Крамарска Светлана Унковска Ставот на македонското државно раководство во однос на предлогот на Нимиц е јасен, меѓутоа се чека да се постигне поширок консензус пред да биде известен медијаторот, велат извори на „Утрински ...
Новото име би влегло во пасошите и во меѓународните организации Медијаторот Метју Нимиц двојата формула за името со последниот предлог доставен до „првата страна“ - Грција и „втората страна“ - Македонија го сведе на единечна формула со која Македонија, доколку прифати кој било од предлозите, ќе ...
ДОДЕКА МАКЕДОНСКИОТ ДРЖАВЕН ВРВ ГО РАЗГЛЕДУВА ПРЕДЛОГОТ Додека Македонскиот државен врв и покрај завчерашната четиричасовна лидерска средба се уште нема утврдено став за продолжување на преговорите, грчката страна веќе подготви политика за настап пред посредникот во спорот за името Метју Нимиц.
Кога станува збор за последниот предлог на Метју Нимиц, ставот на ДПА и на Албанците е и ќе биде конструктивен, изјави денеска во Дебар лидерот на партијата Мендух Тачи. Од принципиелни аспекти, додаде тој, не сакам да се изјаснувам околу предлогот на Нимиц бидејќи утре имаме лидерска средба.
Грција веќе му ги предала на Нимиц забелешките и противаргументите Грчкиот премиер Караманлис вчера повторно и' се закани на Македонија со вето за членство во НАТО „Предлог на Нимиц е добра основа за суштински преговори“, соопшти шефицата на грчката дипломатија, Дора Бакојани, говорејќи за новиот ...
Новиот предлог на медијаторот на Обединетите нации во разговорите за името, Метју Нимиц, дава основа за суштински преговори, соопшти завчера во Атина шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани. Таа додаде дека Грција може да го примени своето право на вето во врска со поканата за Македонија во ...
И по 16 години од проблематизирањето на нашето име од страна на Грција и стотина предлози ставени на преговарачка маса, решение за спорот не се најде. Проблематизирањето на името дојде веднаш по независноста. Масовни протести во Грција, засилен меѓународен притисок и едно и пол годишно ембарго, со ...
Според дипломатски извори грчката Влада решила да влезе во брзо темпо за измени на предлозите и да ја оформи својата позиција, со цел да избегне компликации Грција ги достави своите забелешки за последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, а Македонија ќе го направи истото в понеделник.
ДУИ ретерира во ставот и Албанец да биде вклучен во преговорите со Грција околу спорот за името. Ако до пред извесно време се противеа на тоа само од преговарачот Никола Димитров пасивно да ги слушаат предлозите на медијаторот Метју Нимиц, сега отстапуваат од оваа теза и тврдат дека биле погрешно ...
Пишува: Владимир ТУЛЕВСКИ Кумот пресече, а нашиот преговарач Димитров од Атина се врати како попарен. Предлозите што ги даде одамна пензионираниот чиновник на американската администрација Метју Нимиц за името не и одговараат на Македонија.
ЛИДЕРСКА СРЕДБА Лидерот на СДСМ Радмила Шеќеринска на почетокот на вчерашната лидерска средба, посветена на најновите предлози на Метју Нимиц за решавање на спорот за името со Грција, го обвини премиерот Никола Груевски дека во изминатите два дена играл двојна игра.
ДРЖАВНИОТ И ПОЛИТИЧКИОТ ВРВ ГРАДАТ СТАВ ЗА ПАКЕТОТ НА НИМИЦ Горан Момировски Предлозите „Демократска Република Македонија” и „Независна Република Македонија” се прифатливи за Македонија како добра основа за постигнување решени за спорот со името.
Премиерот Груевски вчера изјави дека со идејата за референдум сака да спречи „неодговорни политичари“, кои имаат намера со гласање во парламентот да помине промената на името Со дел од новата понуда за надминување на спорот за името со Грција, посредникот Метју Нимиц излегува од мандатот и нуди ...
ПРОДОЛЖУВААТ КОНСУЛТАЦИИТЕ ПО НАЈНОВИТЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА МЕЃУНАРОДНОТО ИМЕ Претседателот Црвенковски смета дека Нимиц излегол од својот мандат поради тоа што предложил нов опсег на користење на евентуалното ново меѓународно име, кој е различен од опсегот во кој се користи привременото име ПЈРМ, а е ...
“Не велете “не” на целиот пакет на Нимиц” - се сугестиите кои САД ги испраќаат до македонскиот државно-владин врв за последниот предлог на медијаторот, дознава Канал 5. Иако пакетот на Нимиц во Скопје е оценет како неизбалансиран со натежнување кон грчката позиција, американската администрација, ...
Продолжија консултациите за спорот околу името. Повторно политички разлики меѓу власта и опозицијата Соња Крамарска И вчера продолжија консултациите на највисоко политичко ниво за најновиот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот со јужниот сосед околу уставното име на нашата земја.
ЕДИТОРИЈАЛ Димитар Чулев Има најмалку две нешта околу кои ќе мора да се согласат и Скопје и Атина: двете недели што ги даде Метју Нимиц, како рок за одговор на неговиот комплициран предлог, се прекратки да се повлечат потези кои ќе гарантираат „чиста“ победа на едната врз другата страна, односно и ...
И Атина е на мака Атина и Скопје се во исчекување кој прв ќе го отфрли предлогот на Нимиц Лидерот на националистичката партија ЛАОС, Караџаферис, бара референдум како начин за решавање за грчко-македонскиот спор околу името. Шефицата на Комунистичката партија на Грција, Алека Папарига, инсистира ...
АТИНА МОЛЧАЛИВО ГРАДИ СТАВ Грчката политичка елита молчаливо го гради својот конечен став околу најновиот предлог за решавање на спорот со името. Иако првичните реакции на политичарите во Атина беа дека предлогот на Метју Нимиц во основа е добар, досега никој јавно не се изјасни поединечно за едно ...
Црвенковски претпоставува дека ниту едно од петте предложени имиња не е прифатливо и за Скопје и за Атина Ако прифатиме име Демократска или Независна Република Македонија, тоа не значи дека во НАТО влегуваме со "скршена кичма" или со погазена гордост, бидејќи тие имиња не задираат во националниот ...
Решението на спорот со името со Грција, за Македонија автоматски значи покана за НАТО, датум за преговори со ЕУ и либерализација на визниот режим. Со тоа ќе се стави крај на територијалните претензии на Косово кон Македонија, кои исто како и сега, постоеа и во 2001 Лидерите на четирите најголеми ...
Караманлис и Бакојани влегоа во „војна“, откако доцна попладнево весникот „То вима“, го објави оригиналниот документ на Нимиц. Се досега овој документ имаше неформален карактер и владите на двете земји беа обврзани да не го откриваат.
Навлегуваме во суштинска фаза од преговорите, ја цитираат грчките весници министерката за надворешни работи Бакојани, откако ги информирала Владата и претседателот на Грција за предлогот во кој посредникот Нимиц понудил пет имиња за Македонија.
Новиот предлог за името е полош од оној во 2005 и ноемвриската предлог рамка дадена од Нимиц, а преговарачот излегол надвор од мандатот. Според Претседателот проблемот не е во предложените имиња, туку во промената на целта на преговорите.
Медијаторот Нимиц бара од Македонија да се согласи со едно име за севкупните меѓународни односи, таканаречено “официјално меѓународно име”. Тоа не само што би се користело во меѓународните организации како што се ОН, ЕУ, НАТО, ОБСЕ, Советот на Европа, туку според предлогот на Нимиц, би се ...
Нимиц предлага новото име што ќе се користи во сите меѓународни организации да се запише и во пасошите на македонските граѓани, а на државите што ја признале Македонија под уставното име им се сугерира да ја преиспитаат одлуката Пет предлози за ново име на Република Македонија дал посредникот Метју ...
Тешките преговори за името претстојат за една недела. Се чувствувам како спортист кој се подготвува за олимпијада, вели грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани. Нејзиниот портпарол Јоргос Кумуцакос изјавува дека ако не се постигне решение за името до април тогаш соседот нема да добие ...
На грчката влада и' пречи тоа што Нимиц понудил двојна формула, но ќе се согласи со име Нова Македонија Од нашиот известувач Димитар Чулев Атина - Нема победничка еуфорија во Грција по завчерашната посета на медијаторот Метју Нимиц на Атина, кога на преговарачката маса го стави предлогот кој, се ...
Македонското раководство допрва ќе го гради ставот за предлогот на Нимиц, кој првично е оценет како „катастрофален“ Соња Крамарска Светлана Унковска Македонија во Атина доби предлог од пет варијанти за името што нашата земја би го употребувала во комуникација со меѓународните организации и со ...
УСТАВНОТО ИМЕ ОСТАНА ВО ПРЕДЛОЗИТЕ НА НИМИЦ Неофицијално, петте предлози за сложено меѓународно име се: Неофицијално, петте предлози за сложено меѓународно име се: - Независна Република Македонија - Демократска Република Македонија - Нова Република Македонија - Уставна Република Македонија - ...
Навлегуваме во суштинска фаза од преговорите, ја цитираат денеска грчките весници министерката за надворешни работи Дора Бакојани, откако ги информирала Владата и претседателот на Грција за предлогот во кој посредникот на Обединетите нации во грчко-македонскиот спор околу името Метју Нимиц понудил ...
ШТО СОДРЖИ ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ? Медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц, предложил пет имиња за Македонија, од кои едно треба да се избере и да се користи во меѓународните организации и за Грција, а во билатералните односи со останатите земји да остане уставното име, дознава „Време“.
Се анализира зошто понудата натежнува на грчка страна и кои се излезните решенија. Ќе се согласат ли Шеќеринска, Тачи и Ахмети за начелно усогласениот став на државниот врв за прифатливост на две од петте имиња предложени од Нимиц, но под сосема други услови на употреба – без уставни измени, без ...
Државниот врв ќе распише референдум по прашањето за името, само доколку Грција се огласи дека едно од овие две имиња ќе биде конечно решение во замена за ФИРОМ! Демократска Република Македонија, Уставна Република Македонија, Независна Република Македонија и Република Горна Македонија, се ...
Единствено во што се сигурни сите фактори во Грција е дека вчерашниот предлог на Нимиц е грчката варијанта на двојната формула, при што уставното име Македонија би го користела за домашна употреба и билатералните односи со други земји, додека во односите со Грција и меѓународни институции ...
„Демократска Република Македонија и „Независна Република Македонија“. Овие два од петте предлози на медијаторот Нимиц во принцип се прифатливи за македонската Влада. Останатите три предлози на Нимиц - „Горна“, „Нова“ и „Уставна“ Македонија се неприфатливи.
Македонскиот државен врв синоќа и денеска е во континуирани консултации подготвувајќи го одговорот на предлогот на Нимиц. Има и прифатливи, но и целосно неприфатливи, дури и навредливи делови во понудата од медијаторот. Исклучувањето на уставното име од билатералната комуникација со земјите што не ...
Предлогот е тајна. Преговарачот се надева дека одговорот на Атина и Скопје ќе дојде за една-две недели Од нашиот известувач Димитар Чулев АТИНА - Експресно заврши вчерашната средба на посредникот Метју Нимиц со преговарачите Никола Димитров и Адамантиос Василакис во Атина.
Станува збор за последната предлог-рамка на Нимиц, која вчера била доставена во форма на „поелабориран предлог за решавање на грчко-македонскиот спор“ Посредникот Метју Нимиц вчера во Атина дал нов предлог за решавање на спорот за името, но тој ќе остане тајна се' додека владите во Скопје и во ...
Медијаторот Метју Нимиц бара од Македонија да се согласи со едно име за севкупните меѓународни односи, таканаречено “официјално меѓународно име”. Тоа не само што би се користело во меѓународните организации како што се ОН, ЕУ, НАТО, ОБСЕ, советот на Европа, туку според предлогот на Нимиц, би се ...
Го анализираме предлогот на медијаторот Метју Нимиц и ги подготвуваме сите детали и комбинации и се што може да произлезе од него. Веќе сме при крај со оформувањето на првичниот став. За тоа ќе разговараме и со другите фактори во државата, по што ќе ги презентираме резултатите, изјави денеска ...
МЕДИЈАТОРОТ ГО ДОСТАВИ СВОЈОТ НОВ ПРЕДЛОГ ВО АТИНА Посредникот на ОН, Метју Нимиц, вчера во Атина донесе нов предлог за решавање на спорот со името меѓу Македонија и Грција, но тој ќе се држи во тајност се додека политичките раководства на двете земји не го разгледаат.
ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО ВО АТИНА Вест" дознава дека станува збор за два, или три предлози. Во сите се содржи името Македонија и сите до сега биле одбивани од Грција Посредникот во преговорите помеѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, вчера им доставил нови предлози за името на двете страни на средбата ...
Грчките власти засега не излегуваат со оценка за евентуална прифатливост или неприфатливост на предлогот на Нимиц, но изјавите што ги даваат претставници на владата на Караманлис имплицираат задоволство на грчка страна. Грчките власти засега не излегуваат со оценка за евентуална прифатливост или ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера ниту да го прифати, ниту да го одбија предлогот, без за тоа да се изјасни народот на референдум, велат извори блиски до Кабинетот на Груевски Има нов предлог за името, кој е компромисен, праведен и достоинствен и за двете земји, но јавноста нема да го ...
Најновиот предлог на Нимиц ќе остане таен се додека двете земји на највисоко ниво не го анализираат и објават во јавност. За медијаторот Нимиц најновата сугестија како да се реши проблемот со името, не ги исполнува 100% позициите на двете страни.
Грчките весници пишуваат дека Атина ќе прифати компромисен предлог Атина - Грчките весници во вчерашните изданија објавуваат текстови посветени на денешната посета на посредникот на Обединетите нации во спорот со името на Македонија, Метју Нимиц, на Атина, кој се очекува дека ќе изнесе предлог за ...
Метју Нимиц Амбасадорката на САД во Македонија, Џилијан Миловановиќ, не знае со каков предлог ќе пристигне денеска медијаторот Метју Нимиц. „Не знам и мислам дека никој не знае каков ќе биде предлогот се' до моментот до средбата во Атина.
Ниту Македонија ниту, пак, Грција вчера не изнесоа детали за денешната нова рунда преговори за разликите за името, што ќе се одржи во Министерството за надворешни работи во Атина. И двете страни се во очекување на најновите предлози што ќе ги донесе посредникот Метју Нимиц и од тие причини владее ...
Час и половина траеше средбата на преговарачите Димитров и Василакис со медијаторот Нимиц во Атина. Предлогот за кој Америка сугерираше да биде последен и прифатен им бил претставен на двете страни. Детали официјално не се откриваат. Ќе се анализира во владите на двете држави.
Специјалниот посредник на Обединетите нации во грчко-македонските преговори за името Метју Нимиц, денеска на средба во Атина со преговарачите на двете земји Никола Димитров и Адемантиос Василакис, треба да го претстави неговиот најнов предлог за надминување на 17-годишниот спор околу употребата на ...
ВО АТИНА, КЛУЧНА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО Посредникот во спорот за името Метју Нимиц денеска во Атина се очекува да им го врачи на преговарачите на Македонија и на Грција најновиот и, најверојатно, последен предлог за името. Засега, никој со сигурност не знае што носи точно Нимиц во своите папки.
НА ПРЕГОВОРИТЕ ВО АТИНА НИМИЦ НА ПОТЕГ На новата рунда преговори за името, закажана за денеска во Атина, се очекува посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц да даде нов предлог за решавање на долгогодишниот спор помеѓу Македонија и Грција.
Предлогот нема ниту да се прифати, ниту да се одбие само од државниот врв. Премиерот Груевски смета дека изборот треба да го направи единствено народот на референдум, бидејќи тоа прашање не е само од политичко, туку е и од историско значење, велат изворите на ВЕЧЕР Метју Нимиц на денешното ...
Се уште не е сигурно дали и каков предлог ќе донесе утре во Атина преговарачот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц. Пред утрешната средба во грчкото МНР, каде преговарачите Димитров и Василакис се среќаваат со Нимиц и Бакојани, никој не може да предвиди што содржи најновиот пакет ...
УТРЕ ВО АТИНА НОВА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО Македонскиот државен врв викендот ја подготви стратегијата како ќе се реагира во вторник кога медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц, во Атина ќе го даде својот нов и најверојатно последен предлог за името.
Кај претседателот се усогласуваа позициите како да настапи Македонија по ставањето на новиот предлог на маса Тамара Грнчароска Македонскиот политички врв во саботата вечерта во кабинетот на претседателот на државата ја одржа својата последна консултација пред посредникот на ОН Метју Нимиц утре во ...
КОНСУЛТАЦИИ НА ДРЖАВНИОТ ВРВ ПРЕД НОВАТА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО Да се почека и да не се реагира брзо и јавно на евентуалниот предлог кој посредникот Метју Нимиц би требало да го соопшти на утрешната рунда преговори за името помеѓу Македонија и Грција во Атина е веројатно договорот кој државниот ...
Македонските државни претставници немаат ниту најава каков евентуален предлог за име на нашата земја за меѓународна употреба би можел да биде претставен Македонската страна до утре нема со сигурност да знае дали посредникот Метју Нимиц на средбата во Атина ќе достави нов предлог за името на нашата ...
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во пресрет на утрешната средба на македонски и грчки претставници со медијаторот во спорот за разликите околу употребата на уставното име на Република Македонија Метју Нимиц изјави дека македонскиот државен врв е обединет по прашањето на пристапот и ...
Според последните информации предлогот - Демократска Република Македонија Нимиц нема да го презентира на утрешната средба во Атина, туку по два дена. Коавтор на овој предлог е поранешниот американски амбасадор во Македонија, Кристофер Хил Речиси 3 часа државниот врв завчера ја договараше ...