По смртта на Ругова, полека излегуваат на површина последиците од создадениот политички вакуум. Стигнаа првите критики од Генералниот секретар на Обединетите Нации . Тој е незадоволен од постигнатите стандарди на Косово. Се одложи и датумот за почеток на преговорите.
ПО СМРТТА НА ИБРАХИМ РУГОВА Дури и да се влоши безбедноста на Косово, тоа нема да се одрази на Македонија, оценува директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Агрон Буџаку. Македонските безбедносни структури се "превентивно претпазливи" и внимателно ја следат состојбата во покраината по ...
ПО ПОГРЕБОТ НА КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Косовскиот весник „Коха диторе“ тврди дека средбата на еврокомесарот Хавиер Солана со најистакнатите косовски политичари за време на погребот на Ибрахим Ругова завршила со скандал откако Неџат Даци ја напуштил средбата.
Кој ќе го наследи Ругова на чело на Косово, кој ќе го води косовскиот преговарачки тим и кога ќе почнат преговорите за статусот се клучните прашања што кружат во јавноста откако почина претседателот Ибрахим Ругова. Косовските и странските медиуми во изминатите денови како најсериозни кандидати ги ...
БЕЛГРАДСКИ "НИН" ЗА ВРСКИТЕ МЕЃУ КОСОВО И ВАТИКАН Косовскиот претседател во својот гроб ја однесе тајната дали умрел како католик или како муслиман. До неговата смрт многу извори тврдеа, но никој не можеше да ја потврди информацијата дека Ибрахим Ругова ја примил христијанската вера и го зел името ...
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО Јавното обвинителство најверојатно ќе покрене постапка против градоначалникот на Дебар, кој противзаконски ги спушти знамињата на половина копје поради смртта на косовскиот претседател Ибрахим Ругова, велат извори од обвинителството.
ПРИШТИНА, 27 јануари (Ројтерс) - Големи толпи народ се собраа вчера на погребот на косовскиот претседател Ибрахим Ругова кој почина без да го дочека исполнувањето на својот сон за независност на покраината. Приштина беше блокирна од стотиците косовск ПРИШТИНА, 27 јануари (Ројтерс) - Големи толпи ...
ДРЖАВНИЧКИ ПОГРЕБ ВО ПРИШТИНА Косовскиот претседател Ибрахим Ругова вчера беше погребан во населбата Валанија кај Приштина, со државнички почести, но не и со верски обреди, покрај гробницата на загинатите припадници на ОВК. Ковчегот на Ругова беше поставен во бел мермерен гроб, на кој со златни ...
ЦРВЕНКОВСКИ ПО СРЕДБИТЕ СО ПЕТЕРСЕН И СО КОСУМИ Боби Христов, Наш известувач од Приштина Смртта на Ругова, која е голема загуба за Косово, нема да предизвика никакво блокирање или стопирање на почнатите процеси на демократизација и стабилизација на покраината, оцени вчера во Приштина претседателот ...
СЕРИЈА СРЕДБИ НА ЦРВЕНКОВСКИ ВО ПРИШТИНА Сашо Кокаланов Наш известувач од Приштина Смртта на косовскиот претседател Ибрахим Ругова нема да ги блокира почнатите демократски процеси и стабилизацијата на Косово ќе продолжи, што е многу битно за неговите граѓани, но и за нас како непосредни соседи, ...
ВЧЕРА ВО ПРИШТИНА Неколку стотици илјади Косовци вчера се простија од својот претседател Ибрахим Ругова, кој во саботата ја загуби борбата со ракот на белите дробови. Погребот почнал во 9.30 часот утрото, кога ковчегот на Ругова, кој дотогаш беше изложен во косовскиот парламент, преку улицата Мајка ...
Илјадници луѓе вчера присуствуваа на погребот на косовскиот претседател во Приштина Салата каде што се одржуваше комеморацијата беше опседната со илјадници луѓе кои молеа да влезат внатре Од наШиот известуваЧ Димитар Чулев ПРИШТИНА - Претседателот на Косово, Ибрахим Ругова, кој почина во саботата, ...
Претседателот на Македонија, Бранко Црвенковски, вчера присуствуваше на погребот на косовскиот претседател Ибрахим Ругова. Пред погребот, тој имаше средба со шефот на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК) Сорен Јесен Петерсен, со косовскиот премиер Бајрам Косуми, германскиот министер за надворешни ...
Посмртните останки на косовскиот претседател Ибрахим Ругова, десетина минути пред 15 часот, беа погребани без верски обреди, на приштинските гробишта Веланија, веднаш до гробницата на загинатите припадници на ОВК. Во придружба на почесната гарда на Косовскиот заштитен корпус, ковчегот со телото на ...
Косово се раздели од неговиот претседател. Илјадници граѓани од сите краеви на Косово се собраа во Приштина да му оддадат последна почит на нивниот покоен претседател Ибрахим Ругова. Поворката помина низ главните улици на Приштина .
Илјадници граѓани на Косово се собраа денеска во Приштина, на погребот на нивниот претседател, Ибрахим Ругова. Го покрија со знамето на Дарданија кое, додека беше жив, го афирмираше како знаме на идната независна држава Косово. Му ја пееја и химната на Косово, различна од албанската.
Приштинскиот аеродром побарал од Скопскиот аеродром да им стави на располагање капацитети за прифаќање на авиони. Единствениот аеродром на Косово има мал капацитет и нема да може да ги прифати сите авиони со кои ќе слетаат делегациите на погребот на претседателот Ибрахим Ругова.
ПО СМРТТА НА КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ИБРАХИМ РУГОВА Комитетот што го организира погребот на косовскиот претседател Ибрахим Ругова, закажан за денеска, соопшти дека погребот ќе има „национален и државен карактер“, забележително исклучувајќи го верскиот карактер, јави новинската агенција АФП.
УНМИК ПОБАРА ПОМОШ ОД КАБИНЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЦРВЕНКОВСКИ На УНМИК им било препорачано од неколку земји за помош да се обратат до Македонија, која церемонијата на погребот на трагично починатиот претседател на државата Борис Трајковски го организираше до совршенство.
ПОМОШ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА КОСОВО Јавното аеродромско претпријатие "Македонија" и Македонската телевизија ќе им помогнат на косовските власти во организацијата на погребот на претседателот Ибрахим Ругова. Дел од авионите на странските делегации, што денеска ќе пристигнат за последното испраќање на ...
Косово во длабока тага за човекот кој пред 16 години ја поведе битката за независност Многу странски државници се очекуваат на погребот Од наШиот известуваЧ Димитар Чулев ПриШтина - Илјадници луѓе вчера во Приштина чекаа со часови на главната приштинска улица "Мајка Тереза° да му оддадат почит на ...
Косовскиот претседател Ибрахим Ругова, кој почина на 22 јануари од рак на белите дробови, ќе биде погребан денеска во 14 часот на гробиштата населбата Велонија во Приштина. Приштина, 26 јануари (МИА) - Косовскиот претседател Ибрахим Ругова, кој почина на 22 јануари од рак на белите дробови, ќе биде ...
Скопскиот аеродром денеска ќе му даде логистичка поддршка на приштинскиот аеродром, кој не е во можност да ги прими сите авиони со кои ќе допатуваат државните делегации за да присуствуваат на погребот на починатиот косовски претседател Ибрахим Ругова.
Претседателот на Косово Ибрахим Ругова е погребан на гробиштата во приштинската населба Веланија. Ковчегот со телото на лидерот на косовските Албанци беше положен до гробницата на загинатите припадници на ОВК. Претседателот на Косово Ибрахим Ругова е погребан на гробиштата во приштинската населба ...
ЕДЕН ДЕН ПРЕД ЗБОГУВАЊЕТО СО КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ И вчера во Приштина не беше сосема сигурно дали на погребот на Ибрахим Ругова денеска ќе присуствува и Борис Тадиќ, откако медиумите и анонимни косовски функционери оценија дека српскиот претседател е непожелен на церемонијата.
Парламентарните избори и реформите ќе ја диктираат брзината на Македонија на патот кон Европската Унија, уште еднаш потврдија претставниците на ЕУ, овојпат во Приштина. Парламентарните избори и реформите ќе ја диктираат брзината на Македонија на патот кон Европската Унија, уште еднаш потврдија ...
Околу 40 делегации на држави и претставници на меѓународни организации ќе присуствуваат денеска во Приштина на последното испраќање на претседателот на Косово, Ибрахим Ругова(61), соопшти Одборот за закоп формиран од косовската Влада.
ИБРАХИМ РУГОВА ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН УТРЕ ВО ПРИШТИНА Починатиот претседател на Косово, Ибрахим Ругова, ќе биде погребан утре на гробиштата во Приштина, без верска церемонија. Погребот ќе биде спроведен според протоколот на претседателскиот кабинет, а церемонијата ќе ја раководи Саљи Цацај, политички ...
ЗНАМИЊАТА ВО ДЕБАР НА ПОЛОВИНА КОПЈЕ Сунчица Стојановска Општината Дебар драстично го прекршува законот за употреба на знамињата и за тоа треба да одговора, велат правниците откако градоначалникот завчера ги спушти на половина копје знамињата пред општината во знак на жалост поради смртта на ...
ПО СМРТТА НА КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Починатиот косовски претседател Ибрахим Ругова утре ќе биде погребен на гробиштата на загинатите припадници на Ослободителната војска на Косово, јави српската новинска агенција Бета. - Негова желба беше да биде погребен на гробиштата на мачениците, односно на ...
Приштина, 25 јануари - Косово вчера го одби барањето на српскиот претседател Борис Тадиќ да присуствува на погребот на Ибрахим Ругова. "Борис Тадиќ не е добредојден на погребот, особено по неговите последни коментари", изјави висок косовски официјален претставник.
Љубинко Тодоровиќ, заменик на косовскиот омбудсман, тврди дека косовскиот претседател починал пред три недели и оти неговата смрт била објавена во "вистински момент" за да може да се одложат преговорите, пишува српскиот таблоид "Старт".
Косово го одби барањето од српскиот претседател Тадиќ го упати барањето во понеделникот, истакнувајќи дека би било соодветно за српскиот претседател да оди во Косово кое е дел од територијалниот интегритет на Србија ПРИШТИНА - Косово вчера го одби барањето од српскиот претседател да присуствува на ...
Со 15 дневната жалост за Ругова, Албанците купуваат време и за да добијат одложување на почетокот на преговорите за идниот статус на Косово, изјави директорот на меѓународната кризна група Алекс Андерсон. Тој истакнува дека за овие две недели можна е промена на политичката сцена во покраината.
Одборот за погребната церемонија на косовскиот претседател Ибрахим Ругова објави 15-дневна национална жалост. Денот кога ќе биде погребан Ругова ќе биде неработен, а во другите денови нема да има културни и спортски активности.
Според извори од Кабинетот Претседателот Бранко Црвенковски ќе ја предводи македонската делегација која в четврток во Приштина ќе присуствува на погребот на косовскиот лидер Ибрахим Ругова. Тоа практично ќе биде прв престој на македонскиот шеф на државата во Косово.
ПОЛИТИЧКИ КОМБИНАЦИИ НА КОСОВО ПО СМРТТА НА РУГОВА Засега никој не се осмелува да прогнозира кој би можел да го наследи Ибрахим Ругова на функцијата претседател на Косово, но аналитичари во провинцијата укажуваат дека е многу поважно кој ќе биде новиот претседател на Демократскиот сојуз на Косово, ...
ПРИШТИНА, 24 јануари (Ројтерс) - Косовскиот претседател и пацифист Ибрахим Ругова ќе биде закопан неделава покрај загинатите борци од војната во покраината од 1998-99 година, во редок гест на единство меѓу етничките Албанци. "Негова желба беше да биде закопан на гробиштата на мачениците", соопшти ...
По смртта на косовскиот претседател Ибрахим Ругова, преговорите за статусот на Косово ќе бидат одложени на неодредено време, оценува францускиот весник "Фигаро". - По смртта на Ругова остана празнина, за која ќе биде тешко да се пополни, бидејќи ниту еден од потенцијалните наследници ја нема ...
ПО СМРТТА НА КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ По смртта на косовскиот претседател Ибрахим Ругова, албанските медиуми се занимаваат главно со фалби за покојниот претседател, додека српските медиуми најавуваат борба меѓу неговите наследници.
Македонската делегација на погребот на Ибрахим Ругова ќе ја предводи претседателот Бранко Црвенковски, а во неа ќе бидат и вицепремиерот Муса Џафери и министерката за надворешни работи Илинка Митрева. Се очекува на погребот да присуствуваат низа шефови на држави, како Стипе Месиќ од Хрватска и ...
Поради смртта на Ругова Премиерот Владо Бучковски ја одложи тридневнната посета на Албанија поради смртта на косовскиот претседател Ибрахим Ругова. Во Албанија е прогласена тридневна жалост по повод смртта на Ругова. Бучковски требаше да се сретне во Тирана со албанскиот премиер Сали Бериша и со ...
Смртта на претседателот Ибрахим Ругова ги одложи преговорите за статусот на Косово и ја отвори вратата за нова дестабилизација на покраината. Ругова, чиј авторитет и популарност кај косовското население беа неприкосновени, не остави наследник кој ќе може барем делумно да го компензира неговото ...
Албанската погранична полиција денеска ја зголеми безбедноста за еден степен во граничниот појас кон Косово, по смртта на косовскиот претседател Ибрахим Ругова, јави дописникот на Макфакс. „Безбедноста е зголемена од трет на втор степен, што подразбира зголемување на бројот на погранични полициски ...
Смртта на косовскиот претседател Ибрахим Ругова можно е да предизвика радикализација на приликите на Косово во зависнот од тоа која политичка опција на косовските Албанци ќе победи во борбата за власт, ијзави американскиот аналитичар Даниел Сервер.
Ковчегот со телото на починатиот претседател на Косово Ибрахим Ругова денеска е изложен во холот на Собранието во Приштина, а прв почит му оддаде косовскиот премиер Бајрам Косуми со делегација од Владата. Почит на починатиот Ругова му оддадоа и шефот на американската канцеларија во Приштина Филип ...
митко билЈаноски Ибрахим Ругова не се разделуваше од свилениот шал. Еднаш рече дека си ветил оти нема да го извади шалот се додека Косово не биде независно. Ругова завчера почина, со шалот на врат. Човекот што целиот живот го посвети на борбата за независност на косовските Албанци не дочека да го ...
КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЈА ЗАГУБИ БИТКАТА СО РАКОТ Косовскиот претседател Ибрахим Ругова во средата почина, по кратка борба со рак на белите дробови, на 61-годишна возраст. - Борбата со ракот ја водеше со големо достоинство и храброст, до последниот здив - изјави Мухамед Хамити, портпарол на Ругова.
РЕАКЦИИ ПО СМРТТА НА КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Се надеваме дека смртта на косовскиот претседател д-р Ибрахим Ругова нема да го дестабилизира Косово, порачаа и претседателот Бранко Црвенковски и Владата во своите писма со сочувство упатени до претседателот на косовското Собрание Неџат Даци.
Ковчегот со телото на починатиот претседател на Косово Ибрахим Ругова денеска е изложен во холот на Собранието во Приштина, а прв почит му оддаде косовскиот премиер Бајрам Косуми со делегација од Владата. Приштина, 23 јануари (МИА) - Ковчегот со телото на починатиот претседател на Косово Ибрахим ...
ПЕТДНЕВНА жАЛОСТ ВО ПОКРАИНАТА Смртта на косовскиот претседател Ибрахим Ругова, привремено ги одложи преговорите за статусот на Косово, закажани за в среда во Виена. Ругова, симболот на борбата за независност на провинцијата, почина завчера од рак на белите дробови, оставајќи голема празнина во ...
ПРИШТИНА (АП) - Косовските законодавци, некои со солзи, вчера со едноминутно молчење му оддадоа почит на покојниот косовски претседател Ибрахим Ругова кој почина во саботата и ветија дека ќе продолжат да се борат за остварување на неговиот животен сон - независност од Србија.
Како се развиваше политичкиот подем на Ибрахим Ругова Косовците повеќе го преферираа мирниот човек отколку извиканите команданти Петдневна жалост прогласија косовските власти по смртта на Ибрахим Ругова, човекот чие име за косовските Албанци и сега и во минатото и, најверојатно, и во иднина ќе се ...
По смртта на претседателот Косово, влегува во уште еден историски трусен период Димитар Чулев Косовскиот претседател Ибрахим Ругова ја загуби битката со ракот на белите дробови и почина во саботата претпладне во својата резиденција во Приштина, во кругот на своето семејство, на 61 година.
Приштина, 23 јануари (МИА) - Косовското Собрание објави петдневна жалост по повод смртта на претседателот Ибрахим Ругова, кој почина завчера на 61- годишна возраст. Погребот на Ругова ќе се одржи в четврток на 26 јануари, изјави вчера за косовското радио портпаролот на Ругова, Мухамет Хамити.