Фестивалот Sindays , вечерва продолжува со унгарскиот филм "Контрола" на режисерот Нимрод Антал, во официјалната конкуренција. Овој филм македонската публика веќе имаше шанса да го види на годинешниов фестивал "Браќа Манаки" каде што директорот на фотографија Ѓулас Падос ја доби Сребрената камера ...
- Очекуваме до крајот на годинава да имаме експертска верзија на новиот закон за верските заедници. По изработката на проект-законот, со учество на работни групи од сите верски заедници и религиозни групи, ќе дебатираме за сите прашања кои се отворени на релацијата држава - верски заедници.
Неговата игра не може да се опише. Таа е спој на неверојатна леснотија, уметност, умешност доведена до маѓепсништво, која, кога ќе се спои со неговата уникатна реализација на "епски” голови, доведува до фудбалска перфекција. Бразилецот Роналдињо, кога дојде во најпопуларниот каталонски клуб, ...
СВР Скопје и ОВР Свети Николе поднесоа кривични пријави против двајца полицајци, за првиот, вработен во полициската станица за граничен патен сообраќај Блаце, за сторено кривично дело примање поткуп, а пак за вториот, вработен во светиниколската полиција, за - фалсификување исправа.
По долг временски период, на сцената на Македонската опера, во вторник, премиерно ќе биде изведено дело од современ композитор, австриецот Готфрид фон Ајнем- "Посета од старата дама". Станува збор за македонско- австриска копродукција, каде што според договорот, освен композиторот, од Австрија ...
Здружението на граѓани кои го почитуваат ликот и делото на Јосип Броз Тито деновиве испрати отворено писмо со точно назначена "адреса"-институцијата Претседател на РМ. Чувствувајќи ја актуелноста на политичкиот миг, Здружението во писмото, што може да се именува и како скратен "историски час", го ...
Пишува: Митко Р. Јовановски Единство и победа на демократијата беа главните очекувања од вонредниот конгрес на кој се избираше нов лидер на СДСМ. Место тоа, највисокиот партиски собир, што долго време се одлагаше од "необјасниви" причини, се претвори во неединство и нови делби.
Седумдесет и двегодишниот Божидар Јошевски го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи во средата доцнапопладнето во Прилеп, на крстосницата меѓу улиците "Маршал Тито" и "Браќа Ламески". Во моментите додека ја минувал улицата на него налетал автомобил "ауди А4".
Паркиралиштето што пред неколку месеци беше изградено во непосредна близина на плоштадот "Македонија", наскоро ќе биде опремен со наплатна рампа. Во околниот парк, деновиве, се копаше за поставување на неопходната инсталација, бидејќи, како што најавуваат во Градот, се работи за електронска опрема.
Комисијата за хартии од вредност на Србија, завчера попладне донесе решение со кое фирмата "Апурна"- заедничка компанија на Владе Дивац и францускиот "Даноне" - се дисквалификува од процесот за преземање акции од "Књаз Милош".
Поубава локација за црквичката "Св. Илија" во питорескното село Битуше, во чија панорамска слика најмаркантна точка е еден од најубавите македонски манастири - "Св. Јован Бигорски", чиниш како да не можело и да се најде. Битушани, дел тамошни, дел "раселени", решија, собраа пари и ја изградија ...
Вчерашниот ден пред Собранието на РМ, поголема група деца, пливачи, ватерполисти, тренери и родители ќе го паметат долго. Излегоа во студен ден, но со надеж дека претседателот на државата ќе ги прими, ќе ги ислуша, па можеби и ќе им вети нешто во врска со "комплицираните" барања да се отворат двата ...
Со британскиот филм "Ајрис" се отвора третата филмска вечер на Фестивалот на европски филм “Синедејс" кој се одржува во киното "Фросина" во МКЦ. Проекцијата на филмот на режисерот Ричард Аир ќе биде прикажана во 18 часот, а главните ролји им се доверени на Џуди Денч, Џим Броудбенд и Кејт Винслент.
Во Амбасадата на СЦГ во Виена, завчера по факс стигна писмо во кое извесна "Српска патриотска организација" им се заканува со смрт на Борис Тадиќ и Вук Драшковиќ. Организацијата ги осудува поради "предавство", првенствено поради соработката со Хашкиот трибунал.
Новите 24 фолк мелодии вечерва ќе го заокружат репертоарот на фестивалот "Роса", кој ќе се одржи во Универзална сала. Директен пренос на оваа ревијална манифестација од 20:30 часот ќе има на Канал 5. Програмата ќе ја води Сузана Турунџиева, а неа ќе ја сочинуваат песните: "Нема да се сменам" - ...
САЕМ ВО БЕРОВО Седумдесетина фирми, здруженија на граѓани и поединци од општините Берово и Пехчево се претставија на првиот саем "Малешевијата на дланка", кој во саботата и во неделата се одржа во Берово. Посетителите можеа да се запознаат со малешевските производи, со традицијата и да ги вкусат ...
Против Рамадан Шити (21) од село Димце, Косово-СЦГ, скопската полиција поднесе кривична пријава за сторено разбојништво. Делото што му се става на товар на Шити, според пријавата, го сторил на 9 октомври минатата година. Тој заедно со барем до овој момент две непознати лица, со закани со пиштол ...
Централното градско подрачје, од вчера е официјално закитен со нов, зелен украс - “Урбан парк". Станува збор за паркот на улицата “Железничка", спроти Геолошки завод кој по долги години запуштеност, конечно ја доби вистинката намена - место за одмор и рекреација.
Најновиот текст на Горан Стефановски, "Евримен", по својата праизведба на сцената на театарот "Меланж" во Лондон (по чиј нарачка беше и напишан) и постановката во белградското ЈДП, в сабота (20 ч.), премиерно ќе ја види и скопската публика во Драмскиот театар.
Вечерва (20 ч.), во Театар “Центар” ќе гостува битолскиот Народен театар со претставата "Спилиони" од Томислав Османли, во режија на Димитрие Османли. Драмата претставува историска фреска од воениот период. Се раскажува судбината на една млада Еврејка во едно граѓанско семејство во ...
"Ние ги следиме движењата во реалниот сектор и во зависност од тоа и ќе реагира монетарната политика. Значи, ако е потребно ќе ги зголемиме каматите на благајничките записи. Ниедна одлука не ја носиме врз основа на импресии или површни анализи и на крајот на краиштата, не работиме врз основа на тоа ...
Пишува: Митко Р. Јовановски Денеска СДСМ избира нов лидер на вонреден конгрес. Делегатите ќе се определуваат меѓу Владо Бучковски, Радмила Шеќеринска и Тито Петковски. Тоа е формалното што ќе стои на гласачките ливчиња. Реално тоа ќе биде "конечна пресметка" на двете силни групации, кои, по ...
Споменикот во кругот "Тетово-табак", кој на иницијатива на Здружението на историчари Албанци од Тетово почна да се гради на диво, а треба да претставува "трајно обележје за наводно масакрираните стотици Албанци во ноември 1944 година само поради нивната национална припадност", наместо да се урне ...
Дрогата спакувана во 18 пакетчиња е пронајдена под седиштето на возачот и на совозачот на автомобил "сеат алхамбра" со којшто управувал македонскиот државјанин А.И., извести вчера на прес-конференција во Винковци, заменик-началникот на осиечката царинарница, Марија Петровиќ.
Третиот тендер за продажба на Печатницата на ликвидираниот НИП "Нова Македонија" се затвора денеска во 12 часот, но до вчера немаше доставено ниту една финансиска понуда за овој објект проценет на десет милиони евра. Ова е третпат Печатницата со над 12 илјади квадратни метри да е понудена на ...
Грчко-италијански конзорциум ќе ја добие работата на изградба на втората фаза од обиколницата на Скопје, велат информациите од круговите на градежната оператива. Иако во Фондот за магистрални и регионални патишта велат дека изборот с&"238; уште не е направен и дека, наводно, конечниот збор ќе треба ...
МОСКВА, 24 НОЕМВРИ(МАКФАКС). - Покојниот палестински водач Јасер Арафат и другите врвни раководители на ослободителното движење дејствувале како вистински бизнисмени, вложувајќи милијарди долари во странски компании и остварувајќи годишен приход, исто така, мерен со милијарди долари.
На 1 декември, акциите на една од најголемите македонски компании скопски "Фершпед", конечно, ќе се појавата на официјалниот пазар на капитал. Ова беше одлучено на завчерашната седница на Одборот на директори на Македонската берза, според која, акциите на "Фершпед" и на "Метропол - ...
Две вооружени лица, завчеравечер ги нападнаа и ги ограбија вработените во аптеката "Чаир", лоцирана на улицата "Цветан Димов", во Скопје. Потоа тие излегле од таму и, повикувајќи се на извори од СВР, според сознанијата до кои дошле полицајците, со пленот в раце пеш избегале кон "Џон Кенеди".
Номинациите на четворицата кандидати од последното претседателство, дефинитивно потврдија дека беше невозможен договор на четворката Бучковски, Митрева, Шеќеринска и Поповски, на што се инсистираше во социјалдемократската партија.
Претставниците на "Апурни" побрзаа да изјават дека успеала нивната понуда за купување на мнозинскиот пакет акции во "Књаз Милош". Со тоа, заедничката фирма на компанијата "Данон" и кошаркарот Владе Дивац, според податоците од Централниот регистар на хартии од вредност, поседува повеќе од 54 отсто ...
Петмина наши кошаркари, интернационалци и еден тренер имаа бериќетен викенд. Стартерот Влатко Илиевски, во дресот на актуелниот шампион на Шпанија, Барселона, на гости, против Тау Керамика, во рамките на 10. коло славеше со 72:79.
Претседателот на СМК, Тодор Петров, бара нов закон за референдум. Иницијативата, што тој деновиве ја достави до пратениците во Собранието и до Владата, ја образложува со наметнатите дилеми околу правната аналогија на примената на постоечкиот закон.
Студ во становите, неисправна инсталација, покриви што прокиснуваат... се само дел од маките на пратениците од внатрешноста на Бугарија кои привремено живеат во становите добиени од Парламентот. Тие масовно се жалат на катастрофалните услови во кои треба да живеат.
Судската постапка за случајот "Раштански Лозја", продолжи со распит на сведоци предложени од Обвинителството. Иако, Судскиот совет планираше да сослуша неколкумина од нив, сепак, беше сослушан само еден. Нико Митревски, вчера исцрпно раскажуваше за настанот присетувајќи се на денот кога бил снимен ...
За цврстината на зборот и решителноста на министерот за култура Благој Стефановски, попознат како Баге, надалеку се слуша и нашироко се говори. Ете, така бидна и со назначувањето прв човек на Драмски театар. За смената на Димитар Станковски со неговата противкандидатка Силвија Јовановска се слушна, ...
Киев, 23 ноември (МИА). - Прозападниот опозициски украински лидер Виктор Јушченко ја повика Европа да изврши притисок врз украинската власт да го признае поразот на завчерашниот втор круг претседателски избори во земјата. "Денес повеќе од секогаш се надевам на меѓународното внимание кое треба да се ...
Вчера, на крстосницата меѓу улиците “Париска" и “Варшавска" во близина на гимназијата "Ѓорѓи Димитров" во скопската населба "Тафталиџе", се случи верижна сообраќајна несреќа помеѓу три автомобили. Во инцидентот две лица се полесно повредени.
Оазата што градските власти ни ја подготвија како декор и пријатна предновогодишна атмосфера, изгледа кај нас тешко ќе опстои. По само два дена откако на плоштадот беа “посеани” три вештачки палми во црвена, жолта и зелена боја, со исти такви кокосови плодови - едната од нив падна.
Посетителите на Берово, викендов имаа можност да ја видат "Малешевијата на дланка". На саемската манифестација, што под ова име се одржа во салата "Карадак”, малешевските фирми и индивидуални производители ги претставија своите локални производи и спецификите на регионот.
Сојузната Влада е одлучна во барањето нејзините министри да се возат безбедно и удобно, "само" што нема склучено договор за замена на "фалкон 50" за луксузна варијанта "фалкон 2000". За таа "ситна замена" би требало да се доплати разликата во цена од околу 20 милиони долари.
ПРИЛЕП.- Владата на РМ, на седницата од 8 ноември, ја прифати иницијативата за Советот на Општина Прилеп за интензивирање на активностите за изградба на ХЕ "Чебрен" во Мариово - се вели во информацијата на Владата испратена во Прилеп.
Трите скопски гиганти “Алкалоид”, “Топлификација” и “Макстил”, и по деветте месеци од работењето годинава, се најпрофитабилните котирани компании, со најголема добивка. Заедно со винарската визба “Тиквеш“ од Кавадарци, фабриката “Карпош“ од Скопје и “Тетекс” од Тетово, буквално ја држат на нозе ...
Родителите кои не ги пуштаат децата во задолжителното основно образование, можат да заработат прекршочна пријава од Државниот просветен инспекторат. Паричните казни се многу мали и изнесуваат околу две илјади денари, а според досегашната практика на судството, тие често застаруваат и завршуваат во ...
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа меѓу автомобил "мерцедес" и автобус што во саботата околу 2 часот, се случила во Прилеп, на улицата "Моша Пијаде". До несреќата, според СВР Прилеп, дошло кога "мерцедесот" кој го управувал триесет и деветгодишниот прилепчанец Методија ...