Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски вчера му го довери мандатот за состав на нова влада на Хари Костов, досегашен министер за внатрешни работи, со што започнуваат да течат пропишаните рокови за составување на новиот владин кабинет.
ЦРВЕНКОВСКИ МУ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА КОСТОВ Бројот на министерствата засега останува ист, а нема да се менува ниту поделбата на ресорите меѓу трите партии од владејачката коалиција - СДСМ, ЛДП и ДУИ. Предлог-листата на министрите веројатно ќе се достави во Собранието веќе следната недела, така што ...
САШКО ДИМЕВСКИ Министерот Хари Костов, веднаш по седницата на Централниот одбор на СДСМ, на која му беше верификувана довербата да ја состави новата влада, во јавноста излезе со ставот дека неговото место во МВР ќе го преземе професионалец од структурите на Министерството.
Новоизбраниот шеф на државата и идниот премиер имаа прва официјална средба Новоизбраниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, вчера му го довери мандатот за состав на нова влада на Хари Костов, досегашен министер за внатрешни работи, со што почнуваат да течат пропишаните рокови ...
Кој е наследникот на Бранко Црвенковски во жешката фотелја Дали Костов ќе престане да се смее кога на премиерското биро во Владата ќе го отвори „тестаментот" од Црвенковски во кој што нема богатство туку фирми во штрајкови, прекубројна администрација, притисоци од етничките заедници и невратени ...
СОСТАВОТ НА ВЛАДАТА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА Составот и програмата на новата Влада ќе ги предложам наредната недела без значајни промени во ресорите и кадровските решенија, соопшти вчера Хари Костов по средбата со претседателот Бранко Црвенковски, кој му го предаде мандатот за состав на Владата.
Во новата Влада бројот, меѓупартиските распоред на министерствата и министрите нема да се менуваат, единствено ќе се бара нов министер за внатрешни работи, бидејќи ова место е испразнето, изјави досегашниот министер за внатрешни Хари Костов, откако и официјално претседателот Црвенковски му го ...
КОСТОВ ПОЧНА ДА ЈА СОСТАВУВА ВЛАДАТА Александра М. Митевска Хари Костов, мандатарот на новата влада, ќе ги остави речиси сите министри од кабинетот на својот претходник Бранко Црвенковски. Затоа, пак, ќе интервенира во вториот ешалон, за да се зајакне позицијата на ДУИ во власта.
Министер за внатрешни работи ќе биде Силјан Аврамовски, досегашен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Централниот одбор на СДСМ на завчерашната седница го потврди предлогот на Бранко Црвенковски, министерот за внатрешни работи Хари Костов да биде новиот мандатар и премиер.
ПРОМЕНИ Засега не се знае кој ќе биде новиот наследник на Костов на функцијата министер за внатрешни работи на Република Македонија. Тој рече дека веќе има предвид личност од редот на професионалците во МВР. Се шпекулира дека тоа ќе биде директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, ...
Како помина првиот состанок на највисокото партиско тело на СДСМ без Црвенковски Хари Костов како кандидат за мандатар доби акламативна поддршка од Централниот одбор на СДСМ, на чија седница првпат по тринаесет години не присуствуваше Бранко Црвенковски.
Идниот мандатар ги почна првите консултации за состав на новиот кабинет Либералдемократите бараат формирање нови министерства - за евроинтеграции и за јавни инвестиции Соња Крамарска Идниот мандатар Хари Костов изјави дека новата влада ќе ги задржи генералните насоки од досегашната владина ...
СДСМ СЕ РЕШИ ЗА НЕПАРТИСКИ МАНДАТАР Мандатарот Хари Костов изјави дека нема да има значајни промени во ресорите Значајни промени во однос на поделбата на ресорите помеѓу коалициските партнери и смена на министри во новиот владин кабинет нема да има, изјави прексиноќа мандатарот Хари Костов, откако ...
Дванаесетемина директори популарно наречени моќното бизнис лоби, вчера попладне на ручек во ресторанот на Скопска пивара го испратија Бранко Црвенковски на новата претседателска функција, а му посакаа добредојде на нивниот доскорешен бизнис пријател, нов Дванаесетемина директори популарно наречени ...
Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска му го довери мандатот за состав на нова влада на Хари Костов досегашен министер за внатрешни работи, со што започнуваат да течат сите пропишани рокови за составување на новиот владин каби Претседателот на Република Македонија Бранко ...
Хари Костов - банкар, владин советник, министер од утре мандатар. Политичката кариера ја започна како социјалист, во втората влада на Црвенковски заменик министер за надворешни работи, а од таму го испратија во Вашингтон како преставник во Светската банка.
Претседателот Бранко Црвенковски утре на Хари Костов ќе му го додели мандатот за состав на владата. И покрај очекувањата Костов многу бргу потоа да излезе пред собранието со предлог за состав на новата влада и со неговата платформа како премиер, многу порано од законскиот рок од 20 дена, според ...
ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА СДСМ ОДЛУЧИ Хари Костов да биде претседател на новата влада, а конгресот на СДСМ да се одржи наесен - се предлозите што Претседателството на владејачката партија вчера ги достави до Централниот одбор. Се очекуваше Централниот одбор, кој заседаваше неколку часа по ...
Прашањето за наследникот на Црвенковски во владата пред затворање Трансферот на Хари Костов премиерско место отвора комбинаторики околу неговиот наследник во МВР Хари Костов вчера доби зелено светло од централното Претседателство на СДСМ да биде номиниран за премиер на местото на Црвенковски.
Претседателството на Централниот одбор на СДСМ на вчерашната седница одлучи Хари Костов да биде кандидат на партијата за премиер на Република Македонија. Костов, актуелен министер за внатрешни работи, е предложен на местото претседател на Владата по Претседателството на Централниот одбор на СДСМ на ...
Хари Костов е наследникот на премиерската функција, ова го предложи претседателството на централниот одбор на СДСМ, кој со акламација го прифати овој предлог. Кои ќе бидат ваши приоритети како премиер? Засега сум само наследник на мандатарската функција, фактички Собранието она што ќе го изгласа ...
АХМЕТИ ЗА БИ-БИ-СИ Демократската унија за интеграција ја поддржува кандидатурата на Хари Костов, актуелниот министер за внатрешни работи, за нов премиер на Македонија. Ова го изјави Али Ахмети, лидер на ДУИ, за Би-би-си, по средбата со Црвенковски и Костов.
ДОГОВАРАЊАТА ЗА ВЛАДАТА СЕ СЕЛАТ ВО ПАРТИЈАТА ДУИ се согласила Хари Костов да биде мандатар на владејачката коалиција за состав на новата влада. Тој, пак, е спремен да го прифати предизвикот, но под услов во СДСМ да има расположение да не му се мешаат премногу во работата и да не брзаат да го ...
Од денеска практично Владата на досегашниот премиер Црвенковски е во оставка, а Костов по завршувањето на процедурите во наредните денови за преземање на мандатот треба да ги почне консултациите за составувањето на новата влада.
Финишираат преговорите за претседателското место во владата Се уште не е расчистено прашањето дали Костов ќе биде преодно или постојано решение СОЊА КРАМАРСКА Преговорите за шефовското место во Владата финишираат и наследникот на Црвенковски на премиерската функција, како што се прогнозираше, ...
СДСМ БЕЗ ОДЛУКА Костов бара мандат од најмалку една година и поголема слобода во функционирањето на владиниот кабинет Раководството на СДСМ с$ уште не решило кој ќе биде новиот премиер бидејќи не е постигнат договор дали премиерската и лидерската функција ќе се раздвојат, дознава ?Дневникк?.
Вчера вечер, додека траеше владината седница, во премиерскиот кабинет Црвенковски, Костов и Ахмети одлучија Хари Костов да биде наследникот на Црвенковски на премиерската функција. Се уште не се открива кој ќе го наследи Костов во Министерството за внатрешни.
Премиерските комбинации во СДСМ се при крај. Некои работи стануваат појасни СОЊА КРАМАРСКА Министерот за внатрешни работи, Хари Костов, е пред конечната одлука дали да ја прифати понудата за премиер, велат извори од Владата и од СДСМ.
СРЕДБА ХАРИ КОСТОВ - ИГЛИ ТОСКА ВО ОХРИД Костов и Тоска се согласни дека Албанската национална армија (АНА) не е поголема опасност за безбедноста на Македонија, оценија министрите за внатрешни работи на Македонија и на Албанија, Хари Костов и Игли Тоска.
За десет секунди, во саботата на Бранко Црвенковски му беше врачено уверението од Државната изборна комисија со кое се потврдува дека тој е избран за претседател на државата. Со овој чин Комисијата му ја верификуваше победата на Бранко Црвенковски, а изборите ги прогласи за завршени.
Според министрите за внатрешни работи на Македонија и на Албанија ОХРИД - Во министерствата за внатрешни работи на Македонија и на Албанија постои позитивна атмосфера за продлабочување на соработката, особено на планот на обезбедувањето на границата и борбата против организираниот криминал.
ПРЕМИЕРСКО-ЛИДЕРСКИ ДИЛЕМИ КАЈ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ Името на новиот мандатар ќе се знае најдоцна до среда Хари Костов е во дилема дали да ја прифати премиерската функција, зашто во СДСМ с$ уште не е одлучено дали мандатарската и лидерската улога ќе бидат концентрирани во една личност или ќе се ...