Најмалку две илјади мисирки угинаа од болеста птичји грип во западниот дел од Турција, јави синоќа Си-ен-Ен Турк. Тоа е прв случај на појава на таа болест во Турција. „Во петокот за несреќа, откривме случај на птичји грип. Се е под контрола, преземени се сите заштитни мерки за да се спречи ...
Брисел Европската унија (ЕУ) денеска изрази сомневања дека во Македонија има случај на птичји грип и додава оти Унијата е подготвена да испрати експерти во земјата доколку Македонија го побара тоа. Ова штотуку го јавија западните агенции, повикувајќи се на неименуван висок претставник во Брисел.
Букурешт Вирусот на птичји грип што е откриен во Романија и во Русија е од смртоносниот тип H5N1. Информацијата попладнево ја соопштија романските и руските власти, врз основа на добиените резултати од лабораториските испитувања.
Лондон Владата на секоја држава треба да именува министер кој би ги координирал активностите и одговорите на заканите од птичјиот грип, пишува во денеска објавениот коментар, координаторот на ООН за глобална подготвеност во случај на пандемија на птичји грип Дејвид Набаро.
Будимпешта Унгарските власти соопштија вечерва дека произвеле прототип на вакцина против птичјиот грип, која освен врз птиците е ефикасна и врз луѓето. Прототипот на вакцина е многу важна етапа од пронаоѓањето вистински лек против смртоносниот вирус H5N1 и спречувањето на евентуална пандемија од ...
Анкара Турската влада ја зајакна контролата по откривањето на првите случаи на птичји грип на една фарма за мисирки во северозападниот дел на земјата, јавија агенциите. Градоначалникот на Кизикс, каде избувна болеста најави дека ќе ги усмртат сите пилиња, како и кучињата скитници, а фармата веќе е ...
Варшава Полска, Чешка и Словачка се во паника поради можна епидемија на птичји грип каде масовно се продава антивирусниот лек ’Тамифлу“ и се вршат подготовки за можно ширење на вирусот. Градската полиција во Варшава веќе започна да врши контроли на пазарите за тоа дали се почитува забраната за ...
Москва Помор на домашни птици е регистриран последните четири дена во руското село Јандовка, на 350 километри од Москва, каде угинале една десетина од сите домашни птици, јавуваат локалните гласила. Според регионалниот Центар за епидемиологија и хигиена, причина за угинувањето на птиците е силно ...
Атина Вонредни мерки ќе бидат воведени денеска на грчките острови во Егејското море, откако на еден од нив, блиску до границата со Турција, е регистриран вирус на птичји грип. Грчкото Министерство за земјоделство синоќа потврди дека во земјата е регистриран прв случај на птичји грип, откриен кај ...
Битола Заштитна зона од 3 до 7 километри, како и уништување на сите преостанати пердувести животни во битолското село Могила наредија попладнево македонските власти поради сомневање од појава на птичји грип. Репортерот на Макфакс јави попладнево дека веќе се пристапило кон уништување на живината и ...
Сиднеј Австралија ќе ја разгледа можноста да го вакцинира целокупното 20-милионско население на земјата против птичји грип, ако вакцината за луѓе се покаже за успешна, соопшти локалното Министерство за здравје. Според министерот Тони Ебот, Владата соработува со фармацевтската компанија ЦСЛ за да ...
Букурешт Романските власти по откривањето на првите случаи на птичји грип во Европа денеска воведоа карантин на целото подрачје на речната делта на Дунав и округот Тулчеа. Лабораториските тестови во Букурешт синоќа покажаа присуство на антитела на птичји грип кај три угинати пајки во едно село во ...
Атина Продажбата на живинско месо нагло опадна во Грција откако изби стравот поради птичјиот грип, и покрај предупредувањата на властите и објаснувањата на лекарите оти нема место за паника. По една недела возбудувања во јавноста поради појавата на вирусот во Турција и во Романија, птичјиот грип ...
Вирусот на птичјиот грип за прв пат е откриен во фабрика за одгледување и преработка на живина, што се наоѓа во Курганска област во азискиот дел на Русија, на границата со Казахстан, соопштија денеска надлежните руски власти.
Според весникот "Имерсија" Атина - На Грција и на другите балкански земји им се заканува епидемија од птичји грип, бидејќи спаѓаат во реонот со висок ризик од појава на смртоносниот вирус, објави вчера грчкиот весник „Имерисија", повикувајќи се на извештај на специјална комисија од експерти од ...
Откритие на американски научници кои се обидуваат да ја спречат пандемијата наречена птичји грип Двете други големи пандемии на грип во 20 век, во 1957 и 1968 година, биле предизвикани од човечки вируси на грип, кои имале два или три клучни гена од вирусот на птичјиот грип Шпанскиот вирус на грип ...
РЗЗЗ БУДНО ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА СО СМРТОНОСНАТА БОЛЕСТ БЕЗ ТЕСТОВИ ЗА ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ Епидемија од птичји грип му се заканува на целиот Балкан бидејќи спаѓа во реонот со висок ризик од појава на смртоносниот вирус објавува грчкиот весник "Имерисија", повикувајќи се на извештај на специјална ...
Њујорк Птичјиот грип веројатно ќе се прошири и во Африка и Блискиот исток, каде ќе биде многу поопасен отколку во Азија, предупредија ветиринарни експерти. Во извештајот објавен во научното списание “Нејчер“ се посочува дека првите птици преселници веќе пристигнале во источна Африка и можат да го ...
Атина Грчкото Министерство за земјоделство потврди вечерва дека е регистриран прв случај на птичји грип во земјата. Присуството на птичјиот грип е утврдено врз основа на резултатите од лабораториските тестови извршени врз птици од егејскиот остров Хиос.
Копенхаген Македонија, заедно со Туркменистан и Молдавија, се единствените земји-членки на Светската здравствена организација (СЗО) од Европа кои немаат изготвено било каква стратегија во борба со птичјиот грип доколку тој се претвори во пандемија.
Куманово Републичкиот ветеринарен инспекторат и ветеринарната управа на Република Македонија по целосно извршените анализи на 13 диви гулаби, 8 кокошки и една шатка, потврдија дека во Куманово и Кумановско нема птичји грип, јавува Макфакс.
БУШ БАРА ПОГОЛЕМА МОЌ ОД КОНГРЕСОТ Американскиот претседател Џорџ Буш побара дозвола да ја користи војската за одржување карантин при евентуална епидемија на птичји грип, јави Ројтерс. Буш ги извести конгресмените дека при случај на таква епидемија, веројатно ќе биде неопходно ангажирање на ...
Лондон Пандемија на птичји грип би можела да убие околу 50 илјади лица во Британија, предупреди денеска високиот претставник во локалното Министерство за здравство Лиам Доналдсон. “Луѓето немаат природен имунитет за овој тип на грип, бидејќи ваков вид се уште не се појавил.
Москва Русија пријави синоќа пронаоѓање вакцина против птичји грип, која е во фаза на прототип. Вакцината ќе биде проверена на 20 доброволци во ноември, соопшти Научно истражувачкиот институт за грип при руската Академија на медицинските науки од Санкт Петерсбург.
Пекинг Ново, седмо жариште на птичји грип е откриено во Кина во централната покраина Хенан, изјави денеска во Пекинг портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) наведувајќи дека со вирусот се заразени околу 2.500 птици.
Варшава Полската Влада издвои 75 милиони евра за борба против птичјиот грип и изготви детален план за дејствување на надлежните служби во случај на епидемија на оваа болест. Сите надлежни институции, ветеринарната служба, здравството и државната администрација кон средината на ноември ќе одржат ...
Загреб Вирусот на птичји грип, регистриран во Хрватска, е од типот H5N1, што е смртоносен за луѓето, соопшти денеска претставник на хрватската ветеринарна управа, цитиран од агенцијата Франс прес. Според Владимир Савиќ од хрватската ветеринарна управа, смртоносниот тип на птичјиот грип е откриен ...
Хаипонг Нова пандемија е неминовна и светот мора да се подготви за борба против птичјиот грип и други потенцијално смртоносни вируси, објавија денеска највисоки експерти на американската Влада. Директорот на Националниот институт за алергологија и инфективни болести Антони Фаучи, денеска во ...
Скопје Мерките што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги презема за заштита, спречување и навремено реагирање во случај на појава на птичји грип во Македонија денеска треба да бидат разгледани од ресорната собраниска Комисија.
Љубљана Словенија воведе строги мерки за спречување на ширењето на заразата од птичјиот грип, забранувајќи држење на живината и останатите птици на отворено. Живината мора да биде во затворени простории каде нема да има контакт со дивите птици.
Берлин Резултатите од пронајдените примероци на мртви гуски и пајки преселници во Германија, се очекуваат денеска, јавија агенциите. Во Германија вчера на едно езеро во близината на градот Нојвид се пронајдени 25 мртви гуски и ...
Санк Петерсбург Русија има вакцина за птичји грип уште од мај минатата година и сега треба само да се испита, изјави денеска Олег Кисељов, директор на Научно-истражувачкиот институт во Санкт Петерсбург. Според него, засега во Русија нема пандемија од експлозивен карактер, но нагласи дека очекува ...
Софија Бугарија денеска забрани увоз на живи птици, јајца и пилешко месо од Македонија, откако во земјата е откриен сомнителен случај на птичји грип како и атипичната чума, кај живината. Македонските ветеринарни служби потврдија атипична чума кај живината во битолско и во кумановско, а уште пред ...
Брисел Владите на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) мора да ги дефинираат ризичните области за појава на птичјиот грип и да го минимизираат ризикот од ширење на оваа болест, соопшти денеска Комисијата. “Мерките на биолошка безбедност бараат од сите земји-членки на ЕУ да превземат соодветни ...
Џакарта Индонезија потврди четврти смртен случај кај човек од последиците од птичјиот грип. Властите во Џакарта, не наведувајќи други детали соопштиja дека станува збор за 23-годишно лице од провинцијата Западна ...
Брисел Според досегашните сознанија во Македонија нема птичји грип, соопшти денеска Европската комисија, но, додаде дека за конечна потврда треба да се извршат дополнителните анализи. “Колку што ми е познато, резултатите од извршените испитувања не покажуваат присуство на птичји грип, но, и покрај ...
Брисел Европската комисија денеска забрани увоз на живи птици, пердуви, како и на месо од диви птици од Хрватска, откако во земјата е потврдено присуство на птичји грип кај диви лебеди, соопштено е денеска во Брисел. Тестовите за конечно утврдување на видот на вирусот во Хрватска се уште се во тек.
Лондон Најмалку еден милион деца, возрасни и хронични болни во Велика Британија ќе мора што поскоро да бидат вакцинирани против птичји грип, поради опасноста од појава на пандемија. Приоритет ќе имаат децата кои патат од астма и шеќерна болест, како и лицата постари од 65 години и лицата со тешки ...
Отава Претставници на здравствените организации од повеќе од 30 земји денеска се сретнаа во Отава за да ги усогласат меѓународните напори за запирање на ширењето на птичјиот грип, болест од која досега умреле 60 лица. На дводневната конференција организирана од канадското Министерство за здравство, ...
Пекинг Кина на целата своја територија воведе денеска вонредни мерки за превенција од епидемија на птичји грип. Живината на фармите задолжително се вакцинира, а во поголемите градови воведена е санитарна контрола за сите кои влегуваат.
Сеул Светската здравствена организација (СЗО) предупреди денеска дека само прашање на време е кога светот ќе биде зафатен од пандемија на птичји грип. “Ако се суди според актуелната состојба, само прашање на време е кога ќе избувне пандемија од птичји грип“, изјави во Сеул генералниот директор на ...
Скопје Светската здравствена организација (СЗО) предупреди денеска дека само прашање на време е кога целиот свет ќе биде зафатен од птичји грип, во истовреме, кога од соседните и блиски земји на Македонија стигнуваат се подраматични вести.
Атина Грчкото Министерство за земјоделство денеска ги повика Македонија, Албанија и Бугарија да ја укинат забраната за увоз на грчки птици, откако испитувањата покажаа дека во оваа земја нема птичји грип. Заменик министерот за земјоделство Александрос Контос испратил писмо до заменик министерот за ...
Брисел Европската комисија денеска забрани увоз на живи птици и сите видови птичји продукти од Романија, откако синоќа беше потврдено присуство на вирус на птичји грип во таа земја. “Тројца експерти од европски лаборатории, кои беа испратени во Романија, потврдија дека вирус H5 на птичји грип е ...
Брисел Вирусот на птичјиот грип што е регистриран во Турција е од смртоносниот за луѓе тип H5N1, соопшти денеска Европската комисија, додавајќи оти за истиот тип веројатно станува збор и во Романија. “Попладнево добивме потврда дека вирусот, откриен во Турција, е од високо патоген тип H5N1“, изјави ...
Лондон Британската влада ја повика Европската унија да забрани увоз на живи птици од целиот свет, откако еден папагал, заразен со вирусот на птичјиот грип, умре во карантин во Британија, јавуваат денеска британските медиуми. Заменик министерот за природна околина Бен Бредшо рече дека очекува ...