TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пукано во штаб на ДУИ во Тетово

А1 - 18.05.2008

Три непријатности за десетина дена му го нарушија спокојниот пензионерски живот на 75-годишниот Шабан Беќири од тетовската населба Тетекс. Рано утрово со осум куршума од пиштол изрешетан е локалот од неговата куќа, во кој е сместен штаб на ДУИ.

Повторно изрешетен штаб на ДУИ во Тетово

Канал5 - 18.05.2008

Со истрели од пиштол оштетен е изборен штаб на ДУИ во месната заедница Тетекс во Тетово. Инцидентот се случи утрината околу 4.20 часот. Неколку лица од автомобил марка голф со тетовски таблици истрелаа 7 до 8 куршуми кон штабот на партијата на Ахмети.

Ахмети: ДПА уништи се што направивме за 4 години

А1 - 17.05.2008

Бараме промени. Тие се исти со барањата на НАТО и ЕУ. Оваа земја сака стабилност и безбедност. Без овие работи и не може да има економска перспектива зошто странските инвеститори бараат гаранција за нивната инвестиција. Ова на жителите на Требош им го рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

ДУИ од Гостивар ја обвини ДПА за серија напади и инциденти

Канал5 - 17.05.2008

На 10 мај во три по полноќ при поставувањето на пропагандните материјали во Гостивар активистите на ДУИ биле нападнати од деветмина активисти на ДПА кои во соопштението се наведени со име и презиме, вооружени со калашникови, пиштоли и железни шипки.

Продолжија престрелките, само со тешки зборови

Време - 16.05.2008

АТЕНТАТОРОТ НА АХМЕТИ СЕ ПРЕДАДЕ Ана Велјановска Вториот осомничен за пукањето во возилата на ДУИ во Раковец, Вулнет Џелили, завчера сам и се предаде на тетовската полиција. Џелили ја отфрли вината за која го сомничи полицијата и даде изјава која е спротивна од изјавата на Фарук Иљази, кој, пак, ...

Инцидентите реприза на изборното сценарио од 2006

Утрински - 16.05.2008

Ќе ги задржат ли уздите на своите партиските активисти лидерите на ДПА и ДУИ Гордана Дувњак Црвениот картон од Брисел и Вашингтон упатен до лидерите на ДУИ и ДПА, барем засега, делува смирувачки на инцидентите во албанскиот политички блок на почетокот на изборната кампања.

ДУИ и ДПА се скараа за плоштадот во Гостивар

Утрински - 16.05.2008

ГОСТИВАР - Гостиварските разграноци на ДПА и на ДУИ се скараа за градскиот плоштад околу тоа која од партиите ги исполнила процедурите за добивање термин за одржување предизборен митинг. На 13 мај гостиварскиот разгранок на ДУИ побара согласност од СВР-Гостивар за 28 мај во 19 часот да митингуваат ...

ДУИ бара виновниците за инцидентите да се пронајдат и да се казнат

Утрински - 16.05.2008

ДЕЛОГОЖДА - „Државата не треба да дозволи да има паралелни структури кои најчесто ги предизвикуваат предизборните инциденти и треба да им овозможи на институциите без притисок да ја вршат работата“. Ова беше пораката на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со жителите од струшкото село Дологожда ...

ДУИ: Тачи ги оправдува инцидентите

Дневник - 16.05.2008

Ених Мехмети, портпарол на изборниот штаб на ДУИ, изјави дека лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ги оправдува инцидентите и се обидува да ги скрие атентаторите. Со своите изјави Тачи ги заплашува Албанците да не гласаат и не' уверува дека останува верен на својата улога на касап и, за него, предизборната ...

Џелили се предаде во полиција

Вечер Прес - 16.05.2008

Првоосомничениот за оружениот напад врз раководството на ДУИ во тетовското село Раковец, Вулнет Џелили во средата попладне и се предаде на полицијата. Џелили кој од ДУИ беше посочен како главен виноовник за таканаречениот обид за атентат врз лидерот на партијата Али Ахмети, при полицискиот распит ...

ДУИ: Тачи да се дистанцира од предизборното насилство

А1 - 15.05.2008

ДУИ го осудува лидерот на ДПА Мендух Тачи зошто не се дистанцира од предизборното насилство. Побараа и од поглаварот на ИВЗ да го осуди нападот врз Ахмети кој бил извршен од минарето на џамијата во Раковец. „Жалиме што претседателот на ДПА не смогна сили да го осуди обидот за атентат врз ...

Нервозата спласнува, училиштата работат

Време - 15.05.2008

МВР ГИ ОТКРИ НАПАЃАЧИТЕ НА КОНВОЈОТ НА ДУИ Ана Велјановска Игор Чавески Фарук Иљази од Голема Речица и Вулнет Џелили од Раковец се осомничени дека пукале врз карванот на ДУИ во кој бил и лидерот на партијата Али Ахмети, соопшти МВР.

Притвор за двајца осомничени за пукањето во џипот на Ахмети

Вест - 15.05.2008

МВР поднесе кривични пријави против Фарук Иљази (31) од Голема Речица, Тетовско, и Вулнет Џелили (28) од Раковец, Тетовско, поради основано сомневање дека го сториле кривичното дело предизвикување општа опасност, кога пред четири дена во Раковец пукале со огнено оружје врз џипот на Али Ахмети, ...

Притисокот на странците го смири Тетово

Утрински - 15.05.2008

Атмосферата е стабилизирана, но сепак има страв од нова ескалација Гојко Ефтоски Јулијана Кимовска Web Update Џелили сам се пријави Вулмет Џелили (28) кој е првоосомничен дека пукал во лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера по 16 часот сам се пријавил во СВР Тетово.

ДУИ: Тачи да биде повикан на информативен разговор

Дневник - 15.05.2008

Шефот на Изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџети, вчера побара од органите на прогонот да ги повикаат на информативен разговор лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и потпретседателот на партијата, Имер Селмани, за да им дадат повеќе информации за неуспешниот обид за атентат врз лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Илјази го штител Ахмети од Џелили

Дневник - 15.05.2008

Триесет дена притвор вчера им изрече Основниот суд Тетово на Фарук Илјази (31) од Голема Речица и на Вулнет Џелили (28) од Раковец, по поднесената кривична пријава од МВР за предизвикување општа опасност. Илјази беше приведен во понеделникот, веднаш по инцидентот во кој беше пукано кон лидерот на ...

Џелили во 30-дневен притвор

Канал5 - 15.05.2008

Тетовскиот суд ја потврди мерката притвор од триесет дена за Вулнет Џелили, што му беше определена во отсуство пред два дена. Џелили кој според МВР и активистите на ДУИ е одговорниот за пукањето во конвојот на лидерот на ДУИ Али Ахмети во тетовското село Раковец, вчера сам и се предаде на ...

Шоферот во притвор "атентаторот" во бегство?!

Вечер Прес - 15.05.2008

Шефот на Изборниот штаб на ДУИ вчера обвини дека членот на личното обезбедување на претседателот на ДПА Мендух Тачи, Фарук Иљази пукал кон лидерот на ДУИ Али Ахмети во инцидентот во селото Раковец Полицијата поднесе кривична пријава, а истражен судија им одреди триесетдневен притвор на Фарук Иљази ...

Ахмети: На изборите да победи Македонија

А1 - 14.05.2008

Ахмети се приклучува кон апелите на меѓународната заедница дека не е важно кој ќе победи, важно е изборите да минат во најдобар ред, бидејќи во спротивно во прашање ќе биде доведена евроатлантската иднина на Македонија. „Над се, изборите се најголемиот тест за една држава, колку е демократијата ...

Вулнет Џелили и се предаде на полицијата

А1 - 14.05.2008

Вулнет Џелили, кој пукаше кон возилата на ДУИ во Раковец, доцна попладнево сам се и предаде на тетовската полиција. Оди во 30-дневен притвор, како синоќа што заврши Фарук Иљази. Се предал, но ја отфрли вината за која го сомничи полиција.

Тетово во страв

Време - 14.05.2008

ЗАТИШЈЕ ВО ИЗБОРНИТЕ ИНЦИДЕНТИ МЕЃУ ДУИ И ДПА Маја Блажевска По речиси една недела насилство, завчерашната ноќ во тетовскиот и во гостиварскиот регион помина мирно. По оружениот напад врз конвојот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не е забележан ниту еден посериозен инцидент.

Жив штит околу Ахмети

Вест - 14.05.2008

ДУИ ОДРЖА ПРОТЕСТ ВО ТЕТОВО ПО ЗАВЧЕРАШНОТО ПУКАЊЕ ВО КОЛАТА НА ЛИДЕРОТ Вчера ДУИ организираше голем протестен митинг на градскиот плоштад во Тетово, како одговор на завчерашниот вооружен инцидент во тетовското село Ораховец, кога се пукаше во блиндираното "ауди" на Али Ахмети, што самиот тој и ...

ДУИ протестираше во Тетово по нападот врз Ахмети

Утрински - 14.05.2008

Нема да потпаднеме на провокации кои се антиалбански сценарија, нагласи Али Ахмети Гојко Ефтоски Светлана Унковска Тетово - Едно лице е приведено, а по второто се трага, по завчерашниот напад на три возила од партискиот конвој на ДУИ во тетовското село Раковец, кој партијата го оквалификува како ...

Изборен терор

Утрински - 14.05.2008

ЕДИТОРИЈАЛ Оливера Војновска Што ли ќе се случува до изборите, но и на самиот ден на гласањето кога кампањата стартуваше со пукање во автомобилот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, настан што тој самиот го оквалификува како обид за атентат? Никогаш во Македонија антагонизмот меѓу партиите на Албанците ...

Општина Струга се солидаризира со Ахмети

Утрински - 14.05.2008

Струга - Општина Струга во знак на протест поради завчерашниот обид за атентат на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера не работеше, соопшти локалната самоуправа. Зградата на Општината во центарот на градот вчера беше затворена, а на влезот беше истакнато соопштение на албански и македонски јазик.

Тачи и Ахмети со беса за мир пред Груевски

Дневник - 14.05.2008

Апели за стивнување на тензиите вчера упатија и шефот на државата и странските амбасадори Мирно и без инциденти, но напнато, со многу нови меѓусебни обвинувања на албанските партии и со протест на ДУИ во Тетово, мина вчерашниот предизборен ден во Македонија.

Предизборните средби ДУИ ги продолжи денеска во општината Врапчиште

Канал5 - 14.05.2008

Два дена по вооружениот напад врз али Ахмети во Раковец, ДУИ го продолжи предизборниот карван. Денеска партискиот врв беше во гостиварско Врапчиште каде што се сретнаа со своето членство. Два дена по вооружениот напад врз али Ахмети во Раковец, ДУИ го продолжи предизборниот карван.

Откриени лицата кои пукаа во партиските возила на ДУИ

Канал5 - 14.05.2008

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 31-годишниот Фарук Иљази од тетовска Голема Речица поради основано сомнение дека извршил кривично дело предизвикување на општа опасност. Тетово, 14 мај (МИА) - Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против ...

Џелили и се предаде на полицијата

Канал5 - 14.05.2008

Вулнет Џелили, првоосомничениот за пукањето во автомобилот на Ахмети во тетовското село Раковец, доцна попладнето сам и се предаде на полицијата. Во полициската станица во Тетово во придружба на неговиот адвокат Зуди Иљази, Џелили за кого ДУИ тврди дека е дел од личното обезбедување на лидерот на ...

Ахмети повикува на смиреност, членството на насилство?!

Вечер Прес - 14.05.2008

И покрај смирувачките пораки на првите луѓе на ДУИ, во кои беа осудени инцидентите, од насобраната толпа можеа да се чујат и воинствени пораки. Ахмети не се плаши, го имаш Скопје полно со барут, извикуваа присутните на протестот Се собравме за да кажеме стоп за насилството и психичкиот терор.

Протестен митинг на ДУИ во Тетово

А1 - 13.05.2008

Ниту денешниот протест на ДУИ против насилството на тетовскиот плоштад Илирија не помина без инциденти. Непосредно пред митингот, скинат беше главниот кабел за доход на електрична енергија, за што ДУИ повторно ги обвинија опонентите од ДПА. „Митингот ќе се одржи, бидејќи тоа е волја на Албанците.

Пријави против двајцата осомничени за инцидентот во Раковец

А1 - 13.05.2008

28-годишниот Вулнет Џелили од Раковец пукал кон возилата на ДУИ. Полицијата која трага по него го товари за предизвикување општа опасност. Како соучесник го смета вчера приведениот, 31-годишниот Фарук Иљази, иако немал оружје и не пукал.

Штаб на ДУИ разнесен со топ

Вест - 13.05.2008

ИЗБОРНА КАСАПААНА ВО ТЕТОВСКО Испукани 4 проектили од рачен топ "жаба" во изборен штаб на ДУИ Теарце. Вчера околу 4 часот изутрината непознати сторители испукале четири проектили од рачен топ "жаба" во изборен штаб на ДУИ во Теарце, сместен во приземјето на објект кој служел како поранешна ...

Изборите заложник на Тачи и на Ахмети

Време - 13.05.2008

ИНЦИДЕНТИТЕ СТАНУВААТ СЕ ПОЗАГРИЖУВАЧКИ Ана Велјановска Маја Блажевска Оружената изборна војна меѓу ДПА и ДУИ станува се позагрижувачка откако вчера во судирите почнаа да се користат и ракетни фрлачи, игнорирајќи ги се погласните предупредувања на меѓународната заедница дека организирањето мирни ...

Изборните штабови на ДУИ во Тетовско изрешетани со гранати

Утрински - 13.05.2008

Ахмети досега не пријавил обид за атентат врз него иако е пријавено оштетување на џипот во кој се возел Гојко Ефтоски Web Update Ахмети досега не пријавил обид за атентат врз него 19:50 12.05 - Полицијата засега не може ниту да ги потврди, ниту да ги демантира наводите на лидерот на ДУИ Али Ахмети ...

Повикот за мирни избори и насилството одат рака под рака

Утрински - 13.05.2008

Вчерашното утро беше само продолжение на редицата инциденти од последниве десетина дена Светлана Унковска Се' позачестените инциденти што го носат предзнакот предизборни насилства и главно се случуваат меѓу активисти на двете најголеми партии на Албанците во Македонија ДПА и ДУИ деновиве го ...

Македонија мора да победи на овие избори

Утрински - 13.05.2008

Интервју „Му порачувам на Тачи да ја симне униформата на касап“, вели Али Ахмети, лидерот на ДУИ, и дава гаранции дека неговата партија нема да провоцира во кампањата Оливера Војновска Лидерите на партиите потпишаа Кодекс на фер избори.

Инциденти

Утрински - 13.05.2008

22.4.2008 Оризаре - Липковско - Пукано, а потоа и запален ИШ на ДПА 22.4.2008 Форино - Гостиварско - Фрлена бомба пред домот на Т. Џафери од ДУИ 29.4.2008 Велес - Пукано во куќата на претседателот на ОК на СДСМ 2.5.2008 Боговиње - Тетовско - Од автомобил во движење пукано во четири објекти 6.5.2008 ...

Топови распукаа под Шар Планина

Дневник - 13.05.2008

Непознатите напаѓачи помеѓу 2 и 5 часот пукале од огнено оружје од различни калибри кон штабовите на ДУИ во Дреновец, Џепчиште, Теарце и во Групчин, а, за среќа, нема жртви и повредени Четири изборни штаба наДУИвоТетовско вчераутро биле демолирани откако во нив било пукано со рачни топови и со ...

ДУИ поднесе кривични пријави против обезбедувач и симпатизер на ДПА за вчерашниот напад над Ахмети

Канал5 - 13.05.2008

Ден по инцидентот во тетовско Раковец во кој беше пукано кон конвојот на Али Ахмети адвокатите на лидерот на ДУИ поднесоа кривична пријава против Фарук Иљази и Вулнет Џелили. Како што кажа Џеват Адеми, висок функционер во ДУИ, директно одговорен за инцидентот е Вулнет Џелили за кого тврди дека е ...

ДУИ одржа протестен собир во Тетово под мотото доста на насилството

Канал5 - 13.05.2008

Илјадници Албанци од тетовскиот плоштад испратија порака за прекин на изборните насилства. Со мотото - Стоп за оружјето - ДУИ ја повика министерката Гордана Јанкуловска да ги открие атентаторите кои пукаа во партиската делегација на ДУИ во тетовско Раковец.

Нема место за насилство

Вечер Прес - 13.05.2008

Од витално значење за иднината на Македонија е да се спроведат успешни избори. Ги осудуваме насилните настани што го поматија почетокот на изборната кампања во Македонија овој викенд. Во демократскиот процес нема место за насилство и застрашување, стои во изјавата на Американската амбасада по ...

Ахмети: Врз мене имаше обид за атентат

А1 - 12.05.2008

Лидерот на ДУИ Али Ахмети обелодени дека врз него имало обид за атентат во селото Раковец, каде ДУИ одржувале средба со граѓаните. Прво се чуле рафални истрели. Откако соработниците на Ахмети заклучиле дека е подобро да си заминат, влегле во автомобилот во кој било пукано.

Нападнати штабови на ДУИ во Групчин и Џепчиште

А1 - 12.05.2008

Од калашникови, напаѓачите на локални штабови на ДУИ се префрлија и на рачни фрлачи на гранати. На ваков начин целосно се демолирани штабовите на ДУИ во Теарце и Џепчиште. Со автоматско оружје, кон штаб на ДУИ е пукано во тетовската населба Дреновец, а во штабот на интегративците во Групчин, пукано ...

Тачи: ДУИ се служи со стари финти

А1 - 12.05.2008

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на митинг во населбата Теќе, пред изјавата на Ахмети изјави дека се подготвувал антиалбански проект. Според Тачи, ДУИ се служи со стари финти во текот на изборниот процес, алудирајќи на најавената прес-конференција на Ахмети, на која претседателот на ДУИ обелодени дека ...

Приведен осомничен за пукањето врз Ахмети

А1 - 12.05.2008

Полицијата вечерва во близина на Блок 77 во Тетово го приведе Фарук Иљази од Голема Речица, поради основано сомнение дека учествувал во денешниот оружен инцидент во село Раховец, кога беше отворен оган врз возила на ДУИ. Како што изјави портпаролот на МВР Иво Котевски, осомничениот кој управувал ...

Ахмети ќе ги урива војводите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА

Време - 12.05.2008

КОНВЕНЦИЈА НА ДУИ Демократската унија за интеграција завчера во „Метрополис-арена“ на Скопскиот саем ги претстави кандидатите и програмата за претстојните парламентарни избори. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, порача дека на 1 јуни неговата партија ќе ги урне македонските и албанските војводи и дека ...

Ахмети: Не смее да се чепка во идентитетот на Македонците

Вест - 12.05.2008

РАПЕРСКА КОНВЕНЦИЈА НА ДУИ Со рап-музика, ДУИ завчера ја почна својата конвенција во скопската "Метрополис арена", на која ги претстави своите кандидати и изборната програма. Лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека прва задача на неговата партија ќе биде зачленувањето во НАТО, а ДУИ ќе се ангажирал и ...

Изрешетани четири штабови на ДУИ

Вест - 12.05.2008

Вчераутро се уште непознати сторители изрешетале од возило во движење три седишта на разграноци на ДУИ во Тетово, во тетовското село Голема Речица и во гостиварското село Неготино, Полошко, кои претставуваат локални партиски штабови.

Изборите заклани

Време - 12.05.2008

ДПА И ДУИ ВЛЕГОА ВО ВООРУЖЕНА ВОЈНА Маја Блажевска Активистите на ДУИ и на ДПА во текот на викендот водеа вистинска вооружена војна, во која е направена огромна материјална штета, а полицијата истражува дали е падната и првата човечка жртва.

Убиство пред почетокот на изборната кампања во Тетово

Утрински - 12.05.2008

Во подметнат пожар изгоре дискотека, изрешетани неколку изборни штабови Гојко Ефтовски ТЕТОВО - Еден човек е убиен, во подметнат пожар изгоре дискотека, изрешетани неколку изборни штабови, многу пукотници и експлозии е билансот на ноќните случувања во тетовскиот крај во саботата спроти неделата, ...

ДУИ со раперска музика ги промовира кандидатите

Утрински - 12.05.2008

Не треба да се чепка во идентитетот на Македонците, рече Ахмети Под изборното мото „Со нас - победници“ и со раперска музика ДУИ во саботата официјално ги претстави кандидатите и програмата за изборите. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој на конвенцијата во „Метрополис арена“ на „Скопски саем“ дојде со ...

ДУИ и ДПА продолжуваат со жестоки пресметки

Утрински - 12.05.2008

Пет активисти на Демократската унија за интеграција завршија во Ургентниот центар откако во петокот вечерта беа претепани во Кондово. Инцидентот се случил кога активистите кои се враќале од Свиларе биле пресретнати кај Кондово од лица за кои претепаните тврдат дека се од Демократската партија на ...

Пожар, бомба и изрешетани штабови во Тетово

Дневник - 12.05.2008

ДУИ директно ја обвини ДПА дека стои зад сите инциденти и дека ова е почеток на најавената касапана Опожарена дискотека, изрешетани изборни штабови и експлозија на бомба е изборната слика што ја видоа тетовци вчера, на првиот ден од кампањата за предвремените избори.

Ахмети ќе ги урива македонските и албанските војводи

Дневник - 12.05.2008

Партнери сме, а не слуги во нашата заедничка држава и затоа е потребно меѓуетничко помирување преку почитување на јазикот , културата, симболите и традицијата, порача лидерот на ДУИ Гласајте за нас, за да ги урнеме македонските и албанските војводи и конечно да и' кажеме доста на ДПА.

Ахмети од Камењане порача дека времето на оружје завршило во 2001-та

Канал5 - 12.05.2008

Со оружјето зборувавме во 2001 година. Ние тогаш ги оставивме пушките. Сега наместо да рушиме треба да градиме. Вака лидерот на ДУИ, Али Ахмети на своите членови и симпатизери им го пренесе својот став за вооружениот инцидент во партискиот штаб во селото Камењане кој пред неколку дена беше ...

Уште една немирна ноќ во тетовско, во 4 села ракетирани штабовите на ДУИ

Канал5 - 12.05.2008

Со рачни топови и автоматско оружје изрешетани се четири изборни штаба на ДУИ во Тетовско. Жртви нема, а причинета е само материјална штета. Штабовите во Дреновец, Џепчиште, Теарце и Групчин целосно се демолирани со истрели од огнено оружје.