Стивен Џерард и Џејми Карагер ја продолжија верноста кон европскиот шампион Ливерпул за уште четири години. Турбулентната недела во редовите на "црвените" имаше среќен крај, откако двајцата играчи кои израснаа од школата на Ливерпул решија да останат на "Енфилд".
Италијанската јавност е шокирана од масовните брутални силувања кои зачестија во Милано, Рим и Болоња, објавуваат италијанските медиуми. Групи Романци, Мароканци и Албанци напаѓаат млади парови и секогаш на ист начин: момчето го извлекуваат од автомобилот, го претепуваат и потоа групно ја силуваат ...
Под мотото "Подари и помогни - играчка и книга за моето другарче", младите на Црвениот крст на град Скопје ја започнаа големата хуманитарна акција за помош на социјално загрозеното население. За таа цел, подмлаткарите ги повикуваат сите хумани граѓани да им се приклучат и со донација на играчки и ...
Европскиот универзитет - Република Македонија влезе во редот на легалните високообразовни институции во државата. Но, за тоа основачот на Универзитетот, Бојо Андрески, мораше лично да интервенира кај министерот за образование Азиз Положани.
Улицата "Максим Горки" е преуредена во паркиралиште и таа од вчера е пуштена на десетдневна пробна работа. Станува збор за привилегиран паркинг простор со капацитет од 24 автомобили, за кој граѓаните на кои ќе им биде овозможено да го користат се обврзуваат за тоа и да платат.
Во "Макстил" вчера јавно се уништија илјадници парчиња нелегално оружје. Акцијата е на МВР, во соработка со УНДП, со Програмата за развој на Обединетите нации. На уништувањето на пушките и пиштолите, кое имаше за цел да го одбележи Светскиот ден за уништување на оружјето - 9 јули, присуствуваа Цане ...
Спасувачките тимови вчера дојдоа до еден од вагоните во лондонската подземна железница, што експлозијата го затекна меѓу станиците Кинг Крос и Расел Сквер. Извори во полицијата велат дека во тој најдлабок дел на лондонското метро може да има повеќе од 10 тела, со што бројот на загинатите ќе ја ...
Британската атлетичарка Кели Холмс (35 г.) изјави дека бомбашките атентати во престолнината Лондон нема да ја уништат организацијата на Олимписките игри во 2012 г. Таа ги посочи терористичките акции како "одвратен пример на страшливост".
Македонската репрезентативка Оливера Наковска Бикова во петтиот ден на европското првенство во стрелање за инвалиди, во Вроцлав (Полска), се закити со сребрен медал. Таа во дисциплината стрелање со воздушен пиштол од 10 метри ( П2) во основниот, квалификациски, дел погоди 374 кругови, а во финалето ...
Скопјанка која во понеделникот спас од жештината побарала во водите на Охридското Езеро, останала покуса за 130. 000 денари. Педесет и седум годишната М.П. околу 17,30 часот оставајќи ја чантата на лежалката отишла да се капи во Езерото.
Седум тимови што користат гуми на "Мишелин" се подготвени да го напуштат Формула 1 натпреварувањето ако Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) ги казни со ненастапување на трка или која било друга ригорозна казна. Заминувањето од Ф1 би значело поддршка на алтернативното првенство.
Стечајниот судски совет при Основниот суд во Велес донесе одлука градежното претпријатие АД "Бетон" да оди во стечај. За стечаен управник е назначен Ацо Петров. Барањето за отворање стечајна постапка е од страна на вработените.
Од завчеравечер изборот за кафенисување во Скопје е побогат за уште едно место. Се отвори нова елитна кафетерија-"Броз кафе". Отворањето го одбележа голема турканица, познати личности од естрадните и бизнис-кругови, миризбата на кафето и сентименталната прошетка низ минатото.
Во првото полугодие од годинава, македонските царински службеници утврдија 4.206 царински прекршоци, со кои државната каса ќе се "олеснела" за 221.305.114 денари или близу 3,7 милиони евра. Ова вчера го соопшти Царинската управа на Македонија, по откривањето на "случајот" потценети фактури од ...
Од синоќа до десетти јули се одржуваат две балкански забавни манифестации, "Сунчане скале" во Херцег Нови, и "Корчула фест" на истоимениот убав хрватски остров. Вечерва, "Корчула" ќе настапат двајца претставници од мак-естрадата Игор Шарески и Маја Заковска.
ПРИЛЕП.- Запленувањето од страна на Управата за јавни приходи на хотелот "Бренд" од Охрид, амбулантата во Прилеп, спортската сала, детската градинка, деловниот простор во бизнис-центарот и библиотеката, сопственост на Тутунски комбинат од Прилеп, како начин на наплата на поголемиот дел од долговите ...
Победникот на првиот меѓународен ватерполо турнир "Макполо", во организација на Пливачката федерација на Македонија, беше познат уште пред синоќешните два завршни натпревари, меѓу селекциите на Словенија и Бугарија, односно Македонија и Романија.
Кратово, се чини, во скоро време ќе го изгуби епитетот "град на мостови и кули" поради недоволна грижа за спомениците на културата, од кои повеќето се распаѓаат. Само од двете страни на Кратовска Река имало 20 кули, од кои денес останале шест, а од нив само три се наоѓаат во подобра состојба.
Скопски Металург, по двете едноподруго вицешампионски места во суперлигашкото првенство, по ангажирањето на Србинот Јовица Цветковиќ за нов кормирал на екипата, не ги крие шампионските амбиции во новата сезона, но и успешно претставување на меѓународна сцена во КПК.
Денеска, во 18 часот сите патишта во градот ќе водат кон фонтаната во стариот дел на Градскиот парк, каде под мотото "Моби ден не е секој ден" ќе се прослави третиот Моби ден. Богатата програма ќе се одвива на три сцени, а денот ќе биде наменет за дружење, забава, музика за сите возрасти и вкусови.
Граѓаните на Србија и летово, главно, се определуваат да летуваат во странство, но не за некоја од црногорските туристички дестинации. Додека власта се "бори за српскиот Пазар", тие одат во Грција, Турција... "Се чини дека квалитетот и нивото на услуги на црногорското приморје не ги оправдуваат ...
Долго најавуваната забавна емисија, што под името "Наше море" ќе се емитува на Канал 5 телевизија, гледачите ќе имаат прилика за првпат да ја погледнат утре. Емисијата, чиј водител е Ефтим Гаштев, требаше да почне да се прикажува во понеделникот, но со оглед на тоа што се реализира на плажата ...
Се случи и тоа. Кадетската репрезентација на Македонија, завчеравечер го имаше своето "огнено крштевање" на меѓународен план. Во својот прв меч на турнирот "Макполо" во базенот во Карпош, нашите надежи, пред полни трибини и прекрасна атмосфера и пружија голем отпор на поискусната бугарска ...
Стивен Џерард го смени мислењето и реши да остане во Ливерпул. Капитенот на "црвените" во вторникот ја одби понуда на клубот, за која се шпекулира дека изнесува 100.000 фунти неделна плата и најави заминување од "Енфилд". Сепак, вчера наутро извршниот директор на Ливерпул, Рик Пери соопшти дека низ ...
Грчката Комисија за конкурентност донесе одлуката да ги казни со глоба од 15 милиони евра Асоцијацијата на супермаркети во Грција. Казни од 6.000 до 721.240 евра ќе треба да платат супермаркет - фирмите Атлантик, Веропулос Брос, Масутис Диамантис, Метро, Склавенитис, Трофино и АБ Василопулос.
Грците претпочитаат секс, но прашање е дали се добри во тоа, се наведува во анкетата спроведена од "Волстрит Џурнал" во која се споредувани сексуалните навики на Европјаните и Американците, објави "Елефтеротипиа". Според резултатите, 24 отсто од анкетираните Грци практикуваат секс "најмалку 5 пати ...
Царинската управа на Македонија побара од странските царински администрации да испитаат 39 сомнителни случаи за лажно пријавена вредност на увезена стока од странство. За првите шест месеци од годинава, како што официјално соопшти Царината, при царинењето на стоки, увозниците пријавиле пониски ...
Помадите "нивеа", "маде ин" Бит-пазар се продаваат на Кванташки и на Зелен пазар. Ги има во различни пакувања и чинат меѓу 60 и 70 денари. Цената, се разбира, може да се менува доколку сте заинтересирани да купите пет, десет или повеќе парчиња.
Целосно се подготвени документите за затворање на осум туристички објекти на Црно Море. Причината лежи во сознанието дека туристите во објектот ги служеле лица без лиценца, а и самите хотели немале документи за добиената категоризација, соопшти во Сончев Брег директорот на Комисијата за трговија и ...
Чаирскиот парк, стар повеќе од 50 години, каде што виреат стогодишни дрвја, е на удар на урбанистите. "Отворено прашувам дали објектот што се гради на овој простор е легален, односно во согласност со ДУП на Чаир и ГУП. Како е можно Министерството за траспорт и врски да даде дозвола за уништување на ...
Поранешниот американски државен секретар, Медлин Олбрајт, завчера пристигна во тридневна посета на Приштина, со повик до жителите на покраината да ги почитуваат правата на Србите и другите малцинства. "Секогаш имав разбирање за сонот на народот во Косово и лично работев тој сон да стане реалност", ...
Управната зграда на Телеком вчера и завчера беше под засилено обезбедување по протестот на чуварската служба на кои менаџментот на компанијата им понуди неколку опции за решавање на нивниот работен статус. На околу 110 чувари во понеделникот им било понудено да заминат од компанијата во приватната ...
Дуке Бојаџиев е слободен композитор и продуцент, кој живее во Њујорк. Меѓу позначајните негови достигнувања се ремиксите и работата за Дејвид Брн, Синди Лопер, Анџела Меккласки, Сузан Дајхем, Џој Ескју, соработката и копродукцијата со продуцентот и композитор Марк Сондерс (Нена Чери, Трики), ...
Во Сао Паоло, Бразил, во тек е традиционалната Фасхион Њеек, на која, најпознатите бразилски креатори ги претставуваат своите најнови модели. Како и секоја година, ревијата предизвика огромен интерес, не само поради смелите, супер-атрактивни креации, туку и поради ноторниот факт дека на бразилските ...
"За 35 милиметарските филмови имаме континуирана соработка со "Ворнер Брадерс", "Парамаунт", "Универзал", "Колумбија", "Дрим Воркс", "Фокс"... Значи, "Манаки филм" има склучено договори за правото на работа со сите американските филмски компании коишто во светот популарно се нарекуваат "мејџери".
"Тутунски комбинат" - Прилеп остана без шест атрактивни објекти поради долгот од 400 милиони денари што го има кон Управата за јавни приходи. Даночниците од УЈП, деновиве, со цел да ги наплатат своите побарувања, ги запленија објектите во сопственост на Комбинатот, односно хотелот "Бренд" на самиот ...
Едно извесно време го нема на фестивалите, вели приватниот бизнис во Тетово не му дава многу слободно време, иако желбата секогаш гори со ист жар. Се одложи и неговата турнеја за Америка. Но затоа тука е претсојниот "Тетовски фестивал", на кој вели ќе испее извонредна љубовна песна, од композиторот ...
Судијата Кармел Агуис ги обвини Бошкоски и Тарчуловски дека биле организатори на протестите против Хашкиот трибунал во Тетово и во Скопје на 18 и 22 март годинава. "Навивачката група "Комити", чиј водач порано бил Тарчуловски, биле дел од протестите, како и поранешните "лавови" на Бошкоски, кои ...
Се уште не стивнаа реакциите по серијата обвинувања за сексуално малтретирање на штитениците, а домот Каритас во Брезовица повторно го тресе нов скандал. Според пишувањето на "Вечерњи лист", заргепскиот дом на своите вработени и волонтери им ги продавал донациите по исклучително поволни цени.
По повеќемесечна потрага полицијата го уапси газдата на ресторанот "Ориентал Ас" од Жеровјане, триесет и петгодишниот А.А. од Тетово. Против него по низа спроведени полициски акции беа поднесени повеќе кривични пријави за посредување и подведување во проституција и криумчарење мигранти.
Новиот сингл на групата "Баклава" е наречен "Нашето село", за која сега се подготвува и видеоспот. Песната, снимена во студио "Бла, бла, бла", промотивно ќе биде изведена следната недела во клубот "Лајф". Потоа и спотот си го почнува својот телевизиски ...
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во рамките на Блуз и соул фестивалот,денес на пладне во Вега, од 12 часот, организира работилница (воркшоп) со составот "Nine Below Zero" од Велика Британија, како и средба со домашни музичари, претставници од медиумите и љубители на блузот.
Владата ќе го почести македонското стопанство со 100 милиони денари, или близу два милиони евра. Ова го одлучи на вчерашната седница откако го прифати предвременото симнување на царините за суровини и репроматеријали за земјоделството и текстилната индустрија.
За уличното осветлување во Кисела Вода во иднина ќе се грижат приватни фирми, кои веќе идната недела до Општината треба да ги достават своите понуди. Во моментов, низ поголем број улици во општина Кисела Вода светилките се расипани или искршени, а има и делови од улици кои целосно се во темница.
Во Фабриката за производство и преработка на овошје и зеленчук "Македонија" од Неготино, деновиве почна преработувачката сезона. Ќе се преработуваат пиперки и домати што ќе бидат откупени од подрачјето на неготинска и демиркаписка општина.
По завчерашните две убиства што се случија крај штандовите на "Пиво-фест", Прилеп изгледа траурно. Одложени се сите планирани седници и пресови во локалната самоуправа и политичките партии, а погребан е и поранешниот "Лав", Никола Мојсоски. Вчерашниот ден беше прогласен за ден на жалост.
Полицијата на Бит пазар при претрес на куќа пронајде мини фабрика за козметички препарати. Кремовите, маслата за сончање и другите работи се пакувале во оригинална амбалажа на "Нивеа". Хемиските производи, како што неофицијално дознаваме од полициски извори, во моментов се однесени во лабораторија ...
Викендов под слоганот "Во гаќите е вистината" низ скопските кафулиња и дискотеки се одржа промотивната кампања на новите 0,2 литарски пакувања на вината од винарската визба "Тиквеш". Љубителите на оваа најпрефинета пијачка на светот имаа можност да се засладуваат, да ја разгалат душата и да ...
"Виновна за се" е новиот хит на Кристина Арнаудова, кој веќе десетина дена се врти по радиостаниците. Синглот, како што ни откри Кристина, е најава за новиот албум што би требало да излезе наесен. Музиката и текстот за "Виновна за се" се на Весна Малинова, аранжманот е на Дарко Тасев, а нумерата е ...
Денеска во Охрид ќе "падне" последната клапа од снимањето на филмот "Караула" на режисерот Рајко Грлиќ, работен според современиот хрватски роман "Ништо не смее да не изненади" на Анте Томиќ. Стартот на снимањето започна во Битола, по што продолжи на планината Галичица во охридско-преспанскиот ...
Паркирањето на улицата "Максим Горки" од идната недела ќе се врши исклучиво со користење на месечни или годишни картички. Според надлежните, во наредните денови ќе биде завршено поставувањето на електронската рампа на влезот на оваа сообраќајница од страната кон булеварот, додека на другиот крај, ...
Бившиот светски шампион во мотоциклизам во класата до 250 ццм (1994-1997), Италијанецот Масимилијано Бјаџи, како што знаеме, веќе не вози во оваа класа, но оттогаш е во сенка. Имено, во најсилната, МОТО ГП класа, веќе неколку сезони апсолутен господар е неговиот помлад сонародник Валентино Роси, ...
Владата има сериозна намера преку малезиската фирма "Хисниага Корпорејшн" СДНБХД да ја спушти енормно високата цена на станбениот квадрат во Скопје. Малезијците планираат становите да ги продаваат за 600 до 650 евра по квадратен метар, наспроти напумпаниот станбен квадрат кој во главниот град ...
"АстерФестот" е најновиот фестивал на македонската филмска карта, кој неодамна (24 - 26 јуни) се одржа во древниот Астраион, денешна Струмица. Основно обележје на фестивалот, кој претендира да стане интернационален, како што ни рече еден од иницијаторите за негово формирање, режисерот Горан ...
Албанскиот коалиционен партнер во Владата бара да ги менаџира сите економски ресори во државата. Ова неофицијално ни го изјавија високи владини функционери и извори блиски до дипломатските кругови. Ваквите амбиции отворено ги изјавил вториот човек на интегративците и потпретседателот на Владата ...
Национална галерија од Лондон соопшти дека е пронајдена нова слика на Леонардо да Винчи. Експертите користејќи техника со инфрацрвени зраци пронашле цртеж под познатата слика на Леонардо, "Мадона на карпите", која што е изложена во галеријата.