СРЕДБА ВО ВЛАДАТА Премиерот Груевски и претседателот на ДПА, Тачи, завчера вечер се сретнале во Владата да разговараат за можноста Македонија да го одложи издавањето визи за албанските граѓани во македонската амбасада во Тирана, најавено за од 1 февруари.
Албанија притиска на сите начини Македонија да ја смени одлуката за визите Албанскиот претседател Бамир Топи ја нарече „избрзана и парадоксална“ одлуката на нашата земја вадењето визи за албанските државјани да го пресели од границата во македонската амбасада во Тирана.
Македонија кон албанските граѓани треба да го применува истиот режим што го применува кон граѓаните на Србија, Босна и Херцеговина и кон Хрватска, за кои воопшто не бара визи, побара вчера во Скопје албанскиот министер за економија, трговија и енергетика Генц Рули.
Неофицијално, Владата се одлучила на овој чекор и за да остави простор за решение за ова прашање на средбата меѓу премиерите на двете земји, Груевски и Бериша во Тирана идниот месец Албанските граѓани уште еден месец ќе можат да вадат визи за влез во земјава на македонско-албанската граница, ...
Остри несогласувања, неприфатливост и барање или визите да се вадат на граница, како досега, или тие да се укинат. Вака и денеска реагираа албанските државјани, кои со патнички и товарни возила ја минуваа македонско-албанската граница низ преминот Ќафасан кај Струга.
Владата ја преиспитува одлуката базирана на законот за престој на странци, со која албанските граѓани за влез во земјава наместо на граница, виза ќе треба да бараат во македонската амбасада во Тирана. По реакциите на албанската јавност и средбата на коалиционите партнери, на која лидерот на ДПА ...
Албанската национална телевизија синоќа ја нарече Македонија со референцата „ПЈРМ“, како револт на одлуката визите наместо на граница да се издаваат во Тирана. Како што јави дописникот на Макфакс, Албанската национална телевизија синоќа имаше коментар за најновата одлука на македонското ...
РЕАКЦИЈА НА МНР Министерството за надворешни работи реагира на изнесените дезинформации и изјави на пратеници во однос на визниот режим кон Албанија. Оттаму велат дека не се воспоставува нов визен режим меѓу Македонија и Албанија и дека пратениците требало да го искористат периодот од 7 месеци да ...
ОЦЕНА НА РОБЕРТО РИКО ОД ИТАЛИЈАНСКАТА АМБАСАДА Елизабета С. Илиевска Македонија е на добар пат да добие и целосно укинување на визите, оценува Роберто Рико, заменик-шеф на мисијата во италијанската амбасада во Скопје, по договорот за олеснување на визниот режим што се применува од почетокот на ...
Најавите од македонското МНР дека од 1 ви февруари граѓаните на Албанија за влез во Македонија визи ќе мора да вадат од нашата амбасада во Тирана но не и на граничниот премин создаде нервоза меѓу Албанците во Македонија. Реакции и од политичките партии на Албанците владејачката ДПА и опозициската ...
По најавите за укинување на издавањето на визите на граница за албанските државјани од 1 февруари, освен реакции од албанските власти стигнуваат реакции и од општините Дебар, Струга, Охрид, кои најмногу ќе бидат погодени со намалениот број на туристи и бизнис соработка со Албанија.
Иако измените на Законот за странци кои стапија во сила на први јануари предизвикаа остри реакции, оваа одлука не може да се смени и странските граѓани кои сакаат да ја посетат Македонија виза ќе мора да вадат во амбасадите. Ова најмногу ќе ги погоди албанските граѓани, кои до први февруари ќе ...
РЕАКЦИИ НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ Македонија згреши што го смени визниот режим со Албанија, реагираат албанските партии откако Владата завчера објави дека албанските државјани мора да вадат визи во амбасадата во Тирана, а не на граница, како што беше досега.
Визниот режим што и го имаше Македонија засега кон 150 земји, вклучувајќи ја и Албанија, останува ист ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Македонија не воведува нов визен режим кон Албанија и другите 146 држави во светот за чии граѓани и досега била потребна виза за влез во земјава.
Императив на Европа е да се урнат визните бариери. Ова особено се однесува за две, во голема мера, изолирани земји - Македонија и Албанија . Но, и за ова прашање има строги правила на игра, односно почитување на меѓународните стандарди и закони.
Наместо либерализација на визниот режим, донесена е одлука што не е во духот на добрососедството, смета градоначалникот на Дебар Македонските Албанци од Дебар и од Струга подготвуваат демонстрации против одлуката на македонската влада со која е предвидено визи за албанските граѓани да се вадат само ...
Одлуката албанските граѓани да вадат виза во Македонската амбасада во Тирана, наместо на граница, за македонските политичари е економски неоправдана Македонското МНР до крајот на овој месец ќе и понуди на Албанија Спогодба за олеснување на визното олеснување за да се амортизираат последиците од ...
ПО НОВИТЕ ВИЗНИ ПРАВИЛА Тирана не е задоволна од потегот на македонската Влада, од февруари визите за влез во земјава за албанските државјани повторно да се издаваат во македонската амбасада во Тирана, а не како досега на самата граница.
СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРЕСТОЈ НА СТРАНЦИ Со стапувањето во сила на измените на Законот за престој на странци во Република Македонија на први јануари годинава, бројот на грчки туристи кои ја посетуваат земјава се намалил дури за 80 проценти.
Издавање визи за албанските граѓани во амбасадите наместо на границата е според Законот за престојот на странци, кој е усогласен со Брисел,изјавија од македонското Министерство за надворешни работи Одлуката на Македонија да ја врати процедурата за добивање визи за граѓаните на Албанија во ...
Дебар Градоначалникот на Дебар, Аргетим Фида денеска остро реагираше на одлуката на македонските власти, со која албанските државјани, наместо на граница, визите ќе ги вадат во Тирана. Како што јави дописникот на Макфакс,Фида упати отворено писмо до премиерот, Никола Груевски и шефот на ...
Тирана Албанското Министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека за визите во Македонија се уште се водат преговори, јавува дописникот на Макфакс. “Република Албанија поддржува регион ослободен од бариери и пречки на просторите во Југоисточна Европа и е за гранични олеснувања“, се наведува ...
Македонска виза ќе се става во пасоши на странски државјани од февруари оваа година. Како земја кандидат за ЕУ, Македонија воведе визи за државјани на над 140 држави. Странците кои сакаат да влезат во Македонија ќе треба да ги исполнуваат сите услови потребни за издавање на шенген виза за ...
Државјаните на Албанија од први февруари виза за влез во Македонија ќе мора да вадат во македонската амбасада во Тирана, наместо на граничните премини. Од македонското МНР велат дека изменетиот начин на вадење визи е утврден со новиот закон за престој на странци во земјава кој стапи во сила од први ...
Тирана Одлуката на Македонија за враќање на процедурата за добивање на визи во амбасадите, а не на границата како што беше досега, е регрес и враќање на еден стар режим. Ова го изјави претседателот на комисија за надворешна политика на Собранието на Албанија Прец Зогај, јави дописникот на Макфакс.