Вчера, по полноќ, анонимен машки глас, телефонски го известил дежурниот полицаец во Основниот суд во Битола дека наводно имало подметнато бомба која ќе експлодира кога судиите ќе дошле на работа. Судскиот полицаец за повикот веднаш ја известил битолската полиција.
МВР Полициските екипи за антитероризам поради закани за подметнати бомби ги евакуирале битолскиот Суд и одделението за пластична хирургија на Клиничкиот центар во Скопје. По проверката било констатирано дека станува збор за лажна тревога.