„ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА“ НАЈАВУВА Граѓанското здружение „Глас за светлина“ ќе го парализира Скопје доколку премиерот Владо Бучковски веднаш не ја запре приватизацијата на „ЕСМ -дистрибуција“. Според најавите, ако, пак, Владата се оглуши на барањето, дополнително ќе биде соопштено каде и кога точно ќе ...
"ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА" Здружението "Глас за светлина" вчера најави дека од наредната недела ќе почне со блокади на сообраќајниците во Скопје доколку премиерот Владо Бучковски не ја запре приватизацијата на "ЕСМ дистрибуција". Портпаролот на Здружението, Марина Христовска, рече дека дополнително ќе ...
ПРОДОЛЖУВА ВОЈНАТА МЕЃУ ФИРМИТЕ ОД СТАРОТО ЕСМ Државната компанија за пренос на електрична енергија МЕПСО неоправдано обвинува дека генералниот директор на „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) Панде Лазаров врши притисок во јавноста за компанијата што тој ја раководи да добие повеќе пари од наплатата ...
И ВО БИТОЛА СЕ РЕНОВИРА ЗГРАДАТА НА ДИСТРИБУЦИЈАТА На два месеца пред продажбата на "ЕСМ дистрибуција" се реновираат и дотеруваат подружниците во повеќе градови во земјава. Се купува нов инвентар и се разубавуваат зградите на "Дистрибуција" во Скопје, Битола, Кочани.
Слободан СодиЌ Старото ЕСМ потрошило 120 милиони евра од својот резервен фонд за изградба на ХЕЦ "Козјак". По поделбата на компанијата хидроцентралата останала сопственост на производствениот дел, а резервниот фонд менаџерите го прокнижиле како зголемување на капиталот кај дистрибутивниот дел, кој ...
МЕПСО И ВОЗВРАЌА НА ЕЛЕМ Претпријатието за пренос на струја МЕПСО не му должи на „Електрани на Македонија“ 27,5 милиони евра, како што тврдеше неговиот директор Панде Лазаров, туку најмногу шест, изјави вчера Трајче Черепналкоски, генерален директор на МЕПСО.
Откако четирите компании влегоа во трката за купување на ЕСМ Владата се надева дека од продажбата на "Дистрибуција" ќе инкасира околу 160 милиони евра МАЈА ТОМИЌ Четирите странски компании кои продолжуваат во трката за купување на АД ЕСМ "Дистрибуција": германската РВЕ, италијанската ЕНЕЛ, чешкото ...
ВЛАСТА ЛУТА ОД ПРЕПИСКАТА ЗА ПАРИ МЕЃУ ЕЛЕМ И МЕПСО Мирче Котевски Владата преку писмен допис ги укорила менаџерските тимови во фирмите издвоени од поранешно „Електростопанство“. Владата бара тие повеќе да штедат, наместо да се жалат дека постојано немаат пари на сметките.
ПРЕД ПРОДАЖБАТА, ВЛАДАТА ГО ДУПЛИРА КАПИТАЛОТ НА ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА Инвестицијата на старото ЕСМ во изградбата на ХЕЦ "Козјак" во вредност од околу 130 милиони евра, Владата книговодствено му ја припиша на ЕСМ Дистрибуција, додека на "Електрани на Македонија" (ЕЛЕМ), кој е сопств Владата изминатиов ...
ОТКАКО ОБЈАВИ ТЕНДЕР ЗА ПРОДАЖБА Слободан Содиќ Владата фиктивно ја зголеми сметководствената вредност на "ЕСМ дистрибуција" за 120 милиони евра по две недели од објавувањето на меѓународниот тендер за продажба на оваа компанија.
ВМРО-ДПМНЕ прашува ВМРО-ДПМНЕ побара од Владата објаснување за зголемувањето на капиталот на ЕСМ за 120 милиони евра, одлука што била објавена завчера во "Службен весник". "Не знаеме што се случува, всушност, и од каде се тие пари.
ВО ВМРО-ДПМНЕ Владата се обидува пред приватизацијата на ЕСМ да го зголеми капиталот на компанијата за 120 милиони евра, смета ВМРО-ДПМНЕ. Со објавувањето на одлуката за докапитализација во последниот број на „Службен весник“ за оваа партија не е јасно зошто Владата не го зголемила капиталот на ...
ВМРО-ДПМНЕ ПРАШУВА ВМРО-ДПМНЕ вчера побара од Владата да објасни како е зголемен капиталот на ЕСМ за 120 милиони евра, јави МИА. - Ние не знаеме што се случува и од каде се тие пари. Не велиме дека е добро или лошо, само бараме објаснување.
Владата донесе одлука за зголемување на вредноста на капиталот на ЕСМ-Дистрибуција за околу 120 милиони евра, од кои шест милиони се средства кои како грант во изминативе години ги има дадено Швајцарската влада, а останатото се од задолжителните резерви.
Како се зголемил капиталот на ЕСМ за 120 милиони евра со нова емисија на акции. Прашањето отворено, објаснувањата различни. Како се зголемил капиталот на ЕСМ за 120 милиони евра со нова емисија на акции. Прашањето отворено, објаснувањата различни.
приватизациЈа Четирите компании што се во конкуренција за купување на "ЕСМ дистрибуција" од вчера можат да вршат длабинска анализа на состојбите во компанијата, јави МИА. Германската РВЕ, австриската ЕВН АГ, италијанската ЕНЕЛ и чешката ЧЕЗ до 6 февруари може да ги користат специјалните простории ...
ФИНАЛИСТИТЕ ГИ ПРОВЕРУВААТ ДОВЕРЛИВИТЕ ИНФОРМАЦИИ Претставници на четирите конкуренти за купување на „ЕСМ-дистрибуција“ вчера почнаа да вршат длабинска анализа на состојбите во компанијата. Германската РВЕ, австриската ЕВН АГ, италијанската ЕНЕЛ и чешката ЧЕЗ до 6 февруари ќе може да ги користат ...
ВЛАДАТА НАРЕДИ, ЕЛЕКТРОСТОПАНСТВО МОРА ДА СЛУША По директива на премиерот Бучковски, струјата најверојатно нема да поскапи годинава, тврдат високи функционери. Како сопственичка на фирмите што произлегоа од старото ЕСМ, Владата веќе побарала тие да не поднесуваат барања до Регулаторната комисија за ...
Чешки ЧЕЗ, италијанскиот ЕНЕЛ, германскиот РВЕ и австрискиот ЕВН почнаа со длабинска анализа на ЕСМ. Претставници на овие четири фирми од денеска до 6 февруари ќе вршат проценка на бизнисот и вредноста на компанијата. Потоа, најдоцна до 1 март, треба да ги дадат своите финансиски понуди.
„ЕСМ дистрибуција“ со нов лик ги пречекува потенцијалните купувачи. Во зградата на „Електро- Скопје“ без тендер се врши санација и реконструкција на работните простории. Се заменуваат подовите, со нови, мермерни плочи. Одделни објекти добиваат нов кров.
екот на продажбата на ЕСМ Владата одлучила, а Комисијата за хартии од вредност пред празниците одобрила издавање на обични акции на компанијата во вредност од 120 милиони евра. Оваа нова емисија е објавена во последниот број на службен весник.
Скопје Скопските улици и денеска, четврти ден по ред, ќе бидат блокирани од членови на Здружението “Глас за светлина“, но блокадите ќе бидат скратени, од 14 до 16 часот, поради празникот Водици. Блокадите од почетокот на неделава траеја по 5,5 часа, предизвикувајќи сообраќаен метеж во главниот град.