Лондон Постојат сериозни сомневања дека експлозивите користени во атентатите во Лондон минатата седмица, се доставени од Балканот, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Никола Саркози. Тој, цитирајќи го својот британски колега Чарлс Кларк, рече дека некои од терористите ...
Атина Група британски инспектори, експерти за тероризам, денеска допатувале во Белград, по минатонеделните експлозии во Лондон. Ова денеска го јави најслушаното грчко комерцијално радио “Скај“, не наведувајќи извор на информацијата.
Лондон Лондонските туристички работници сметаат дека терористичките напади во Лондон ќе предизвикаат загуби од половина милијарда долари во туризмот. Прогнозата на “Комитетот за брзо реагирање“ на Британскиот туристички сојуз, се однесувала на податоците по првите напади, што не ја исклучува ...
Пекинг Кина демантираше денеска дека експлозивите користени за терористичките напади во Лондон биле произведени во кинески воен завод, како што тоа го објавија повеќе светски медиуми, повикувајќи се на израелски специјални служби. “Таквото тврдење е крајно неодговорно.
Лондон Човекот кој денеска беше убиен во метро станицата Стоквел во јужен Лондон бил еден од извршителите на вчерашните бомбашки напади во транспортниот систем, јави попладнево телевизијата Скај њуз, повикувајќи се на сигурни, анонимни извори.
Лондон Најверојатно ќе се случи нов терористички напад во Лондон, предупреди денеска Јан Блер, шеф на криминалистичката полиција Скотланд Јард „Веројатно ќе има нов терористички напад во Лондон, но датата не е позната“ - изјави шефот на Скотланд Јард во интервју за Радиото Би-Би-Си.
Лондон Неколку лица се уапсени од полицијата во северна Англија во рамките на голема операција поврзана со терористичките нападите од минатата недела во Лондон. Ова го јави телевизијата Скај њус, повикувајќи се на полициски извори.
Лондон Група поврзана со терористичката Ал Каеда презеде одговорност за вчерашните најнови експлозии во лондонскиот транспортен систем. Четирите речиси истовремени експлозии што во четвртокот повторно, како и пред две недели, предизвикаа паника и хаос во лондонскиот транспортен систем, но овој пат ...
Лондон Човекот кој денеска беше убиен во метро станицата Стоквел во јужен Лондон бил еден од извршителите на вчерашните бомбашки напади во транспортниот систем, јави попладнево телевизијата Скај њуз, повикувајќи се на сигурни, анонимни извори.
Белград Експлозивот користен од “Ал Каеда“ при нападите во Лондон потекнува од Белград, пишува денеска весникот “Блиц“, повикувајќи се на информации од израелскиот интернет сајт “Дебка“. “Станува збор за добро организиран канал за трговија со оружје.
Лондон Пуштени на слобода се двете лица кои беа задржани во врска со вчерашните нови експлозии во транспортниот систем, денеска соопшти Скотланд јард. Против двете лица, чиј идентитет не е објавен, не се покренати обвиненија, ниту пак се осомничени за поврзаност со четирите напади во лондонското ...
Лондон Две нови жртви од атентатите во Лондон се идентификувани и се британски државјани, соопшти денеска Скотланд јард. Полицијата ги идентификува телата на Џејми Гордон (30) и на Филип Стјуарт Расел (28), и двајцата жители на Лондон, кои загинале при атентатот во автобусот на Тависток Сквер.
Лондон Голем број на жители на Лондон се собраа денеска во лондонските цркви за да им оддадат почит на жртвите на терористичките напади во британската престолнина, и да одбележат 60 години од крајот на Втората светска војна. Верниците, претежно ветерани на војната, се собраа во црквата Вестминстер ...
Лондон Три помали експлозивни направи експлодирале денеска на три станици на лондонското метро, само две недели по терористичките напади во Лондон, соопшти полицијата. Според истите извори, во експлозиите најмалку едно лице е повредено на станицата на подземната железница Ворен стрит.
Лондон Низа инциденти се случија денеска во центарот на Лондон, јави британската ТВ станица скај њус, додавајќи дека една станица на подземната железница била евакуирана. Истиот извор наведе дека на местото на инцидентите пристигнале возила со спасувачки екипи.
Лондон Балкански муслимани, односно терористи платеници најмени од “Ал Каеда“, се можни извршители на минатонеделните терористички напади во Лондон, смета угледниот британски весник “Индипендент“. Весникот, како што пренесува Макфакс, пишува дека британската полиција дошла до ваквиот заклучок врз ...
Лондон Три лица се уапсени на лондонскиот аеродром Хитроу согласно законот за борба против тероризмот, соопшти попладнево претставник на Скотланд Јард Брајан Падик. “Трите лица се приведени, но се уште не знаеме дали се поврзани со терористичките напади во центарот на Лондон“, ја пренесуваат ...
Лондон Две лица биле задржани од лондонската полиција во врска со денешните четири нови експлозии во транспортниот систем. Ова попладнево го јави ББЦ, не наведувајќи други детали. Пред неколку часа истата станица јави дека во близина на Даунинг стрит полицијата уапсила еден маж.
Лондон Најновиот биланс за терористичките напади во Лондон, што попладнево го соопшти британската полиција, се 52 загинати, јавија агенциите. Претходно, официјалните податоци говореа за 49 загинати во четирите експлозии што во четвртокот се случија во лондонското метро и еден автобус.
Лондон Три станици во лондонското метро се евакуирани поради мала експлозија што се случила во тунелот, јавува “Скај њуз“. Според истиот извор, инциденти биле регистрирани во близина на станиците “Ворен стрит“, “Степердс Буш“ и “Овалната станица“.
Лондон Автобус во источен Лондон денеска експлодирал, јави попладнето британската ТВ станица Скај њус. Според западните агенции кои се повикуваат на полициски извори на местото на експлозијата се упатиле спасувачки екипи. Скај њус претходно јави за низа инциденти што се случија во центарот на ...