ПО ПОКАНАТА НА ГРУЕВСКИ ДО ВЕЈСЕЛИ Централното претседателство ќе одлучи дали ПДП ќе влезе во Владата, одговори претседателот на оваа партија Абдулади Вејсели откако премиерот Никола Груевски вчера официјално го покани да се приклучи во владината коалиција без разлика на бројот на пратеници.
Премиерот Никола Груевски ги поканил лидерот на ПДП, Абдулади Вејсели, и неговата партија да влезат во Владата, а Вејсели ја прифатил понудата. Во текот на вчерашниот ден Груевски одржа нова, втора по ред, тет-а-тет средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која се разговарало за напредокот во ...
Министерството за локална самоуправа, заменичко-министерско место и државен секретар, најверојатно ќе биде понудата на премиерот Никола Груевски до ПДП за нејзин влез во Владата. За тоа денеска ќе имаат средба очи в очи премиерот и лидерот на ПДП Абдулади Вејсели.
Владата е расположена да има уште еден партнер. Премиерот Груевски денеска ја официјализира понудата до Вејсели за влез во власта. Владата е расположена да има уште еден партнер. Премиерот Груевски денеска ја официјализира понудата до Вејсели за влез во власта.
Паралелно со состанокот на лидерите на ПДП и ДПА Абдулади Вејсели во хотелот "Александар палас" и Арбен Џафери во Клубот на пратениците се одржа средба на премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети Партијата за демократски просперитет доби покана од премиерот Никола Груевски за влез во ...
Премиерот Груевски и претседателот на ПДП Вејсели нема да се сретнат утре, ја одложија најавената средба за наредната недела. Вејсели ќе патувал надвор од државата, но сепак ја добил поканата за влез во владата и од премиерот Груевски.
Лидерот на ПДП Абдулади Вејсели вчера не сакаше да одговори дали ќе ја прифати понудата од премиерот Премиерот Никола Груевски ќе упати отворена понуда до ПДП да влезе во Владата, дознава „Дневник“. Според изворите, поканата може да стигне уште денеска по средбата на лидерите на ПДП и на ДПА ...
Пропадна обидот на Вејсели да ја седне на маса албанската лидерска тројка и да формира група за единство. Столчето на Ахмети остана празно. Пропадна обидот на Вејсели да ја седне на маса албанската лидерска тројка и да формира група за единство. Столчето на Ахмети остана празно.
Веќе е готово, Владата на Груевски ќе му ја отвори вратата на Вејсели. ПДП ќе влезе во власта. Најверојатно ќе добие едно министерско место. Во игра ќе биде ставено Министерството за локална самоуправа, иако како што велат нашите извори, не го заслужува тоа, затоа што ПДП останува само со еден ...
Мислења Зад „благородната“ идеја за единство меѓу Албанците лежи идејата за единство со ВМРО-ДПМНЕ ЕРМИРА МЕХМЕТИ Централното прашање кое овие денови се обидуваат да го одговорат познавачите на политичките движења во земјата е: што се крие зад идејата на претседателот на ПДП, г.
Гостиварскиот разгранок на ПДП бара од лидерот Абдулади Вејсели за раскинување на коалицијата со ДУИ да расправа Централното собрание како највисок партиски орган. Не се исклучува можноста вонредно централно собрание да побараат и пратениците Сафет Незири и Блерим Беџети.
Ахмети целосно ја прекина комуникацијата со Вејсели. Според информациите на Канал 5, лидерот на ДУИ воопшто не одговарал на вчерашните упорни телефонски повици на претседателот на ПДП кој сакал да го убеди да се појави на утрешниот состанок на албанските лидери.
Гостиварскиот огранок на ПДП не ја прифаќа одлуката на Централното претседателство на партијата за напуштање на коалицијата со ДУИ. Велат дека е нелегитимна бидејќи сметаат дека решението дали ПДП ќе остане дел од коалицијата не требало да ја донесе Централното собрание кое го сметаат за највисоко ...
Лидерот на ПДП Вејсели ги покани своите колеги, претседателите на ДПА и ДУИ, за в петок да се договорат за групата на единство. Ахмети се уште се премислува. Во ДУИ изјавуваат дека шансите се мали нивниот лидер да седне на иста маса со Џафери и Вејсели, но не ја исклучуваат можноста да дојде до ...
РАСКОЛ ВО ПДП ПО РАСКИНУВАЊЕТО СО ДУИ Сафет Незири и Блерим Беџети, двајцата пратеници на ПДП, не ја прифаќаат одлуката на партиското претседателство за раскинување на коалицијата со ДУИ. - Тоа е непринципиелна одлука и за нас е апсолутно неприфатлива.
ЕДИТОРИЈАЛ БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Сезоната за лов на пратеници и обезбедување парламентарно мнозинство од секаков вид и официјално е отворена со одлуката на двајцата пратеници на ПДП - Беџети и Незири од просперитетлии да станат интегративци.
Двајца од тројцата пратеници на ПДП му остануваат верни на Ахмети БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Партијата за демократски просперитет останува со еден пратеник во Собранието откако највисоките партиски органи одлучија да ја напуштат коалицијата со ДУИ.
Заменик-претседателот на ДПА, Мендух Тачи, ја поздравува одлуката на ПДП да го напушти коалицискиот брак со ДУИ. Тачи им порача на интегративците на Али Ахмети дека сега нивната специфична тежина во политичкиот дијалог со ВМРО-ДПМНЕ е како пердув наспроти ураган.
Ако двајцата пратеници на ПДП и понатаму не ја почитуваат одлуката на партиското претседателство за раскинување на коалицијата со ДУИ, ќе следи трансфер на двајца пратеници од ДУИ во ДПА или во ПДП . Неофицијално дознаваме дека ПДП веќе интензивно преговара за таквиот трансфер, што власта во ...
Џафери, Ахмети и Вејсели нема да седнат на заедничка маса. Лидерот на ДУИ според високи партиски извори нема да се појави на средбата што веќе ја закажа иницијаторот Вејсели - на неутрален терен во скопски Александар Палас, задутре, Петок 13-ти.
Високи партиски извори од ПДП потврдуваат дека во моментов се преговара за премин на уште двајца пратеници на ДУИ во ПДП, незнаејќи дали Беџети и Незири во иднина ќе делуваат како независни пратеници Лидерот на ДУИ Али Ахмети нема да се појави на утрешната средба со претседателот на ПДП Абдулади ...
Одлуката на ПДП за напуштање на коалицијата не е во духот на продолжување на политичкиот дијалог, сметаат во ДУИ. -Ако еден лидер или партија сака со некој поголем проект да ги соединува партиите на Албанците треба да влијае и на другите политички субјекти, смета Рафиз Алити од ДУИ.
Дуи не ја прифаќа идејата на ПДП за формирање на заедничко тело на албанските партии, кое би имало за цел постигнување на општ консензус за прашањата поврзани со Охридскиот договор и евроинтеграциите. Му се лутат на Вејсели за раскинување на коалицијата на ПДП со ДУИ.
ПО ДОЛГИ НАТЕГАЊА ПДП завчера ја раскина коалицијата на ДУИ и соопшти дека во иднина ќе дејствува самостојно и независно. Ваквата одлука беше донесена на седница на централното раководство, кое заклучило дека во изминативе шест месеци коалицијата со ДУИ била неуспешна.
ВМРО-ДПМНЕ се' уште ја договара стратегијата за разговорите со ДУИ СОЊА КРАМАРСКА Уште една рунда преговори меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската партија од албанскиот етнички кампус ДУИ ќе се одржи денеска или утре, а тема ќе биде враќањето на ДУИ во парламентот откако партијата на ...
ТЕТОВО - Коалицијата ДУИ - ПДП дефинитивно е раскината. Одлуката е донесена во неделата попладне на проширена седница на Претседателството со претседателите на општинските разграноци. Определбата била едногласна од сите присутни кои заседавале полни пет часа зад затворени врати.
Двајцата пратеници на ПДП Сафет Незири и Блерим Беџети не ја прифаќаат одлуката на партиското претседателство за раскинувањето на коалицијата со ДУИ, дознава „Дневник“. Незири вчера потврди дека тие двајца и натаму ќе дејствуваат во рамките на коалицијата ДУИ-ПДП.
Мислам дека пратениците се под притисок и уцени. Во спротивно, не знам зошто не не информирале за нивната одлука, вели Земри Елези, генерален секретар на партијата Раководството на ПДП одлучи да ја раскине коалицијата со ДУИ, но двајца од тројцата пратеници на Просперитетот остануваат со Ахмети.
Во четврток се очекува средба на лидерите на ПДП, ДПА и ДУИ. Идејата на Вејсели за составување на заедничко тело за единство на албанските партии, за прашањата што се поврзани со Охридскиот договор и со евроинтеграциите, наиде на широко прифаќање кај ДПА.
Одлуката на претседателството на ПДП да ја раскине коалицијата со ДУИ, ја потресе партијата на Вејсели – според информации на Канал 5, двајца од тројца пратеници на ПДП ја бојкотирале седницата на претседателството - Сафет Незири и Блерим Беџети, и натаму ќе дејствуваат како пратеници од ...