Протестите поради апсењето на Радован Караџиќ во изминатите пет дена ги организираше групата на ултрадесничарски невладини организации, а со свое присуство поддршка на протестите даваат и претставници на Српската радикална партија.
Сериозен машки глас се јавил пред повеќе од еден месец во Агенцијата за безбедност и информации и изјавил дека некаков човек со бела брада патува низ Србија и држи предавања за здрав живот, но гласот многу му наликува на оној на Радован Караџиќ.
Радован Караџиќ, обвинет за воени злосторства, малку е веројатно да биде префрлен во трибуналот во Хаг пред среда идната недела, пренесува АФП, повикувајќи се на неговиот адвокатот, Светозар Вујачиќ.
„Обвинителството на Хашкиот Трибунал проверува дали обвинението против Радован Караџиќ од 2000 година заради изминатото време треба да се усогласува или менува“, изјави портпаролот на обвинителството Олга Кавран.
По апсењето на Радован Караџиќ и откривањето на лажниот идентитет кој го користел, најпопуларно име во Србија во последниве четири дена стана името Драган Дабиќ. Лажниот идентитет на воениот злосторник на луѓето кои навистина се викаат така им донесе слава, но и тешки главоболки и проблеми.
Уапсениот поранешен лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, работел во Виена како „чудотворен исцелител“ за време на годините што ги поминал во криење, објави денеска австрискиот весник „Курир“.
Србија со апсењето на Радован Караџиќ стори се што беше во нејзина моќ за да ги исполни своите меѓународни обврски и сега очекува ЕУ и САД да си ги исполнат своите, смета потпретседателот на српската влада, Божидар Ѓелиќ.
ХАГ, 26 јули (Ројтерс) - Радован Караџиќ може да очекува ќелија со бања, домашно готвена балканска кујна и пријатна атмосфера на местото каде што поранешните непријатели играат фудбалче на маса, откако ќе биде префрлен во затворот на Хашкиот трибунал.
Пред неколку години Караџиќ изгубил неколку парници пред американските судови Сараево - Радован Караџиќ е должен 4,5 милијарди долари отштета којашто жртвите од војната во Босна и Херцеговина ја добиле во процеси пред американските судови.
БЕЛГРАД - Полицијата и Безбедносно-информативната агенција (БИА) го подигнаа нивото на безбедност на претседателот на Србија, Борис Тадиќ, на министерот на полицијата, Ивица Дачиќ, на шефот на националната канцеларија за соработка со Хашкиот трибунал, Расим Љаиќ, и на обвинителот за воени ...
Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ, додека бил во бегство, под лажно име „лекувал“ во Австрија и во Италија, пишуваат австриските весници.
Во понеделник Радован Караџиќ ќе биде екстрадиран во меѓународниот Трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, соопштил Владимир Вукчевиќ главниот обвинител за воени злосторства во Србија.
Белград, 26 јули (МИА) - Обвинителството на Хашкиот Трибунал проверува дали обвинението против Радован Караџиќ од 2000 година заради изминатото време треба да се усогласува или менува, изјави портпаролот на обвинителството Олга Кавран.
Радован Караџиќ постојано комуницирал со својот внук Драган кој е син на братот на Радован, Лука Караџиќ , додека се криел од Хашкиот трибунал. Само неговиот внук знаел каде се наоѓа и кој стои зад ликот на Драган Давид Дабиќ .
Радован Караџиќ,обвинет од Меѓународниот трибунал во Хаг, 18 месеци живеел во Виена, објавува Танјуг, повикувајќи се на австриските медиуми. Караџиќ живеел во Австрија од средината на 2006 година до крајот на 2007 година.
Поранешниот помошник на државниот секретар на САД, Ричард Холбрук, ја поздравил Европската унија за притисокот извршен врз српските власти, исползувајќи го како дополнителен мотив за скорешен прием на државата во унијата, апсењето на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, пренесува ...
Адвокатот на Радован Караџиќ синоќа поднел жалба на решението за исполнување на условите за негово испорачување на Хашкиот суд.
Драган Дабиќ, човекот зад чиј идентитет изминатите години се криеше Радован Караџиќ, живее во Рума и поседува лична карта со идентични податоци со таа на хашкиот бегалец.
Идентитетот под кој со години се криеше Радован Караџиќ, Драган Давид Дабиќ, е преземен од починат српски резервист од српскиот град Рума, кој загинал во Сараево, а на Караџиќ му бил даден пред 10 години од ...
Изворите во германското разузнавање велат дека Младиќ прави се' што може за да избегне судење во Хаг Лондон - Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, е пронајден и уапсен благодарение на откритијата што ги дал поранешниот генерал Ратко Младиќ, командант на војската на Република ...
Слушнав за Караџиќ дека се претставувал со моето име. Единствено што можам да кажам е дека немам никаква врска со тоа што се случило Драган Дабиќ, пензионираниот земјоделец од Рума изненаден од проверките за тоа кому му припаѓа украдениот идентитет на најбараниот хашки бегалец Мислевме дека гледаме ...
Некогашниот политички лидер на РС покажал дека и понатаму имал силна потреба за јавни настапи и внимание од луѓето Јавноста го запамети Караџиќ во текот на деведесеттите години како воинствен националистички политичар, со поетски разбушавена коса и театрален настап, но по откривањето на неговиот ...
Хаг проверува дали треба да се менува обвинението против Караџиќ Белград- Обвинителството на Хашкиот трибунал врши проверка за тоа дали обвинението против Радован Караџиќ од 2000 година треба да се менува или усогласува поради истекот на времето, изјави портпаролката на Обвинителството, Олга Кавран.
Караџиќ зел идентитет на загинат резервист „Се' уште се проверува дали Караџиќ, на ист начин како и Стојан Жупљанин, презел идентитет на мртов човек преку некого од Република Српска.
Никој не бараше награда за Караџиќ Вашингтон - Стејт департментот соопшти дека никој не ја побарал наградата што американските власти ја распишаа за апсењето на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ.
Високиот претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина Мирослав Лајчак изјави дека нема да му дозволи на семејството на поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ да отпатува во Србија ...
Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ додека бил во бегство, под лажното име Драган Дабиќ, успеал да заврши курс по биоенергија и да се стекне со титулата генерал за отрови, злато и откривање ...
Радован Караџиќ е уапсен врз основа на информации што ги дал поранешниот командант на силите на босанските Срби Ратко Младиќ, кој се уште е во бегство, пишува британски „Дејли телеграф“, повикувајќи се на ...
ПРЕСУДА НА АМЕРИКАНСКИ СУДОВИ ВО ПОЛЗА НА ЖРТВИ НА ВОЈНАТА ВО БОСНА Караџиќ должи 4,5 милијарди Пред неколку години Караџиќ изгубил граѓански парници пред неколку американски судови, кои го осудиле за формирање логори Радован Караџиќ им должи 4,5 милијарди долари на жртвите од војната во Босна, ...
Сараево, 25 јули (МИА) - Високиот претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина Мирослав Лајчак изјави дека нема да му дозволи на семејството на поранешниот лидер на босанските Срби Радован ...
КАРАЏИЌ ГИ ДАВАЛ СВОИТЕ УСЛУГИ НА „ЧУДОТВОРЕН ИСЦЕЛИТЕЛ“ И ВО АВСТРИЈА Уапсениот поранешен лидер на босанските Срби Радован Караџиќ работел во Виена како „чудотворен исцелител“ за време на годините кои што ги ...
Иако е светот голем и злосторници има многу, на списокот за најбарани бегалци до неодамна најмногу беа оние од поранешна Југославија.
Српската полиција и Безбедносно-информативната Агенција (БИА), го зголемиле нивото на безбедност на претседателот на Србија, Борис Тадиќ, на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, на шефот на ...
Виена, 25 јули (МИА) - Уапсениот поранешен лидер на босанските Срби Радован Караџиќ работел во Виена како „чудотворен исцелител“ за време на годините кои што ги поминал во криење, објави денеска австрискиот ...
Белград, 25 јули (МИА) - Српскиот заменик-обвинителот за воени злосторства Драгољуб Станковиќ денеска го сослуша поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ во својство на оштетена странка, во врска со неговите тврдења дека бил „незаконски уапсен“ и дека бил „три дена држен затворен во ...
СПОРЕД СРПСКИОТ ОБВИНИТЕЛ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВЛАДИМИР ВУКЧЕВИЌ КАРАЏИЌ ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ БИДЕ ЕКСТРАДИРАН ВО ХАГ Радован Караџиќ во понеделник ќе биде екстрадиран во меѓународниот Трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, соопшти главниот обвинител за воени злосторства во Србија ...
Адвокатот на Радован Караџиќ, Света Вујачиќ денеска во 19 и 55 ќе ја поднесе жалбата за неговото испорачување во Хаг, пред самото истекување на рокот, за да им даде можност на оние членови на семејството на кои им е дозволено да го посетат Караџиќ да го сторат тоа.
Караџиќ, чиј адвокат бил Ремзи Кларк, во процесите учествувал до 1997 година, а подоцна ги пропуштал рочиштата. Во редовна судска постапка во септември 2000 година, била донесена пресуда според која се налага исплата во висина од 4,5 милијарди долари на жртвите Радован Караџиќ им е должен на ...
Иако е светот голем и злосторници има многу, на списокот за најбарани бегалци до неодамна најмногу беа оние од поранешна Југославија. Потрагата трае за уште двајца. Еве ја листата на најбарани бегалци.
Српската полиција и Безбедносно-информативната Агенција (БИА), го зголемиле нивото на безбедност на претседателот на Србија, Борис Тадиќ, на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, на шефот на ...
Косопственикот и директор на болницата “Нова вита“ во Белград Миломир Кандиќ рекол дека бил многу изненаден кога од медиумите дознал дека неговиот соработник бил Радован Караџиќ, пренесува Блиц.
Радован Караџиќ им е должен на властите на САД околу 4,5 милијарди долари бидејќи жртвите на војната во БиХ, кои живеат во САД, во судски процеси добиле пресуди за милионски оштети и сега американските судови ...
“Космополитиска правда“ денеска објавува дел од интервјуто со Радован Караџиќ, направено во мај 1993 година од страна на дописник на весникот.
Србија со апсењето на Радован Краџиќ стори се што е во нејзина моќ за да ги исполни своите меѓународни обврски, изјавил потпретседателот на владата на Србија Божидар Ѓелиќ. “Од Србија се очекуваше акција а сега Србија очекува акција од ЕУ и САД“ изјавил Ѓелиќ за британскиот весник “Фајненшел тајмс“.
Босанските Срби подготвуваат протест за поддршка на Караџиќ Во Босна и Херцеговина Српската демократска партија, која што е основана во 1990 година од Радован Караџиќ, ги повика своите приврзаници утре во своите градови да организираат молебен и симболично да запалаат свеќи за здравјето на ...
Стејт департментот соопшти дека никој не ја побарал наградата, што американските власти ја имаа распишано за апсење на водачот на босанските Срби Радован Караџиќ.
Судиите на Трибуналот ќе се обидат да спроведат брзо судење за Радован Караџиќ и да ги избегнат бавните процеси од минатото, наведува денеска британската агенција Ројтерс.
Српските власти, со апсењето на Радован Караџиќ, ја исполнуваат обврската кон Хашкиот трибунал, но важно е судењето да не биде политизирано.
Радован Караџиќ бил откриен по телефонски разговор со еден роднина, кој бил прислушкуван од српската тајна полиција Ова го вели Светозар Вујачиќ, адвокат на поранешниот лидер на босанските Срби, пишува Дневни ...
Големи протести се најавени во следните денови низ Србија поради апсењето на поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ.
Холандија побара од српската Влада, освен Радован Караџиќ, да ги уапси и останатите двајца обвинети од Хаг, во продолжувањето на напорите за целосна соработка со Хашкиот трибунал.
Албанската Влада денеска го поздрави апсењето на Радован Караџиќ, оценувајќи дека лишувањето од слобода на еден од најодговорните за геноцидот во Босна е „нов задоцнет удар врз српскиот ултранационализам“.
Радован Караџиќ е должен 4,5 милијарди долари отштета која што жртвите од војната во Босна и Херцеговина (БиХ) ја добиле во процеси пред американските судови.
Мнозинството Срби ја поддржуваат соработката на Србија со Хашкиот трибунал, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од страна на Стратеџик маркетинг. Според истражувањето, 70 отсто од граѓаните на Србија ја поддржуваат соработката со Трибуналот.
Стејт департментот соопшти дека никој не ја побарал наградата, што американските власти ја имаа распишано за апсење на водачот на босанските Срби Радован Караџиќ. „Колку што знам, никој не барал никаква награда”, рече портпаролот на Стејт департментот Гонзало Гаљегос.
Радован Караџиќ е уапсен благодарение на наградата од 6,6 милиони долари за информација, колку што ветија американската и српска Влада за негово пронаоѓање.
Апсењето на Радован Караџиќ стави крај на две години непознати. Колку Србија е навистина решена да ги исполни сите услови за влез во ЕУ и дали ќе биде уапсен уапсен генералот Ратко Младиќ? Со претстојната испорака на некогашниот лидер на босанските Срби на Хашкиот трибунал, српскиот претседател ...
Големи протести се најавени во следните денови низ Србија поради апсењето на поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ.
Апсењето на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, претставува важна етапа во зближувањето меѓу Србија и Европската унија, се оценува во заклучоците од средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, што денеска се одржува во Брисел.
Славје по улиците на Сараево до утринските часови, по веста дека е уапсен босанскиот касапин, Радован Караџиќ. „Ова е Босна“, „Да живее Босна“, се скандираше по улиците, не само во Сараево туку и во Тузла, Зеница, но не и во Република Српска. „Многу ми е тешко, како и на секој Србин.
Уапсениот поранешен лидер на босанските Срби Радован Караџиќ се криел под лажен идентитет како Драган Дабиќ, се занимавал со алтернативна медицина и работел во една приватна лекарска ординација.
Поранешниот претседател на Република Србија Радован Караџиќ, кој е лоциран и уапсен во акција на српските служби за безбедност, е обвинет за геноцид и соучество во геноцид од страна на Хашкиот трибунал.
Радован Караџиќ е уапсен врз основа на информации што ги дал Ратко Младиќ, тврди денеска британскиот весник „Дејли телеграф“. Весникот, повикувајќи се на извор близок на германската разузнавачка служба БНД, додава дека Младиќ го направил ова за да избегне судење пред Хашкиот трибунал.
Мистериозната девојка на Радован Караџиќ, алијас доктор Дабиќ, се вика Милева Цицак. Има 53 години и во стан живее со синот од претходниот брак. По апсењето на нејзиниот љубовник, Мила го напуштила Белград.
Европската унија до крајот на јули, најверојатно, ќе го одобри почетокот на примената на спогодбата со Србија, по апсењето на бившиот лидер на босанските Срби и воен злосторник, Радован Караџиќ, но за секој нареден чекор кон полноправното членство во Унијата ќе бара лоцирање и апсење и на ...
БЕЛГРАД, 24 јули (Ројтерс) - Радован Караџиќ сам ќе ја води сопствената одбрана пред Трибуналот во Хаг и е убеден дека ќе биде ослободен по обвиненијата за геноцид, изјавија роднини и соработници на најбараниот осомничен за воени злосторства во светот.
Радован Караџиќ дури држел јавни предавања и бил редовен колумнист во списание за здравје Како Дабиќ, духовен истражувач, тој држел предавања за медитација и техники практикувани од свештеници Според српски официјални лица, уапсениот осомничен за воени злосторства Радован Караџиќ неколку години ...
Апсењето на лидерот на босанските Срби Радован Караџиќ е уште една во низата добри вести што ги испраќа Србија по долготрајно стагнирање од Балканскиот регион.
Биоенергетичар или психијатар. Човек со долга побелена брада облечен во црно со сламена шапка на главата или политичар со специфичната фризура, која ноншалантно му паѓа на чело. Стар човек со навидум беспомошен изглед или воен злосторник обвинет за масакрите во босанската војна од страна на Србите.
Загреб - Радован Караџиќ е уапсен благодарение на наградата од 6,6 милиони долари за информација, колку што ветија американската и српска влада за негово пронаоѓање.
Лавров се надева во објективност на Хаг МОСКВА - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вчера изјави дека сега по апсењето на Радован Караџиќ е најважно судскиот процес во Хаг да биде објективен без елементи на политизираност, кои се покажаа во досегашната работа на Меѓународниот ...
Радован Караџиќ бил чест гостин во кафеаната „Луда куќа“, каде што дури и свирел на гусла за присутните БЕЛГРАД - „Една вечер, пред една година, се појави на вратата од мојата кафеана. Ме праша дали може да влезе. Ги слушнал гуслите, па би сакал да ги слуша.
Братот на Караџиќ, Лука, рече дека неговиот брат Радован не го признава Хашкиот суд Судењето на Радован Караџиќ ќе го продолжи постоењето на Меѓународниот суд во Хаг за уште најмалку четири години, сметаат експерти. Трибуналот се планираше да биде затворен до 2010 година.
Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ се криел зад идентитетот на личност, која починала пред 15 години во Сараево.
Наместо да се крие по пештери и манастири, како што се претпоставуваше, Радован Караџиќ успешно ја играл улогата на доктор Драган Дабиќ, исцелител и доктор по алтернативна медицина - живеел спокојно, гостувал на трибини, а имал дури и „љубовница“.
Апсењето на Радован Караџиќ го зголеми притисокот врз Србија да го уапси и генерал Ратко Младиќ и тоа веќе неофицијално се посочува како последниот услов за забрзување на процесот на евроинтеграција на земјата.Младиќ се очекуваше во Хаг пред Караџиќ.
Караџиќ без адвокати во Хаг Според првите процени, Караџиќ може да биде екстрадиран во Хаг во следните неколку дена, најдоцна до понеделник Радован Караџиќ во притворот во Белград побарал да си го обели образот и фигуративно и буквално - убеден е дека без адвокати и со молчење ќе докаже пред ...
Поранешниот лидер на босанските Срби и осомничен воен злосторник Радован Караџиќ планира да се брани сам пред Хашкиот трибунал, изјавил Светозар Вујачиќ, адвокат на Караџиќ.
Радован Караџиќ украл идентитет на војник од Рума, кој според српските медиуми загинал од снајперски истрел во Сараево, во 1993 година, а според полициски извори се' уште живее во Рума.
РАТКО МЛАДИЌ ГО ПРЕДАЛ КАРАЏИЌ ЗА ДА СЕ СПАСУВА СЕБЕ СИ Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ е пронајден и уапсен благодарение на откритијата што ги дал поранешниот генерал Ратко Младиќ, командант на војската на Република Српска, во настојување да се испазари за себе, доколку им се ...
Лондон, 24 јули (МИА) - Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ е пронајден и уапсен благодарение на откритијата што ги дал поранешниот генерал Ратко Младиќ, командант на војската на Република Српска, во настојување да се испазари за себе, доколку им се предаде на властите, открива ...
Белград, 24 јули (МИА) - Обвинителството на Хашкиот трибунал врши проверка за тоа дали обвинението против Радован Караџиќ од 2000 година треба да се менува или усогласува поради истекот на времето, изјави портпаролот на Обвинителството Олга Кавран.
Стејт департментот соопшти дека никој не ја побарал наградата, која американските власти ја распишаа за апсењето на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ. „Колку што знам никој не бараше никаква награда“, изјави на прес-конференција потпаролот на Стејт департментот Гонзало Гаљегос.
Белград, 24 јули (МИА) - Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ се криел зад идентитетот на личност, која починала пред 15 години во Сараево.
Караџиќ го користел името Драган Давид Дабиќ и имал документи за лична идентификација, издадени на тоа име, јавувата локалните медиуми, напоменувајќи дека Дабиќ бил војник на Република Српска и починал во Сараево во 1993 година за време на војната.
Обвинителството на Хашкиот трибунал врши проверка за тоа дали обвинението против Радован Караџиќ од 2000 година треба да се менува или усогласува поради истекот на времето, изјави портпаролот на Обвинителството Олга Кавран .
Српските медиуми, вчера, објавија изјава на бившиот шеф на белградската полиција, Марко Ницовиќ, и на потпретседателот на партијата СРС, Милорад Мирчиќ, дека “предавникот“ веќе ги подигнал парите.
Драган Дабиќ , што во подоцнежната полициска истрага се воспоставило дека тоа лице впрочем било пензиониран земјоделец од Рума.
Колку што знам никој не бараше никаква награда, изјавил портпаролот на Стејт департментот Гонзало Гаљегос . САД во рамки на програмата наречена „Награда за правда“, распишаа награда од пет милиони долари за информација која би довела до пронаоѓање и апсење на Радован Караџиќ , кој од ...
Изненадува фактот што меѓу оние што протестираат, мнозинството се млади луѓе, кои во „времето на Караџиќ“ веројатно не биле ни родени. Но, тоа не ги попречи да ја пеат „четничката химна“ и да носат шајкачи со кокарда и да го извикуваат името на Радован Караџиќ.
РОМАНСКИТЕ ВЛАСТИ НЕ ИЗДАЛЕ ЛИЧНА КАРТА СО ИМЕ ДРАГАН ДАВИД ДАБИЌ Романските власти не издале лична карта со името Драган Давид Дабиќ, изјавиле денеска претставници на Министерството за внатрешни работи, по објавувањето на информацијата, дека лажен документ за лична идентификација, користен од ...
РОКОВИТЕ ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ТРИБУНАЛОТ НЕ ВАЖАТ ЗА КАРАЏИЌ Портпаролот на Хашкиот трибунал Нерма Јелачиќ денеска за Танјуг изјави дека роковите кои се предвидени за завршување на работата на Хашкиот трибунал не се однесуваат на дополнително упасените хашки бегалци, каков што е Радован Караџиќ.
Обвинението против Радован Караџиќ од Хашкиот суд најверојатно ќе претрпи промени, со оглед на тоа што е составено пред повеќе од една деценија, соопштија од Трибуналот.
СУДИРИ МЕЃУ ПОЛИЦИЈАТА И УЧЕСНИЦИ НА МИТИНГОТ ПРОТИВ АПСЕЊЕТО НА КАРАЏИЌ ВО БЕЛГРАД Припадници на српската полиција вечерва во Белград се судрија со група учесници на митингот организиран во знак на протест поради апсењето на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ.
Светозар Вујачиќ , во образложението на пријавата за заведување кривично дело, ги навел наводите на очевидците на апсењето на Караџиќ, кои изјавиле дека, минатиот петок непознати лица насила го фатиле Караџиќ во белградски автобус на јавниот превоз на линијата 73 и протиовправно го привеле.
КАРАЏИЌ НЕМА ДА СЕ ИЗЈАСНИ ЗА ВИНОВЕН ПРЕД ХАШКИОТ ТРИБУНАЛ Осомничениот за воени злосторства Радован Караџиќ се гордее со времето кога беше лидер на босанските Срби и нема да се изјасни за виновен пред Трибуналот во Хаг, изјави денеска неговиот адвокат Светозар Вујичиќ.
Радован Караџиќ имал лична карта на име Драган Дабиќ, издадена во Рума, а истражните органи се сомневаат дека најбараниот хашки бегалец му го земал идентитетот на Драган Дабиќ, роден 1954 година а загинал 1993 година во Сараево.
Поранешниот лидер на Србите во Босна и Херцеговина, Радован Караџиќ,е уапсен благодарејќи на информациите што ги дал Ратко Младиќ, прв на листата на хашки бегалци, за да ја спаси својата кожа и да го избегне судењето пред Меѓународниот кривичен суд, пишува денес, “Дејли телеграф“.
Американскиот Стејт департмен соопштилл дека никој не ја побарал наградата што властите на САД ја рапсишаа за апсење на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, јави Танјуг.
Холандскиот министер за европски работи Франс Тимерманс изјавил дека апсењето на Радован Караџиќ е многу важно но дека оцената за полна соработка на Србија со Хашкиот трибунал ќе биде изречена тогаш кога пред судот ќе се најде и Ратко Младиќ, пренесува Блиц.
Романските власти не издале лична карта со име Драган Давид Дабиќ Романските власти не издале лична карта со името Драган Давид Дабиќ, изјавиле денеска претставници на Министерството за внатрешни работи, по објавувањето на информацијата, дека лажен документ за лична идентификација, користен од ...
Апсењето на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, е еднакво на втора смрт за “Голема Србија“, пишува денеска грчкиот весник “Имерсија“.
Српската радикална партија на својот веб сајт најави дека протестите против апсењето на Радован Караџич ќе продолжат секој ден, известува Балкан Веб. Во вчерашниот ден околу 300 лица протестираа во центарот на Белград против апсењето на Радован Караџич.
Портпаролот на Хашкиот трибунал Нерма Јелчиќ изјавила денес дека роковите кои се предвидени за завршување на работата на Хашкиот трибунал не се однесуваат на дополително уапсените бегалци, како што е Радован Караџиќ.
Српските власти вчера дадоа подробности за апсењето на поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ, кој е баран за воени злодела од граѓанската војна. 63-годишниот осомничен злосторник е приведен завчера, по речиси 13 години во бегство.
Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, му рекол на својот адвокат дека самиот ќе се брани доколку биде предаден на судење во меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг. Адвокатот, Светозар Вујачиќ, вели дека Караџиќ е уверен оти ќе го добие случајот.
БЕЛГРАД, 23 јули (АП) - Уапсениот воен криминалец Радован Караџиќ пуштил долга, бела брада за да го скрие својот идентитет, и дури успеал отворено да практикува алтернативна медицина додека се криел, соопштија вчера властите откривајќи детали за неговото апсење по една деценија бегство.
Хартман: Караџиќ е уапсен уште во петокот, а не во понеделникот Поранешниот лидер на босанските Срби е уапсен во Белград уште во петокот, а не вчера, тврди потпаролот на поранешниот главен хашки обвинител Карла дел Понте, Флоренс Хартман во интервју за електронското издание на францускиот весник ...
Боцевски: Апсењето на Караџиќ е унапредување на правната држава Владата на Македонија ги поздравува сите чекори на владите во регионот кои водат кон зацврстување на принципите на почитувањето на основните човекови права и слободи, унапредување на правната држава и заложбите за европската ...
Сараево го прослави апсењето на Караџиќ Претседателот на босанските Срби за време на војната во Босна, Радован Караџиќ, кој се бара поради геноцид и злосторства, беше уапсен во близина на Белград по 13 години бегство. Со долга бела брада, и работејќи како лекар, тој е уапсен во понеделникот навечер.
Прашањето за предавање на Караџиќ на Трибуналот во Хаг е внатрешно прашање на Србија Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Прашањето за предавање на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, на Хашкиот трибунал е внатрешна работа на властите од Србија кои самостојно треба да ...
Човекот кој сега е во притвор поради најкрвавиот масакр во Европа по II С.В., изгледа како стар салонски пејач БЕЛГРАД - Во раната пролет во 1992 година меката побелена коса и големата насмевка измамија многумина.
Американските и британските разузнавачки агенции помагале при пронаоѓањето на Радован Караџиќ, известувајќи го Белград за неговото движење, открива „Фајненшел тајмс“, повикувајки на изјави на високи српски функционери кои не ги именува.
Поранешниот политички лидер на босанските Срби и еден од најбараните воени злосторници, Радован Караџиќ, по речиси 13 години бегство завчера вечер бил уапсен во Белград.
Најдобар одговор на сево ова е нормалната состојба – изјавил премиерот на РС. Според неговите зборови, апсењето на Караџиќ е поврзано со дејтонските обврски кои се поставени како врвен критериум.
АМЕРИКАНСКИ И БРИТАНСКИ РАЗУЗНАВАЧКИ АГЕНЦИИ ГО ИЗВЕСТИЛЕ БЕЛГРАД ЗА КАРАЏИЌ Американските и британските разузнавачки агенции помагале при пронаоѓањето на Радован Караџиќ, известувајќи го Белград за неговото движење, открива „Фајненшел тајмс“, повикувајки на изјави на високи српски функционери кои ...
Радован Караџиќ, кој уште во 1998 година добил идентитет како Драган Дабиќ и тоа со помош на српската тајна полиција, толку се соживеал во улигата на водење двоен живот, што сликата за себе ја дополнил и со нова жена.
Повеќе десничарски организации во 17 часот во центарот на Белград организираа протести против апсењето на Радован Караџиќ, а на нив им се приклучија повеќе млади лица со обележја на „Образ“, па така бројката прераснала на 200 до 300 демонстранти, соопштуваат српските медиуми.
Балканот и вчера ја покажа на дело својата противречност. Апсењето на „најбараниот“ од Трибуналот за поранешна Југославија во Хаг, наиде на спротивставени реакции, додека едните се радуваа другите протестираа на улиците на Белград и во Република Српска, што значи дека на овие простори и ...
Американските и британските разузнавачки агенции помагале при пронаоѓањето на Радован Караџиќ , известувајќи го Белград за неговото движење, открива „Фајненшел тајмс“, повикувајки се на изјави на високи српски функционери кои не ги именува.
Лондон, 23 јули (МИА) - Американските и британските разузнавачки агенции помагале при пронаоѓањето на Радован Караџиќ, известувајќи го Белград за неговото движење, открива „Фајненшел тајмс“, повикувајки на изјави на високи српски функционери кои не ги именува.
Хаг, 23 јули (МИА) - Поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ уште овој викенд може да биде предаден на Трибуналот во Хаг, изјави денеска претставникот на српското обвинителство за воени злосторства Бруно Векариќ.
АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА ВЕТИЛА ИСПЛАТА ОД 5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НАГРАДА ЗА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ФАЌАЊЕ НА РАДОВАН КАРАЏИЌ КОЈ ДОБИ 6,6 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИЈАТА ЗА КАРАЏИЌ? Американската влада ветила исплата од 5 милиони долари награда за информација за фаќање на Радован Караџиќ.
Радован Караџиќ соработувал, велат дека речиси секогаш, без исклучок, на сите посети и патувања тој бил придружуван од некоја средовечна жена, за која не знаеле ништо, ниту дали живее со него, ниту нејзиното име, ниту од каде е и со што се занимава.
бидејќи тогаш за него би одговарале соодветните судови во Србија, изјавил за „Шпигел“ неговиот адвокат Светозар Вујачиќ, пренесе српската телевизија Студио Б. Тој потврди дека Караџиќ ќе се брани сам пред хашкиот Трибубал, а ќе има тим од советници составен само од четири или пет члена.
ЗАД СЕКОЈ ЧОВЕК КОЈ МОЖЕ, ПОСТОЈАТ ДРУГИ ЛУЃЕ КОИ МОЖАТ, ОМИЛЕНА ИЗРЕКА НА “ДОКТОР ДАБИЌ“ Радован Караџиќ, како доктор Драган Дабиќ, има своја официјална интернет страница на која се наведува дека “Доктор Драган “Давид“ Дабиќ е роден пред околу 60 години во српското село Коваци покрај Краљево.
Белград, 23 јули (МИА) - Радован Караџиќ ќе ја води сопствената одбрана пред Трибуналот во Хаг и е убеден дека ќе биде ослободен по обвиненијата за геноцид, изјавија роднини и соработници на осомничениот за воени злосторства.
Адвокатот на Радован Караџиќ Светозар Вујачиќ изјавил дека неговиот клиент е во добра психо-физичка состојба, не зборувал со иследниците и се бранел со молчење. - Караџиќ ќе има адвокатски тим во Србија, но ќе се заштитува сам без адвокат за време на судскиот процес во Хаг, додал Вујачиќ.
Колку и да звучи трагикомично, Др. Драган Дабиќ, алтер егото на Радован Караџиќ , отвори простор за реална паралела со најдобро изработените маски во Холивуд.
Радован Караџиќ поранешниот лидер на босанските Срби е откриен и уапсен благодарејќи на информациите кои ги дал Ратко Младиќ , некогашниот командант на Војската на Република Српска во настојување да се испазари за себе, доколку им се предаде на властите, тврди лондонски „Дејли ...
РАТКО МЛАДИЌ ГО ПРЕДАЛ КАРАЏИЌ ЗА ДА СЕ СПАСИ СЕБЕ СИ Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ е откриен и уапсен, благодарејќи на информациите што ги дал некогашниот командант на Војската на Република Српска, генерал Ратко Младиќ во настојување да се испазари за себе, доколку им се ...
Освен лажниот идентитет, Радован Караџиќ имал и лажна сопруга. Мистериозната жена го придружувала на сите патувања и предавања за биоенергија и се однесувала како негова сопруга. Ја нарекувал Мила и често ја држел за рака и ја прегрнувал. Мила била претставувана како неговата најголема љубов.
Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ ќе биде префрлен во Хаг во текот на викендот или најдоцна во почетокот на следната недела.
ПРОТЕСТ НА „ПЛОШТАДОТ НА РЕПУБЛИКАТА“, НАПАДНАТИ НОВИНАРСКИ ЕКИПИ На Плоштадот на Републиката во Белград и денеска, околу 17 часот, почнаа да се собираат демонстранти кои протестираат по повод апсењето на поранешниот лидер на Република Српска Радован Караџиќ, јавува Танјуг.
Во редакцијата на "Здрав живот" главниот уредник Горан Којиќ рекол дека прет години чекал магазинот да им се прослави но не ни сонувал дека тоа ќе биде поради најбараниот хашки бегалец По апсењето на најбараниот хашки бегалец Радован Караџиќ или доктор Драган Давид Дабиќ, се отвори нова страница од ...
УТРИНСКИ ВЕСНИК: По 13 години бегство уапсен е Радован Караџиќ Претседателот на босанските Срби за време на војната во Босна, Радован Караџиќ, кој се бара поради геноцид и злосторства, беше уапсен во близина на Белград по 13 години бегство.
Британски и американски разузнавачки служби имале голем придонес во апсењето на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, пишува денеска во своето издание весникот “Фајненшел Тајмс“, повикувајќи се на анонимен извор.
Радован Караџиќ, кој уште во 1998 година добил идентитет како Драган Дабиќ и тоа со помош на српската тајна полиција, толку се соживеал во улигата на водење двоен живот, што сликата за себе ја дополнил и со нова жена.
По апсењето на поранешниот водач на босанските Срби, Караџиќ, обвинителите и судиите од Хашкиот трибунал, ќе се обидат да направат брзо судење и да ги избегнат бавните процеси од минатото, пишува Ројтерс, повикувајќи се на изјави на експерти.
Американската влада ветила исплата од 5 милиони долари награда за информација за фаќање на Радован Караџиќ. Исто така и српската влада за Караџиќ нудела еден милион евра. Стручњаците, тврдат дека тие пари, вкупно 6,6 милиони долари, некој веќе ги добил.
Радован Караџиќ, како доктор Драган Дабиќ, има своја официјална интернет страница на која се наведува дека “Доктор Драган “Давид“ Дабиќ е роден пред околу 60 години во српското село Коваци покрај Краљево.
Црногорската полиција соопштила дека во понеделникот го претресла угостителскиот објект “Кула Караџиќ“ во Подгорица и во таа прилика кај едно лице пронашла ладно оружје, пренесува агенцијата Бета. Како што денес соопштила управата на полицијата на Црна Гора, за време на рацијата во кафеаната кај Р.
Радован Караџиќ, по кого Хашкиот трибунал има распишано потерница, беше уапсен синоќа од страна на српските служби за безбедност. Тоа го соопштија од Кабинетот на претседателот Борис Тадиќ. „Караџиќ беше локализиран и уапсен“, се наведува во соопштението.
Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, кој избегнуваше да биде фатен поради воени злодела речиси 13 години - е во притвор откако беше уапсен од српските безбедносни сили.
Белградскиот суд нареди Караџиќ да биде префрлен до Меѓународниот суд за воени злодела во Хаг но неговиот адвокат најави дека тој ќе се жали на решението. Од своја страна, главниот обвинител на Судот, Серж Брамерц, рече дека ова покажува оти никој не е над законот.
Но, што значи апсењето на Караџиќ за идната стабилност на Балканот? За многумина денес е тешко да се сетат како насилното распаѓање на Југославија во раните 90-ти години ја растури еуфоријата за новиот свет по крајот на студената војна.
Српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ изјави дека е издадена судска наредба поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ да биде предаден пред Трибуналот на ОН.
Веста пристигна како утеха за роднините на жртвите на масакрот во Сребреница Европската Унија го поздрави апсењето на Радован Караџиќ како огромен чекор на Србија во процесот на евроинтеграција.
Радован Караџиќ, најбараниот бегалец во Европа, е приведен во Белград и треба да му биде испорачан на Хашкиот трибунал. Лидерот на босанските Срби во текот на војната во Босна, кој 11 години беше во бегство, живеел во Белград со лажен идентитет, под името Драган Дабиќ, и работел во приватна ...
Радован Караџиќ, по кого Хашкиот трибунал има распишано потерница, беше уапсен синоќа од страна на српските служби за безбедност. Тоа го соопштија од Кабинетот на претседателот Борис Тадиќ. - Караџиќ беше локализиран и уапсен, се наведува во соопштението.
Белград, 22 јули (МИА) - Радован Караџиќ, по кого Хашкиот трибунал има распишано потерница, беше уапсен синоќа од страна на српските служби за безбедност. Тоа го соопштија од Кабинетот на претседателот Борис Тадиќ. - Караџиќ беше локализиран и уапсен, се наведува во соопштението.
Белград, 22 јули (МИА) - Радован Караџиќ бил уапсен синоќа во предградие на Белград, соопшти извор на српската полиција, кој побарал анонимност. Според изворот, куќата во која се криел Караџиќ била набљудувана во текот на изминатите неколку седмици.
“Неколку стотини граѓани на Сараево, околу полноќ, излегоа на улиците на градот за да го прослават апсењето. Колони од автомобили кружеа по Скендерија и во потесниот градски центар. Од славеничките автомобили, на кои им беа вклучени сирените, беа фрлани петарди.
Сараево, 22 јули (МИА) - Додека граѓаните на Република Српска беа шокирани од веста за апсењето на Радован Караџиќ, во Муслиманско-хрватската федеација на неа се гледа со големо одобрување.
Радован Караџиќ беше локализиран и уапсен, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот Борис Тадиќ . Повеќе детали не се наведуваат но според извор близок до обвинителството, поранешниот лидер на босанските Срби за време на војната во Босна во 1992-1995 година бил уапсен на српска ...
Во име на канцеларијата на обвинители сакам да им честитам на српските власти, особено на Советот за национална безбедност и на акциониот тим кој е задолжен за пронаоѓање на тие кои се кријат, како и на канцеларијата на обвинители за воени злосторства, која придонесе да се направи овој голем чекор ...
Белград, 22 јули (МИА) - Радован Караџиќ престојувал во општината Нов Белград под лажен идентитет и како Драган Дабиќ се занимавал со алтернативна медицина во една приватна лекарска ординација. Ова денеска го соопшти претседателот на Националниот совет за соработка со Хаг Расим Љајиќ.
Радован Караџиќ престојувал во општина „Нов Белград“ под лажен идентитет и како Драган Дабиќ се занимавал со алтернативна медицина во приватна лекарска ординација, изјавил за новинарите претседателот на Националниот совет за соработка со Хаг, Расим Љаиќ, пренесува Блиц.
Белград, 22 јули (МИА) - Српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ изјави дека е издадена судска наредба поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ да биде предаден пред Трибуналот на ОН.
По објавувањето на веста за апсењето на Караџиќ пред зградата на Специјалниот суд, во која е и Советот за воени злосторства на Окружниот суд, каде беше сослушан Караџиќ, беше собрана група од десетина граѓани, а собири имаше и на Плоштадот на Републиката.
Вујачиќ рекол дека Караџиќ е во одлична здравствена состојба и дека се чувтсвува добро. Лука Караџиќ, брат на најбараниот хашки бегалец, изјавил дека го посетил Радован и дека еден час разговарал со него.
Владимир Вукчевиќ , изјавил на конференцијата за новинари дека Радован Караџиќ бил уапсен синоќа во околината на Белград при преместување од една во друга локација. Шеесет и тригодишниот Караџиќ не давал отпор при апсењето и бил во депресивна состојба во моментот на апсење.
Владата на Република Македонија ги поздравува сите чекори на владите во регионот кои водат кон зацврстување на принципите на почитувањето на основните човекови права и слободи, унапредување на правната држава и заложбите за европската интеграција на целиот регион, изјави владиниот портпарол Ивица ...
ПО АПСЕЊЕТО НА КАРАЏИЌ СЕ ОТВОРААТ ВРАТИТЕ НА ЕУ ЗА СРБИЈА РЕН - ПРИВРЕМЕНАТА СПОГОДБА МЕЃУ ЕУ И СРБИЈА ТРЕБА ДА СТАПИ ВО СИЛА Европскиот комесар за проширување Оли Рен денеска во Брисел изјави дека Европската комисија смета дека по апсењето на Радован Караџиќ Привремената спогодба меѓу ЕУ и Србија ...
СЕМЕЈСТВОТО НА РАДОВАН КАРАЏИЌ ПОБАРА ДОЗВОЛА ДА СЕ ВИДИ СО НЕГО Ќерката на Радован Караџиќ, Соња Караџиќ денеска изјави дека нејзиното семејство побарало да им се укине забраната за патување, за да можат да го посетат нејзиниот татко во белградскиот затвор, пренесоа светските агенции.
Владата на Република Македонија ги поздравува сите чекори на владите во регионот кои водат кон зацврстување на принципите на почитувањето на основните човекови права и слободи, унапредување на правната држава и заложбите за европската интеграција на целиот регион, изјави владиниот портпарол Ивица ...
Според полициски извор, куќата во која се криел Радован Караџиќ била набљудувана во текот на изминатите неколку седмици. Српските власти дејствувале врз основа на информација, дадена од странско разузнавање.
Поранешниот лидер на босанските Срби е уапсен во Белград уште во петокот, а не вчера, тврди потпаролот на поранешниот главен хашки обвинител Карла дел Понте, Флоренс Хартман во интервју за електронското издание на францускиот весник „Нувел Опсерватер“.
е уапсен синоќа во околината на Белград. Шеесет и три годишниот поранешен лидер на босанските Срби не давал отпор при апсењето и бил во депресивна состојба во моментот на апсење. Се брани со молчење.
Скопје, 22 јули (МИА) - Владата на Република Македонија ги поздравува сите чекори на владите во регионот кои водат кон зацврстување на принципите на почитувањето на основните човекови права и слободи, унапредување на правната држава и заложбите за европската интеграција на целиот регион, изјави за ...
Најголемиот воен злосторник на просторите на поранешна Југославија и првообвинет за масакрот во Сребреница и четиригодишната опсада на Сараево Радован Караџиќ од синоќа е во притвор.
По апсењето на Радован Караџиќ, Европската Комисија ќе ја поддржува европската иднина на Србија и ќе бара од земјите членки имплементирање на европските договори кои беа замрзнати поради недоволната соработка со Хашкиот трибунал.
При апсењето, шеесет и тригодишниот Караџиќ не давал отпор и бил во депресивна состојба. Сослушувањето на Караџиќ почнало прексиноќа околу еден часот по полноќ и траело час и половина во зградата на Специјалниот суд, која беше обезбедувана од полициски кордон Прексиноќа во Белград, по 13-годишна ...
Сите европските лидери д го поздравија апсењето на Радован Караџиќ и нагласија оти со овој чекор Србија го забрзува процесот на интегрирање во Европската унија. Германскиот канцелар Ангела Меркел апсењето на Караџиќ го означи како историски момент. "Тоа е историски момент.
Милан Дилпариќ, истражен судија во Советот за воени злосторства, за новинската агенција “Бета“ потврдил дека во ножта меѓу понеделникот и вторникот го сослушувал поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ. “Сослушувањето е завршено“, рекол Дилпариќ.
Апсењето на хашкиот бегалец, Радован Караџиќ, е “важен чекор во приближувањето на Србија до Европската унија“, соопшти француското претседателство на ЕУ, а еврокомесарот Оли Рен оцени дека тоа е всушност “клучната случка за тежнеењето на Србија да влезе в о Европската унија“.
Хавиер Солана високиот претставник на Европската Унија за безбедност и надворешна политика, изјавил денес во Брисел, дека со апсењето на Радован Караџиќ, властите во Белград покажале дека се подготвени во целост да соработуваат со Хашкиот трибунал.
Адвокатот Светозар Вујачиќ, изјавил дека Радован Караџиќ, во сослушувањетго пред истражен судија, ноќеска, рекол оти бил уапсен во петокот навечер, во автобус на градскиот превоз во Белград.
Љиљана Зелен-Караџиќ, изјавила дека е збунета од веста за апсењето на нејзиниот сопруг, Радован Караџиќ. Таа тврдела дека веста ја чула од ќерка си Соња, вчера околу 23.30 часот, која пак се информирала до телевизиски вести.
Веста за апсењето на Радован Караџиќ, во Република е дочекана со молк и неверување, додека во Сараево е радосно поздравена, објавува електронското издание на српскиот весник “Блиц. “Неколку стотини граѓани на Сараево, околу полноќ, излегоа на улиците на градот за да го прослават апсењето.
Европскиот комесар за проширување Оли Рен, пред почетокот на Советот на министри на Европската Унија во Брисел, рекол дека апсењето на Караџиќ е пресвртница во соработката на Белград со Хаг. Со ова се покажува дека Србија е многу сериозна за прашањето за соработка.
Претседателот на српскиот Национален совет за соработка со Хашкиот трибунал, Расим Љајиќ, денеска изјавил дека Радован Караџиќ, кој вчеравечер беше уапсен во Белград, се криел под лажно име.
Поранешниот американски пратеник за Балканот, во текот на 90-те години, Ричард Холбрук, познат по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, изјавил дека за него Радован Караџиќ е прав архитект за масовен колеж. Холбрук го нарекол Караџиќ европски Осама бин Ладен.
Премиерот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека апсењето на Радован Караџиќ ќе има позитивни последици за развојот на Србија и на целиот регион, пренесува албанското електронско издание Балканвеб. Според него, со ова апсење Србија испратила позитивна порака кон светот.
Српската Влада ги повика останатите двајца Срби, обвинети во Трибуналот во Хаг, кои се сеуште на слобода, да се предадат по апсењето на босанскиот српски лидер Радован Караџиќ.
“Караџиќ е еден од светски најбараните воени злосторници од војните во поранешна Југославија во текот на 90-те години. Уапсен е по неколкунеделна тајна операција на српските безбедносни служби.
Адвокатoт на Радован Караџиќ, Светозар Вујачиќ, денеска изјавил дека неговиот клиент самиот ќе се брани во Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, објави весникот “Блиц“. Вујачиќ рекол дека Караџиќ е во одлична здравствена состојба и дека се чувтсвува добро.
Србија ќе настојува Русија да ги екстрадира вдовицата и синот на Милошевиќ Апсењето на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, е доказ дека Србија сериозно ја сфаќа својата иднина во Евроипската унија, изјавил српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, цитиран од телевизија ...
Заменик претседателот на Српската радикална партија, Томислав Николиќ, изјави дека Радован Караџиќ не е воен престапник и дека неговиот единствен проблем бил фактот што не е Србин, објави РИА Новисти.
Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, вечерва бил уапсен, соопштил српскиот Совет за национална безбедност, јавија српоските медиуми. Во акција на српските безбедносни служби, Караџиќ бил лоциран и веднаш лишен од слобода.