TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија ќе инсистира на поединечен прием во НАТО

А1 - 18.09.2005

Европските сојузници се изненадени од САД, кои за првпат на една земја и кажаа датум кога ќе биде примена во НАТО, иако тоа во Македонија беше примено како одложување на членството до 2008-та година. Сега Владата подготвува стратегија за издејствување на поединечен прием во НАТО на наредниот самит ...

Лош прием на топката од НАТО

Дневник - 17.09.2005

Јован Деспотовски Изминатава недела внимателно ја следев дебатата во јавноста предизвикана од изјавата на заменик-помошникот државен секретар на САД, задолжен за европски и евроазиски прашања. Овој американски дипломат, според пренесеното во домашните медиуми, изјавил дека Македонија не може да се ...

Изненадувачка беше само нашата изненаденост

Дневник - 17.09.2005

Димитрие Маневски Во Македонија покрај многуте правила (пишани и непишани) постои едно кое е силно истакнато и кое е најпочитувано. Тоа правило гласи вака: "Ако слушаш дека некој зборува нешто, а ти ништо од тоа не разбираш, тогаш тој е неверојатно паметен и зборува паметно".

Вратата на НАТО останува отворена

Дневник - 17.09.2005

ЈАП ДЕ ХОП ШЕФЕР Ја охрабрувам Македонија да продолжи со реформите. Нема разговори за тоа кој прв, а кој последен ќе влезе во НАТО. Единствено е важно дека вратата на НАТО е отворена. Многупати кажав и во Скопје и во други градови дека сум сигурен оти ќе има проширување на НАТО и оти сум сигурен ...

Колку Македонија беше блиску до НАТО?

Вечер Прес - 17.09.2005

Според политичките проценки, кои беа актуелни до пред една недела, Македонија веќе со едната нога беше "внатре" во Алијансата. Наместо тоа стигна "ладен туш" - информацијата дека не треба да се надеваме на покана за членство во НАТО во 2006.

Интервју со Генералниот Секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер

Канал5 - 16.09.2005

Нема ниту јата, ниту стада, процесот е индивидуален. За покана треба да се сработи, вели Јаап де Хоп Шефер Што се вистинските причини за намерите самит за проширување на НАТО да се одржи најрано во 2008-та, а не во 2006-та? неподготвеност на земјите-аспирантки или неподготвеност на алијансата? Мило ...

Шефер повикува на реформи на силите на НАТО

Вечер Прес - 15.09.2005

БЕРЛИН, 15 СЕПТЕМВРИ (МИА). - Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, ги повика 26-те земји-членки да направат голема реформа на вооружените сили во Сојузот, што е неопходна за справување со новите глобални закани. Шефер тоа го соопшти на отворањето на неофицијалната средба на министрите за ...

2008-ма година за прием на Македонија во НАТО

А1 - 14.09.2005

Идејата за два самити, за иднината на НАТО во 2006-та и за проширување во 2008-та, веќе една седмица се дискутира во Брисел. Но на денешната неформалната средба на министрите за одбрана на Алијансата во Берлин, проширувањето не било спомнато.

Владата да го објасни одложувањето на приемот во НАТО

А1 - 13.09.2005

Опозицијата денеска побара итна седница на собранието, на која Владата ќе го објасни најавеното одложување на приемот во НАТО за 2008-та година. Стејт Департментот неодамна најави, дека Македонија заедно со Албанија, Хрватска, но и Украина - нема да добијат покана за членство во НАТО на наредниот ...

Собранието ќе расправа за сигналите од НАТО

Време - 13.09.2005

АНДОВ ПРЕДЛОЖИ, БУЧКОВСКИ СЕ СОГЛАСИ Во собраниската агенда да се вметне итна точка за најавите на високи претставници на НАТО за одложување на роковите за проширување на Алијансата, побара вчера Стојан Андов од ЛП. Премиерот Владо Бучковски, кој присуствуваше на почетокот на седницата, се согласи ...

Адутот не е само реформи во одбраната

Време - 13.09.2005

ШТО НАПРАВИ АРМ ЗА ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО? Боби Христов Успехот на реформите во одбраната не е спорен, но Владата во еуфоричните најави за брз прием во НАТО играше ризично само на американската поддршка, а ги занемари предупредувањата оти за членство во Алијансата, освен воените, исто толку се важни и ...

Американците се секогаш непредвидливи

Дневник - 13.09.2005

ИНТЕРВЈУ: НАНО РУЖИН, АМБАСАДОР НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО По веста дека САД им предлагаат на своите европски партнери Македонија, Албанија и Хрватска да не бидат примени во НАТО пред 2008 година, за "Дневник" ситуацијата ја анализира македонскиот амбасадор во Алијансата д-р Нано Ружин.

Итна седница на Парламентот за НАТО

Канал5 - 13.09.2005

Собранието ќе расправа за одложувањето на приемот на Македонија во НАТО, откако Владата ќе подготви информацијата за тоа. Ова е епилогот од стартот на денешната парламентарна седница кога либералот Стојан Андов, користејќи го присуството на премиерот во салата, побара од него веднаш да зборува на ...

Мировниците наш адут за НАТО

А1 - 12.09.2005

Државниот врв останува на ставот дека мировниците се наш најголем адут за добивање покана за членство во НАТО. Иако првиот сосед Бугарија најави повлекување од Ирак до крајот на годинава, од Министерството за одбрана велат, ние остануваме.

Македонија не може сама во НАТО

А1 - 12.09.2005

Македонија нема шанси да влезе индивидуално во НАТО без Албанија, Хрватска и Украина. Денеска во Виена заменик-државниот секретар на Стејт Департментот, Курт Вокер, му соопштил на македонскиот државен секретар Емил Кирјас, дека НАТО нема да организира самит за проширување само за една членка, ...

Ако не може во НАТО зошто мора во Ирак?

Вест - 12.09.2005

ВЛАДАТА СЕ ОСВЕСТУВА ПО СТУДЕНИОТ ТУШ ОД САД Депласирано е да се поврзе учеството на Македонија во антитерористичката коалиција во Ирак и Авганистан со проширувањето на НАТО", изјавија вчера во Владата. НАТО не значи само реформи во одбраната, функционално демократско општества во кои функциони ...

Ние и досега работевме на зачленувањето во НАТО

Време - 12.09.2005

ВМРО-ДПМНЕ МУ ОДГОВОРИ НА СДСМ ВМРО-ДПМНЕ и досега во комуникација со меѓународните претставници и во секојдневното дејствување настапувала државнички и обмислено, водејќи сметка за интегрирањето на Македонија во НАТО. Така портпаролот на таа партија Александар Бичиклиски вчера одговори на поканата ...

Македонија згреши што тргна во јато

Време - 12.09.2005

ИЗЈАВИТЕ ОД НАТО ГО РАЗМРДАА СОБРАНИЕТО Комисијата за надворешна политика во Собранието деновиве ќе расправа за најавите дека НАТО ќе го замрзне проширувањето со нови членки до 2008 година. Теута Арифи, претседателка на комисијата, вели дека ова собраниско тело секоја година одржува седница ...

Проширувањето на НАТО да почека до 2008 година

Дневник - 12.09.2005

Јап де Хоп Шефер, ИСТОМИСЛЕНИК СО САД Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер го поддржа ставот на американските претставници дека приемот на балканските земји и евентуално на Украина во Алијансата би требало да причека најмалку две до три години.

Власта глуми изненаденост по шлаканицата од НАТО

Дневник - 12.09.2005

ВМРО-НАРОДНА Бранко Црвенковски, Бладо Бучковски и Министерот за одбрана Манасиевски нека не глумат оти се изненадени поради ладниот туш од НАТО. Никогаш меѓународните сили не зборувале дека Македонија ќе влезе во НАТО во 2006 година, изјави Ѓорѓи Трендафилов од ВМРО- Народна партија на вчерашната ...

Приказната на СДСМ е прочитана од НАТО

Вечер Прес - 12.09.2005

Високи претставници на НАТО никогаш не изјавувале дека Република Македонија ќе добие покана за членство во 2006 година и затоа изненадувањето на претседателот, премиерот и шефот на македонската дипломатија од одговорот од САД е инфатилно и наивно, рече Ѓорѓи Трендафилов, пратеник од ВМРО-Народна.