Лос Анџелес Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во американската сојузна држава Калифорнија, јавуваат американските медиуми. Епицентарот на земјотресот бил на околу 120 километри источно од Лос Анѓелес, во областа Сан Бернандино.
Џакарта Силен земјотрес со магнитуда од 5,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран синоќа на индонезискиот остров Суматра. Земјотресот предизвика паника кај локалното население, а жителите на градот Синабанг масовно ги напуштија домовите и канцелариите.
ТУНЧЕЛИ, 7 јуни (Ројтерс) - Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди источна Труција во 10.41 часот по локално време при што 37 луѓе беа полесно повредени и предизвикаа незначителни материјални штети.
ЗАВЧЕРА ВО ПРОВИНЦИЈАТА БИНЃУЛ Триесет и седуммина се лесно повредени, а неколку куќи и станбени објекти се оштетени во Турција вчера, кога источната провинција Бинѓул ја погоди земјотрес со интензитет од 5,7 Рихтерови степени, јави МИА.
Стразбур Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска брегот на Калифорнија, соопшти Опсерваторијата за наука на Земјата во Стразбур. Епицентарот на земјотресот бил на околу 200 километри западно од градот Еурека, на северот на Калифорнија.
Анкара Најмалку девет лица се повредени и повеќе куќи се урнати во земјотрес што претпладнето ја потресе источната турска провинција Бингол, јавија агенциите. Земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил со епицентар во местото, Карлиова на 900 километри југоисточно од Анкара.
Анкара Расте бројот на повредените во силниот земјотрес што денеска ја погоди источната турска провинција Бинѓул, јавија локалните медиуми. Според последните податоци, најмалку 37 лица се полесно повредени во утринското поместување на тлото.