Георгиевски во придужба на Бошковски, Самоилова-Цветаноска и Балкоски во Грција Голем број наши граѓани за првомајските празници се откажаа од патувањето во соседна Грција, стравувајќи од вирусот коксаки, но и предупредувањата на македонското Министерство за здравство да не се патува во оваа земја.
Бројот на патници кон Грција значително е намален поради „коксаки“ вирусот кој се појави во оваа земја. Нема чекање на граничните премини Богородица и Меџитлија, според извештајот на Автомото Сојузот на Макеоднија. Но, дел од владииниот врв не се плаши од „коксаки“ и замина на море.
Во последнните три дена нема нови случаи на заболени од „коксаки“ јавува грчаката канцеларија за врски. Со тоа оваа опасна заразна болест за која грчкиите здравенни власти официјално потврдија дека е од најопасниот вид од типот Б, е ставена под контрола.
Според Министерството за здравство Епидемиолошката состојба во Македонија е поволна и нема регистрирано заболувања со непозната етиологија или заболувања со симптоми слични на оние регистрирани во Грција, информира Министерството за здравство.
СПОРЕД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО Здравствените власти во Македонија вчера повторно ги предупредија граѓаните да не патуваат во Грција, каде што поради појава на смртоносниот вирусот коксаки во изминатите недели починаа шест лица.
Министерството за здравство денеска соопшти дека епидемиолошката состојба во земјата е поволна и оти нема регистрирани заболувања од непозната етиологија или заболувања со симптоми слични на оние што изминатите недели беа регистрирани во соседна Грција.