TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пет турски војници загинаа во експлозија на мина

Макфакс - 04.05.2007

Анкара Пет турски војници загинаа денеска во експлозија на мина во југоисточниот дел на Турција, соопштија воени извори кои за експлозијата ги обвинија курдските бунтовници. Уште 11 војници се ранети, од кои четири потешко, во експлозија што се случи кога нивното возило нагази на мина поставена од ...

Нападот во Анкара извршен со четири килограми експлозив

Макфакс - 03.05.2007

Анкара Нападот во трговски центар синоќа во Анкара во кој што загинаа шест лица, а беа повредени над 100, бил извршен со четири килограми пластичен експлозив А-4, јавија турските медиуми. Експлозивот бил внесен од Северен Ирак каде има бази на сепаратистичката Работничка партија на Курдите (ПКК), ...

Експлозијата во Анкара - терористички напад

Макфакс - 03.05.2007

Анкара Експлозијата што синоќа одекна во Анкара во која загинаа најмалку шест лица, а 80 се повредени, е терористички напад, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. “Сведоци сме на безобзирен терористички напад во Анкара во време кога на улиците имаше најмногу луѓе“, рече Ердоган.

СЕ го осуди нападот во Анкара

Макфакс - 03.05.2007

Брисел Советот на Европа(СЕ) денеска го осуди вчерашниот криминален напад во Анкара, кога шест лица загинаа, а 100 беа повредени. Генералниот секретар на СЕ Тери Дејвис изјави дека е згрозен од тој недоличен акт, извршен од криминалци.

Уапсена жена осомничена за нападот во Анкара

Макфакс - 03.05.2007

Анкара Жена за која се претпоставува дека е терорист самоубиец е уапсена денеска во градот Адана во јужна Турција, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори. Според полицијата, уапсената жена, која е активистка на Работничката партија на Курдите (ПКК) со себе носела четири ...

Силна експлозија во центарот на Анкара, има повредени

Макфакс - 02.05.2007

Анкара Повеќе лица се ранети во силна експлозија што се случи денеска во центарот на Анкара, јавуваат турските медиуми. Според истите извори, засега не е позната причината за експлозијата што се случи во многу фреквентниот дел на турската престолнина.

Неколку загинати во експлозија на бомба во центарот на Анкара

Макфакс - 02.05.2007

Анкара Неколку лица се убиени, а 30 се ранети во експлозија на бомба што се случи вечерва во центарот на Анкара, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк. Според истиот извор, многу возила на брза помош се упатуваат кон местото на експлозијата, но други детали не се соопштуваат.

Четворица загинати и 56 ранети во експлозија во Анкара

Макфакс - 02.05.2007

Анкара Четири лица загинаа, а 56 се ранети во експлозија што се случи вечерва во еден од трговските квартови во Анкара, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Квартот Улус, каде што се случила експлозијата, се наоѓа во стариот дел на Анкара, а таму обично во вечерните часови се собираат многу луѓе.