Најмалку шест лица загинаа при налетот на ураганот „Вилма“ низ мексиканските одморалишта на Карипското Море, на неговиот пат кон Флорида. Како што јави дописникот на МИА од САД, повеќе од 350.000 лица, претежно туристи, веќе втор ден се затворени во хотелите или засолништа во Канкун.
Педесет лица беа уапсени синоќа поради кражби во туристичкото место Канкун, кое во изминатиот ден беше погодено од ураганот Вилма, јавува дописникот на МИА од САД. Уапсените, според државниот обвинител на Куинтана Ро, пљачкосувале во продавници чии прозорци и излози биле искршени од налетот на ...
Ураганот „Вилма“ на мексиканско-карипското подрачје однесе најмалку шест човечки животи. Иако ослабна до втората категорија, ветриштата од 100 километри на час, брановите и поројните дождови предизвикале голема материјална штета.
Гувернерот на Флорида Џеб Буш денеска прогласи вонредна состојба поради наближувањето на ураганот “Вилма”, кој се очекува да стигне до јужниот дел на таа американска држава меѓу недела навечер и понеделник наутро. Гувернерот на Флорида Џеб Буш денеска прогласи вонредна состојба поради наближувањето ...
Ураганот „Вилма“, што се движи со брзина од 280 километри на час, ноќеска пристигна до бреговите на мексиканскиот полуостров Јукатан, предизвикувајќи обилни врнежи од дожд и бранови високи од пет до осум метри. Како што соопштија мексиканските власти, големите бранови го поплавиле познатото ...
КАНКУН, 22 октомври (Ројтерс) - Силни ветрови и дожд вчера ги погодија крајбрежните летувалишта во Мексико, а илјадници туристи се сместија во засолништа за да го избегнат ураганот Вилма кој ги погоди летувалиштата во Карипското Море движејќи се кон густо населениот јужен дел на Флорида.
Ураганот кој од метеоролозите беше опишан како екстремно опасен КАНКУН - Силните ветришта и обилните дождови вчера ги погодија мексиканските туристички локации, и илјадници туристи избегаа во засолништата за да се спасат од ураганот "Вилма°, кој на патот кон густо населената Флорида погоди ...
СИЛНО НЕВРЕМЕ Во МЕКСИКАНСКИОТ ЗАЛИВ Властите во Мексико, Куба и во американската сојузна држава Флорида евакуираат илјадници луѓе од областите на кои им се заканува ураганот Вилма, јави МИА. Вилма, кој завчера достигна петта категорија и беше посилен од кој било досега измерен ураган, вчера ...
УРАГАНОТ ЗЕМА ЗАМАВ Ураганот Вилма вчера продолжил да ита кон мексиканскиот полуостров Јукатан и кон крајбрежјето на САД, предизвикувајќи евакуација на десетици илјади жители и туристи, јави АФП. Дождовите предизвикани од ураганот вчера убиле најмалку десет жители на Хаити.
Евакуација пред уште едно катастрофално невреме Ураганот со ветришта со брзина од околу 270 километри на час се заканува на Мексико, Куба и на Флорида откако на Хаити уби десет лица Официјални претставници во Мексико, Куба и Флорида почнаа со евакуација на илјадници лица од областите на кои им се ...
по УРАГАНОТ ВИЛМА Музичката телевизија Ем-ти-ви вчера ја одложи церемонијата на доделување на своите "Video Music Awards Lati America" за 2005 година, што требаше да се одржи на мексиканското крајбрежје, поради ураганот Вилма.
Ураганот Вилма во текот благо ослабе и стана ураган од четврта категорија. Вчера Вилма, со ветер со брзина од 280 километри на час стана најсилен ураган некогаш регистриран над Атлантскиот Океан. Ураганот сега се приближува кон Куба, полуостровот Јукатан во Мексико и кон југозападниот дел на ...
Властите во Мексико, Куба и во американската држава Флорида објавија евакуација на илјадници лица од областите на кои им се заканува ураганот Вилма, кој има најголем интензитет досега регистриран, јави дописникот на МИА од САД.
УРАГАНОТ ДОСТИГНА ПЕТТА КАТЕГОРИЈА Ураганот Вилма, кој се движи низ Карипско Море, вчера бил прогласен за ураган од петта, највисока категорија. Со ветрови што дуваат со брзина од 282 километри на час, Вилма стана најсилниот ураган годинава, пострашен и од убиствените Катрина и Рита, јави МИА.
ВАШИНГТОН, 20 октомври (Ројтерс) - Ураганот Вилма, кој предизвика лизгања на земјиште и уби 10 луѓе на Хаити, доби на сила и стана бура од категорија 5 додека се движеше кон западна Куба и полуостровот Јукатан во Мексико. Со тоа Вилма стана најсилниот ураган во Атлантикот досега, посилен и од ...
НОВО НЕВРЕМЕ НА КАРИБИТЕ Ураганот Вилмам, кој предизвика лизгање на земјиштето на Хаити, во кое загинаа 10 луѓе, станува се посилен и веќе ја достигна највисоката - петта категорија, јави МИА. Според метеоролошката служба на Хондурас, Вилма, најсилен ураган годинава, веќе има брзина на ветерот до ...
Ново катастрофално невреме во Мексиканскиот Залив ВАШИНГТОН - Ураганот “Вилма° што предизвика лизгање на земјиштето од кое загинаа 10 лица на Хаити ја достигна катастрофалната петта категорија на невреме, како што се приближува кон западна Куба и мексиканскиот полуостров Јукатан. Рекордното 21.
Ураганот Вилма во Карипско Море се интензивира и утрово достигна највисока петта категорија. Според метеоролошката служба на Хондурас, Вилма е најсилниот ураган годинава со брзина на ветерот од 282 километри на час. Ураганот се движи кон Хондурас, Никарагва и Полуостровот Јукатан во Мексико.
ВАШИНГТОН (ДПА) - Првпат во досегашната историја целосно се исцрпи списокот на имиња за тропски бури во Атланскиот Океан. Со именувањето на тропската бура Вилма завчера наутро, списокот од 21 име кои беа употребени оваа година се исцрпи.