TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Услови за индексирање

TIME.mk ги индексира медиумите што ги исполнуваат условите подолу. Со нив се осигуруваме дека вестите на TIME.mk доаѓаат од активни и посетени медиуми и дека нашата програма може редовно и брзо да ги презема.

Медиумот

  1. Веб-страницата активно да работи минимум 6 месеци.
  2. Доколку страницата објавува дневно-политички вести, на видливо место мора да биде поставен импресум, а страницата да биде основана од правно лице.

Посетеност

  1. При аплицирањето да се достават Google Analytics извештаи за последните 3 месеци (3× .pdf).
  2. Во секој од последните 3 месеци страницата да има минимум 100 000 посети (session_start) месечно, односно во просек околу 3 000+ посети дневно.
    За страници со содржини од само една категорија (на пример: автомобили, храна, здравје, ракомет, технологија итн.): 50 000 посети месечно.

Содржина

  1. Да се објавуваат минимум 40 статии / вести месечно.
  2. Датумот и времето на објавување на статиите / вестите да бидат видливо прикажани.

Технички услови

  1. Да се достават одделни RSS канали за сите категории и поткатегории.
  2. Во RSS каналите да постојат линкови кон мали верзии на сликите од вестите.
  3. Веб-страницата да го поддржува протоколот HTTPS.
  4. Вестите и RSS каналите да се отвораат за помалку од 3 секунди.
Барањата за индексирање, заедно со извештаите, испратете ги на: