TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нови дополнителни верзии на time.mk

Почитувани посетители,


На денешен ден пред 12 години (1 Јули 2008) започна со работа time.mk.
Во последните 9 години не само што time.mk е најпосетуван веб сајт за пребарување вести
(и други информации како твитови, настани, тв емисии, јавни набавки, итн.),
туку воопшто е најпосетуван македонски веб сајт во Македонија со повеќе од:


  • 12 милиони посети месечно, или 400.000+ посети дневно, и
  • 35 милиони прегледи месечно, или 1.200.000 прегледи на неговите страници секој ден


Наша цел е на посетителите да им понудиме релевантни и објективни резултати, па затоа нашите топ вести
ги селектираме автоматски, со помош на алгоритми, без човечка интервенција и субјективен избор.


Не секогаш нашиот избор на теми и водечки вести ги задоволуваат сите посетители, што не е ни можно,
но секогаш сме се труделе тоа да бидат вести кои ќе ги задоволат интересите на најголем број посетители,
во што веруваме дека доста често сме успевале затоа што бројот на корисници постојано расте а постоечките корисници
се почесто го посетуваат time.mk за да дојдат до најновите топ вести од државата и светот.


За поголем избор, на корисниците им нудевме можност сами да ја изберат честотата на појавување
на одреден веб сајт, но според анализите на тоа како корисниците ја користат персонализацијата, увидовме дека
истата ретко ја користат, на многумина им е комплицирана, на некои воопшто не им работи
поради политиките за зачувување cookies или пак истата ја користат само како филтер за веб сајтови.


Поради тоа, денес покрај стандардната верзија која ќе продолжи да работи како и досега,
воведуваме уште три нови верзии на time.mk како дополнување на стандардната верзија,
сé со цел посетителите да бидат максимално информирани.


Во првата верзија () рангирањето на темите е исто како и досега, но тука лидер на темата секогаш е најновата вест,
без разлика веста од кој веб сајт доаѓа и дали е копија на друга вест. Вестите се сортираат хронолошки.
Во стандардната верзија () не секогаш најновата вест е лидер на темата.


Втората () и третата () верзија се креирани користејќи агрегирани персонализирани
подесувања на голем број корисници (17.000+) поделени во две групи.


Доколку одберете одредена верзија, кликнувајќи на едно од , тековната посета ќе го задржи тој избор
и истиот секогаш ќе биде видливо обележан, но во секое време можете да се вратите на стандардната верзија
со кликање на . Сите четири верзии функционираат на десктоп и на мобилната верзија на time.mk.


Се надеваме дека користејќи една од сега веќе четирите верзии на time.mk, ќе ги пронајдете вестите кои се од Ваш интерес.


Ви благодариме на довербата,
Тимот на time.mk


1 Јули 2020