Во просек во Македонија секој ден се случуваат најмалку три (пријавени) кривични дела семејно насилство со најмалку три жртви на овој вид насилство, покажа денешната анализа на МВР, на чија презентација беше и министерот Панче Тошковски.
Пратеничката Моника Зајкова очекува денеска, доколку биде доработен предлог-законот за електронска нараквица, тој да биде поднесен во Собранието. Ова е третпат Зајкова да иницира законско решение со кое насилниците ќе носат електронска нараквица за следење, а жртвите ќе добијат ...
Во првите десет месеци од 2026 година во полицијата се пријавени 1.897 настани поврзани со семејно насилство, наспроти 1.125 во истиот период лани. Тоа е зголемување од околу 69 проценти, покажуваат податоците презентирани на брифинг во Министерството за внатрешни работи.
Со новото законско решение се предвидува воведување можност за употреба на електронски алки, како и проширени овластувања со кои полицијата ќе може многу побрзо и поефикасно да интервенира во случаи на насилство.
Жените, мајките и ќерките мора да се чувствуваат најбезбедно во сопствениот дом, а институциите имаат обврска да преземат сè што е во нивна моќ за да ја гарантираат нивната заштита. Ова го истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за телевизија Сител, ...