Бадник е ден исполнет со тишина, топлина и длабока симболика. Тоа е вечерта кога домовите се собираат околу посната трпеза, а срцата се подготвуваат за најрадосниот христијански празник – Божик.
Бадник и Божиќ и оваа година, на 6 и на 7 јануари, ќе ги соберат православните верници прво на домашни трпези, а потоа и во црквите, во исчекување на радосната вест за раѓањето на Христос.
За верниците од христијанска вероисповед Божиќ е еден од трите најголеми празници кога според христијанското верување роден е Синот божји Исус Христос. Христијанските верници кои се раководат според јулијанскиот календар Божиќ го одбележуваат на ...