Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан реагираше на социјалните мрежи на веста дека неговиот помлад брат, Арон Орбан, можеби е приведен во акција организирана против трговијата со луѓе. Според Виктор Орбан, оваа конфронтација е средство за одвлекување на вниманието, додека ...
Арон Орбан, помладиот брат на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, денеска е приведен под сомнение за криумчарење луѓе, објави унгарскиот премиер Петер Маѓар на својот профил на Фејсбук, повикувајќи се на медиумски информации.
Унгарската полиција го привела братот на поранешниот лидер Виктор Орбан, сподели премиерот Петер Маѓар. „Според соопштение за медиуми, Арон Орбан е приведен под сомнение за трговија со луѓе“, напиша Маѓар на Фејсбук.