Во изминатите 24 часа, најголема количина на врнежи е измерена во Претор каде наврнаа 66 литри на метар квадратен. Следуваат Крушево со 37 литри, Битола со 30, Прилеп 26 и Маврови Анови 25 литри.
Денес (Петок 21 Ноември) целата територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд и силниот ветер од јужен правец кој повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Наместа врнежите утре ќе бидат со количина над 30 литри на квадратен метар во период за 24 часа. Ќе има услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер од јужен правец, со брзина од над 60 киометри на час.