Последниот пат кога ја видов, таа повторно почна да се искачува по тој рид. Лазар пиеше вода, а јас бев до него цело време, гледајќи го. Кога ја кренав главата, Данка повеќе не беше таму , сведочеше низ солзи Ивана Илиќ на судењето за убиството на двегодишното девојче во Србија.
Нови сведочења и противречности го одбележаа судењето на Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ, која исчезна на 26 март 2024 година во Бањско Поле, Србија. По родителите на девојчето, Ивана и Милош Илиќ, пред судот сведочеа и членови ...
За време на вчерашното судење за убиството на двегодишната Данка Илиќ, вниманието го привлекоа и деталите што обвинетите Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ ги изнесоа зборувајќи за потрагата по исчезнатото девојче.
Во Вишиот суд во Неготин започна судењето по опвинение за тешко убиство на двегодишната Данка Илиќ. Во делот од постапката отворен за јавноста, првообвинетиот Дејан Драгијевиќ ја изнесе својата одбрана и ја негираше вината.