Тоа што секој сака да ви го прикаже на социјалните медиуми во суштина не е вистинскиот живот, им кажа премиерот Христијан Мицкоски на студентите за време на обраќањето на првиот академски час на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.
Премиерот им порача на професорите да им го пренесат своето знаење на младите, да бидат нивни педагози и нивeн пример во животот. Вистинскиот живот е борбата којашто ве чека, борбата за вашето семејство и борбата за вашата родна земја Македонија.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, од каде упати порака до студентите за значењето на образованието, стекнувањето знаење и личниот развој.