Јапонската марка отсекогаш важеше за специјалист за малечки, издржливи и практични автомобили. Токму тие вредности денес добиваат нова тежина, во време кога светот сé почесто седнува зад волан на автомобил на струја.
Третата генерација на моделот за првпат преминува целосно на електричен погон и е развиен врз основа на компактниот модел e-Sky кој е наменет за јапонскиот пазар. Новиот Ignis е за нијанса поголем од e-Sky, со должина од 3570 мм, 1565 мм широчина и 1635 мм висина.
Suzuki Ignis за 2027 година е електричен градски автомобил со 90 КС и досег до 310 км. Suzuki го оживеа името Ignis за нов електричен градски автомобил кој изгледа многу слично на неодамна претставениот модел e Sky за јапонскиот пазар.