TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Гостиварци на пеколни температури се уште без вода за пиење, стравуваат од заразни болести

24 Вести - пред: 3 часа

Флашираната вода најбаран прозивод во гостиварските маркети, а редиците пред цистерните со вода вообичаена слика Стравот од заразни заболувања,по информациите за фекална контаминација на водата, сè уште е присутен.

За две недели 4.374 пациенти побарале лекарска помош – водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење

ТВ21 - 30.07.2026

Според податоците на Министерството за здравство за состојбата во Гостивар на 29 јули, 73 пациенти побарале лекарска помош, а четворица биле хоспитализирани. Воедно, во Здравствениот дом во Гостивар се регистрирани уште 28 нови прегледи во дежурната служба.

Над 4.300 гостиварци побараа лекарска помош, забраната за пиење вода останува на сила

Трн - 30.07.2026

Регионалниот центар за јавно здравје регистрираше зголемен број прегледи, а надлежните апелираат граѓаните да ја провриваат водата. Вкупно 4.374 пациенти со стомачни тегоби побарале лекарска помош во здравствените установи во Гостивар во изминатите две недели.

Се смирува епидемијата во Гостивар, водата и натаму не е безбедна за пиење

24 Вести - пред: 9 часа

Се смирува епидемијата во Гостивар. Водата и натаму не е безбедна за пиење. И последните резултати тоа го покажуваат, во гостиварската вода има опасни бактерии. Од Кризниот штаб предупредуваат дека водата не е за пиење и за готвење, и дека може да се користи само за техничка ...

Под “лупа“ на финансиската полиција проектот за водоснабдување во Гостивар

24 Вести - 31.07.2026

Се обезбедува документацијата и се вршат проверки кои се однесуваат на реализацијата на проектот за водоснабдување во Гостивар и ќе се утврдуваат евентуални неправилности - официјално потврдуваат од Управата за финансиска полиција за Телевизија 24.