Општина Кавадарци продолжува со активности за подобрување на локалната инфраструктура и создавање подобри услови за секојдневно движење на граѓаните. На крак од улицата „12 Другари“ во тек се работи на тампонирање во должина од 150 метри, со што се подобрува пристапноста за ...
Во тек се градежни активности за изградба на нова атмосферска канализација на улицата „Илчо Димов“ во должина од 150 метри, со што Општина Кавадарци продолжува со реализација на проекти за подобрување на комуналната инфраструктура.
Екипите на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци континуирано работат на санација и враќање во првобитна состојба на сите прокопи на територијата на општината, кои настанале при интервенции на подземната инфраструктура.