Мицкоски, во одговор на новинарско прашање, рече дека ќе ги прифатат сите барања и забелешки што доаѓаат од опозицијата, освен нивното противење во измените на Законот да влезе можноста дијаспората на следните претседателски избори да гласа по електронски пат, на што инсистира ...
Дента кога требаше да се потпише предлогот и да се достави до пратениците, ставот на таа политичка партија беше дека тие нема да се потпишат, дека нема да го бојкотираат, нека си го донесат другите политички партии, но тие нема да се потпишат – рече Мицкоски.
Христијан Мицкоски вчера тврди дека опозицијата го блокира Изборниот законик затоа што е „уплашена од успесите на Владата“. Изгледа дека почна да верува на сопствените лаги, велат од СДСМ. „Ќе му одговориме со факти, а не со пропаганда.
Премиерот Мицкоски во објава на социјалните мрежи реагираше на најавените блокади на измените на Изборниот законик од страна на опозицијата. Според Мицкоски, мотивот зад ваквите блокади на неговите политички опоненти и нивните коалициони партнери е страхот од позитивните ...
„Истите тие кои ја крадеа, распродаваа и понижуваа Македонија, сега грчевито се борат да ја блокираат. Исплашени се дека, по декемврискиот извештај, сега и во јунскиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите од Западниот Балкан повторно ќе бидеме најдобри… Но, ...