Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и натаму продолжува да се бави со кадровските промени на опозициската СДСМ, овој пат со назначувањето на Александар Трајановски за потпретседател на партијата. Исто така, повторно побараа оставка од Венко Филипче.
Нов потпретседател на СДСМ е . Предлогот тој да биде на оваа функција откако претходно поднесе оставка од функцијата потпретседател на партијата, го подржа Извршниот одбор, а останува уште Централниот одбор да ја изгласа одлуката.
„Реформите и напредокот во СДС, не се во прв план на Филипче. На него во прв план му е реализацијата на зацртаните планови кои му ги наредува менторот Заев“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче продолжува да биде спотер на Заев и да се потпира на кадри кои се сметаат како дел од политичкиот круг на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче кадровските решенија во СДС ги носи под значително влијание на Заев.