Понеделник (29 декември) носи стабилно време низ земјава, со многу сонце, но и со изразено студено утро. Во котлините ќе има услови за појава на магливост/измаглица и слаб мраз, па најкритичен ќе биде првиот дел од денот – особено за сообраќај и ...
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 6 степени. Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео аларм за денеска, 28 декември 2025 година, поради појава на засилен до повремено силен ветер од северен правец, кој на одредени места ќе надмине 60 километри на час.
Најниска температура од -8 степени Целзиусови утринава е измерена во Берово, а речиси секаде во земјава се измерени минусни температури со исклучок на Попова Шапка каде живата во термометарот покажуваше 0 степени.
Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, јавува УХМР. Во Скопје, сончево со мала облачност.
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.