ВО ФРАНЦИЈА, нарко-бандите што регрутираат малолетници се во пораст. Во еден случај, Французинка, откако штотуку купила хашиш од дилер, решила да се јави во полиција. Причината била белешка дека младиот продавач, за време на кратка средба во станбена област во Марсеј во 2022 ...
Според официјалните податоци, во текот на 2025 година, повеќе од 10.000 деца биле вклучени во мафијата. Бандите регрутираат млади луѓе од цела Франција, не само за продажба на дрога туку и за киднапирање, мачење и за убиства.
Шокантна новинарска истрага на Би-Би-Си открива како криминални организации во Франција регрутираат малолетници преку социјалните мрежи, ветувајќи им брза заработка, луксузен живот и илјадници евра. Наместо тоа, децата завршуваат во свет на дрога, насилство, уцени и убиства.