ЈСП „Скопје“ почна со сервисирање на жичницата на Водно. Се врши темелна реконструкција на кабините, а моторот е пратен на репарирање. Според договорот објавен на страната на Бирото за јавни набавки сервисирањето го врши производителот, австриската фирма „Допелмаер“ и ќе чини ...
Ја обновуваме жичницата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед! – ветува скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, откако ја затвори во мај, годинава. Жичницата е едно од омилените скопски доживувања.
Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град, вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно. „Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град.