Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР, вели градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски по вечерашниот инцидент во кој беа запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“.
Само пет дена откако во Скопје биле поставени нови контејнери, тие биле запалени, предизвикувајќи револт кај граѓаните. На социјалните мрежи се појави остра реакција на инцидентот, со критики за несовесното однесување на дел од граѓаните и уништувањето на јавната опрема што ...