Истражувањето „ГЛОБСЕК трендс 2026“ покажува и сериозна недоверба во Вашингтон. Во просек, 35 отсто од европските испитаници ги сметаат САД за безбедносна закана, а Германија е единствената анкетирана земја во која ваков став има мнозинството граѓани, односно 52 отсто.
Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската Унија да формира своја армија, покажуваат резултатите од нова анкета. Истражувањето открива растечка загриженост за доверливоста на Вашингтон и длабоки поделби околу руската војна во Украина.