TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Откако Трифун му побара извинување, Хајредини му врати: Нема причина за да го направам тоа!

Скопје1 - 14.07.2026

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини одговори на реакцијата на бизнисменот Трифун Костовски, кој побара јавно извинување поради неговата изјава поврзана со случајот „Еуростандард банка“. „Г. Трифун, јас не гледам причина за извинување“, напиша Хајредини на ...

ОЈО ГОКК до Костовски: Обвинувањата да ги докаже на суд

24 Вести - 13.07.2026

Не коментираме лични ставови или квалификации изнесени од лица опфатени со конкретни предмети. Јавното обвинителство реагира отркако бизнисменот и поранешенн сосптвеник на Еурстандард банка, Трифун Костовски, обвини дека е жртва на прогон.

Трифун Костовски со неверување ја читал изјавата на Хајредини: Ако е ваша изјавава, разочаран сум

Скопје1 - 13.07.2026

Бизнисменот Трифун Костовски преку соопштение реагираше на изјавата на поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, во која, осврнувајќи се на неговата изјава „Ми крадете од животот што не сте ми го дале“, рече: „Како што ти им крадеше од животот на штедачите на твојата ...

Трифун Костовски до Џевдет Хајредини: Доколку изјавата е Ваша, очекувам јавно да ја повлечете и да ми се извините

Либертас - 13.07.2026

Реакција на изјавата на Џевдет Хајредини: Почитуван господине Хајредини, Во порталот „Скопје1“ е објавена Ваша изјава во која, осврнувајќи се на моите зборови „Ми крадете од животот што не сте ми го дале“, велите: „Како што ти им крадеше од животот на штедачите на твојата банка.

Костовски се пожали дека му крадат од животот кој не му го дале, Хајредини му врати: Како што им крадеше од животите на штедачите

Скопје1 - 12.07.2026

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини упати остра порака до бизнисменот Трифун Костовски, реагирајќи на неговата неодамнешна изјава до обвинителката Катерина Коларевиќ: „Ми крадете од животот што не сте ми го дале“.

Костовски: Почнувам отворена битка против институциите

Бизнис Вести - 12.07.2026

Бизнисменот Трифун Костовски жестоко реагираше откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека ја завршило истрагата за стечајот на Еуростандард банка и поднело предлог за поведување судска постапка против четири лица, меѓу кои и него.

Костовски по обвинението за „Еуростандард банка“: Немав интерес банката да пропадне

Рацин - 12.07.2026

Бизнисменот Трифун Костовски, кој е меѓу обвинетите во предметот за стечајот на „Еуростандард банка“, преку објава на социјалните мрежи ги отфрли наводите во обвинението, оценувајќи дека не постои логика да биде обвинет за несовесно работење во институција во која, како што ...