„На прашање на претседателот на Владата, во разговорот му беше кажано истото она што вчера беше јавно објавено од обвинителството во медиумите – дека предметот не е рефериран во републичкото обвинителство и дека државниот јавен обвинител за одлуката ...
Од Јавното обвинителство соопштија дека премиерот Христијан Мицкоски телефонски стапил во контакт со државниот јавен обвинител Ненад Савески, но нагласија дека одлуките во предметот за набавките на мазут ги носи надлежниот обвинител за организиран ...
„Јас со неверување ја слушнав таа вест, бев шокиран од тоа што го слушнав. Добро е што АД ЕСМ, кога ќе ја добие одлуката, ќе вложи жалба. Очекувам дека случајот повторно ќе биде вратен на преразгледување и повторна анализа“, изјави Мицкоски.
Советот на јавни обвинители ќе побара објаснување од државниот јавен обвинител Ненад Савески, откако премиерот Мицкоски денеска рече дека разговарал со него за запирање на постапката за конкретен предмет – набавката на мазут за ТЕЦ „Неготино“.