Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков синоќа на средба во Брисел ги информирал колегите за претепаниот секретар на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков и побарал од нив солидарност и однос по ова прашање.
Во интервју за бугарската БТВ министерот Бујар Османи вели дека за него е битно само тврдењето на Пендиков и неговото семејство дека причина за нападот е етничката припадност, без разлика дали истрагата ќе утврди други околности.
Иако бил фатен со кокаин, Христијан Пендиков немал мерки за обезбедување. Од обвинителството појаснуваат дека поради малата количина на дрога која била пронајдена кај него, обвинителите не побале ниту мерка притвр ниту одземање на патната исправа.
Додека Бугарите во Македонија не бидат заштитени, Македонија нема да ги почне преговорите Европската унија, порача заменик-министерката за надворешни работи Велислава Петрова во студиото „Бугарија во живо“.
Премиерот Димитар Ковачевски, коментирајќи го инцидентот во Охрид кажа дека не оправдува насилство од било каков тип и ќе се спротивстави и на провокации кои доаѓаат од дома или надвор. Тој рече граѓаните да останат мирни и разумни, но не и наивни.