Народната банка ги спровела сите неопходни проверки пред да даде согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на српската АЛТА банка, а добиените информации од домашните и странските институции не укажувале на пречки за одобрување на трансакцијата.
За да биде успешна јавната аукција за продажба на Алта банка АД Битола, на истата треба да учествуваат најмалку две банки. Според досегашните официјални информации интерес за купување на Банката има од шест банки, од кои две се домашни.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската надзорна расправа за АЛТА банка АД Битола ги отфрли обвинувањата дека посредувал во продажба на банката и порача дека неговото вклучување е обид да се најде решение за вработените, доверителите и клиентите.