По обилните врнежи кои ја зафатија територијата на Република Северна Македонија во изминатиот период, надлежните институции информираат дека состојбата до 12:30 часот е главно стабилизирана, без поголеми нарушувања во редовното функционирање.
Во Демир-Хисар, поради оштетување на мост над Боишка Река, локалниот пат за село Мренога е затворен за сообраќај Последниот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК) до 12:30 часот укажува дека состојбата по обилните врнежи во земјава ...
Во Крушево, поради поројните врнежи, водата за пиење е заматена и се препорачува превривање најмалку 10 минути. Нивото на Црна река кај селото Бучин е покачено, но водата се повлекла од местата каде претходно имало излевање.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) објави нов пресек на состојбата по обилните врнежи од дожд, наведувајќи дека штетите од поплавите сè уште се санираат, а екипи на терен интервенираат во повеќе региони.