Националната установа Центар за култура, организатор на меѓународниот фестивал „Музика од светот“, синоќа беше домаќин на уметници од Шпанија, а вечер на големата сцена ќе ги промовира членовите на групата Мартеница од Турција.
Вечерва, 28. Ноември, во Центарот за култура -Битола, во 20 часот, групата од Турција „Мартеница“, што ги спојува балканските мелодии и макамските мотиви со современ музички израз, ќе настапи на 18. Фестивал на музика од светот.
Вечерва на сцената на Народниот театар во Битола во рамките на третиот ден на 18. по ред Фестивал на музика од светот настапи шпанскиот состав “Sarsalé“, кој негува страст, ритам и експресивен танц и ја донесоа енергијата на шпанското фламенко во Битола.