Во текот на наредната седмица, односно во периодот од 30 ноември, па се до 7 декември целиот Балкански Полуостров, вклучувајќи ја секако и Македонија ќе бидат под влијание на поларен антициклон (поле со висок воздушен притисок).
Силен продор на арктички воздух од север ќе донесе значително заладување во голем дел од Европа, а температурите до крајот на неделата на одредени места би можеле да бидат од 5 до 15 Целзиусови степени под просекот за овој период од годината.
