Во својот отчет за една година мандат, тој ги спомена сите проекти за кои во изминатите месеци неколкупати говореше, но повторно не одржа брифинг со новинари каде медиумите би можеле да постават прашања вон неговата агенда на проекти со кои требаше да се пофали.
Проверено - Скопје инфо - +инфо - Вечер Прес
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по повод една година од преземањето на функцијата, објави видео на Фејсбук во кое се осврна на сработеното во изминатиот период и проектите што биле реализирани во главниот град.
Забрзано работиме на булеварот „Македонија“. Тоа е првата подземна сообраќајница во Градот Скопје. Иако не го ветив во мојата програма: до крајот на мојот мандат Скопје ќе ја добие својата прва подземна сообраќајница.